fbpx
Таг: затвореници

таг: затвореници

Совети на Кривичен суд ќе утврдуваат кој исполнува услови за амнестија

Основен суд Скопје 1 формирал совети кои треба да утврдат дали одредени осудени лица за кои е надлежен овој Суд ги исполнуваат условите од Законот за амнестија, потврди претседателот на Судот, Иван Џолев на брифинг со новинарите. Тој рече дека бил информиран оти до Судот денеска од затворите стигнале помеѓу 50 и 100 вакви барања, а дека со актот за...

Омбудсман: Дел од затворениците не гласаа поради истекот на важноста на личните карти

Од канцеларијата на народниот правобранител реагираат дека, како и за гласањето во првиот круг на локалните избори, така и денеска, дел од затворениците не гласале поради истекот на важноста на нивните лични карти. Советникот на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, рече дека управата на затворот „Идризово“ не води сметка за тоа кога треба да им ги обнови личните карти. „Кога ќе дојдат...

Кампањата за локалните избори заврши, гласаат затворениците, болните и раселените

За вториот круг на локалните избори, кој ќе се одржи утре, денеска, од 7 до 19 часот ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи. Денеска, исто така, ќе гласаат и осум гласачи кои се водат како внатрешно раселени,...

Гласале 70 отсто од затворениците, ДИК ќе утврдува дали некои биле спречени да гласаат

Одѕивот на затворениците во казнено-поправните установи на гласањето за локалните избори што се одржа денеска, еден ден пред изборите, според првичните податоци на Државната изборна комисија е меѓу 68 и 70 проценти. До ДИК нема пријави за инциденти на избирачки места, изјави вечерва портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска. За информациите дека дел од затворениците во затворот во Издризово не успеале...

ДИК: Гласањето на болните, затворениците и на раселените лица се одвива без проблем

Гласањето на болните, изнемоштените и на раселените лица, како и на затворениците во казнено-поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска. - Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот. На ден пред...

Денеска гласаат затворениците, болните и раселените

Денеска, еден ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во своите домови, а избирачите...

Владата подготви закон за амнестија

Владата на својата денешна, 28. седница, го разгледала и го усвои предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во Владата да ги обезбедат условите за увид во предлог-текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност, соопшти владината служба за информирање. Предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален...

Убиени 37 затвореници во затвор во Венецуела

За време на упадот на владините безбедносни сили во затворот во венецуелскиот град Пуерто Ордас се убиени 37 затвореници. Активистите за човекови права веќе подолго време предупредуваат дека насилните банди вежбаат „одржување контрола“ на повеќето хаотични затвори во оваа земја, како и дека имаат пристап до автоматско оружје и рачни гранати. Владата се обидува повторно да воспостави контрола над затворите со...

Сирија: Обвинувањата на САД се нов холивудски заговор

Сириската влада соопшти дека обвиненијата на САД за масовни убиства на затвореници и