fbpx
Таг: Здрава Котлина

таг: Здрава Котлина

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, половина од мерните станици не работат

Скопје е повторно меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот. Вредностите на ПМ 10 честичките денеска, според страницата IQAir, се оценети со 153 на скалата на AQI индексот за квалитет на воздухот, според кој вредностите од 150 до 200 се сметаат за нездрави за целата популација. Препораките во вакви случаи се задолжително да се носи маска надвор од...

Општина Ново Село го искажа својот став: eдногласно против рудниците Иловица – Штука

Советот на Општина Ново Село на последната 33 седница едногласно донесе одлука против отворање на рудникот во Иловица и Штука. Советниците од Ново Село ова прашање го поставиле како прва точка на дневниот ред, само еден ден откако нивните колеги од Босилово ја прекинаа седницата и не отворија расправа за рудниците. „Постојат и друг вид на претседател на Совет и...

Советот на Босилово повторно не одлучуваше за рудникот „Иловица-Штука“, седницата прекината без образложение

Седница на Советот на Општината Босилово била одложена без образложение за советниците, а две точки поврзани со отворање рудници во овој крај повторно не се најдоа на дневен ред. Екологистите велат дека претседателот на Советот, Мито Андонов самиот одлучил воопшто да не ја започне седницата, а на советниците им ја заклучил и вратата од зградата. Ова е прва седница...

Министерката Шукова ќе присуствува на протестот против рудникот Иловица-Штука

Министерката за животна средина Каја Шукова ќе оди на утрешниот протест во Струмица, организиран од граѓанското здружение „Здрава Котлина“, против отворање на рудникот Иловица-Штука. Министерката денеска изјави дека лично е против отворање на рудник во земјоделски крај и дека производството на храна секогаш треба да биде приоритет во однос на високо загадувачки индустрии. „Утре ќе бидам во Струмица и ќе се...

„Здрава котлина“ организира протест на 15 јули против рудникот „Иловица –Штука“

Жителите на трите општини од југоистокот - Струмица, Босилово и Ново Село на 15 јули ќе организираат протест откако Управниот суд ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од концесиите, а потоа Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“. Граѓанската организација „Здрава котлина“ ги повика граѓаните,...

Владата ги спои концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, жителите најавуваат протести и тужби

Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“ и на тој начин повторно отвори пат за реализација на намерите за ископување на злато и бакар во Струмичката котлина. Претходно, Управниот суд во февруари годинава ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од концесиите, откако Вишиот Управен...

За рудникот „Иловица-Штука“ ќе има трето судење, екологистите велат природата ќе ја бранат со живот

Вишиот Управен суд ја поништи пресудата на Управниот суд за конечно одземање на концесијата на „Еуромакс ресурсис“ за експлоатација на рудникот „Иловица-Штука“ и по жалбата на компанијата, предметот го врати на повторно судење. Одлуката, Вишиот управен суд ја донел во октомври, а беше објавена деновиве. Со ваквото решение продолжува пинг-понг партијата помеѓу Управниот и Вишиот Управен суд, со оглед на...

Екологистите бараат Вишиот управен суд да донесе одлука и да го затвори случајот со рудникот Иловица-Штука

Вишиот управен суд што побрзо да донесе одлука и конечно да го затвори случајот со рудникот Илoвица – Штука бараат еколошките активисти од југоистокот на земјава. Откако во март годинава беше објавена одлуката на Управниот суд со која се отфрли жалбата на компанијата „Еуромакс ресурсес“ и се потврди одземањето на концесијата, екологистите од Ново Село, Босилово и Струмица се...

„Здрава котлина“ на протест пред Виш управен суд: Бараат конечна одлука за рудникот „Иловица-Штука“

Граѓански активисти од организацијата „Здрава котлина“, поддржани од граѓани на Скопје и други градови, денеска одржаа протест пред Вишиот управен суд, барајќи конечно решение за случајот рудник „Иловица-Штука“. Екологистите побараа да престане префрлувањето на предметот од Управниот до Вишиот управен суд и да се донесе дефинитивна одлука со која ќе се затвори случајот. Тие сметаат дека е беспредметно да продолжат...

Управниот суд ја потврди одлуката на Владата да се одземе концесијата за рудникот „Иловица-Штука“

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад. Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ во ноември поднела нова...

„Здрава котлина“ ја одби поканата на „Еуромакс Ресурсес“: рудник нема да има, нема што да мониторираме

Екологистите од „Здрава котлина“ ја одбија поканата на компанијата „Еуромакс Ресурсес“ што сака да го копа рудникот Иловица-Штука, за работна средба и формирање на независно мониторинг тело. Тие за возврат ја повикаа компанијата на дијалог и тоа пред камери, во кој ќе ги спротивстават ставовите и фактите, дали треба или не, да има рудник во струмичко. „Еуромакс Ресурсес“ вчера во...

Ана Петровска разрешена од Државниот инспекторат за животна средина, бурни реакции од граѓанските организации

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска е разрешена од функцијата. На денешната седница на Владата на нејзиното место е именуван Сретен Стојковски, кој доаѓа од Министерството за животна средина. Петровска, како кадар на партијата ДОМ, на позицијата во Инспекторатот дојде во октомври лани, од Министерството за животна средина, каде што од 2018 година ја обавуваше функцијата...

Потврдено одземањето на дозволата за рудникот Иловица-Штука, „Еуромакс“ ќе се жали

Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен уште еднаш ја потврди одлуката за одземање на дозволата за експлоатација на канадската компанија „Еуромакс“ за концесијата Иловица 6 на рудникот Иловица-Штука. Одлуката следува откако Вишиот Управен суд во ноември ги отфрли жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“...

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во...

Вишиот Управен суд донесе одлука за рудникот Иловица-Штука, но не се знае што пресудил

Вишиот Управен суд донесе одлука во предметот за рудникот Иловица-Штука, но нејзината содржина останува непозната за јавноста. Одлуката, како што потврдија од оваа институција за Мета, е донесена на 20 ноември. Сепак, таа сè уште не е објавена на веб страната на судот, каде што се објавуваат сите одлуки на оваа институција. Од Судот не одговорија на нашето прашање...

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот сè уште се наоѓа...

Додека се чека одлуката на Вишиот управен суд, не запираат протестите против рудникот во Иловица и Штука

Протестите против отворањето на рудник за бакар и злато во близина на струмичките села Иловица и Штука нема да запрат сѐ додека Вишиот управен суд не донесе конечна одлука, најавуваат од здружението „Здрава котлина“. Откако и државата и канадската компанија „Еуромакс“ минатиот месец ја обжалија одлуката на Управниот суд, со која ја поништи одлуката на Второстепената државна комисија за...

„Ова е лудост“, порачуваат борците против рудниците на југоистокот по предизборните ветувања за нови концесии

Загриженоста кај активистите против рудниците на југоистокот на државата се зголеми откако предизборната кампања ги исфрли на површина ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ за развој на рударски капацитети во земјата, содржани во нивната предизборна програма. Во програмата се наведува како приоритетно отворањето на пет рудници: Лојане-Липково, Кадиица-Пехчево, Плавица, Тајмиште и Стогово. Во Изборната програма на партијата меѓу другото стои дека: „Само...

„Здрава Котлина“ утре ќе организира протест против одлуката на Управниот суд за Иловица

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат првиот протестен собир против...

В сабота мирен протест „за потсетување и охрабрување“ на владата за Иловица

Активистите на „Здрава котлина“ од Струмица денес ги повикаа жителите на струмичкиот крај, како и скопјани да им се придружат на протест пред Владата в сабота, 23 ноември, во 12 часот поради тоа што „сè уште се одложува конечното решение на проблемот со рудникот за бакар и злато Иловица“. Во јули 2019, Министерството за економија го одби барањето за дозвола...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...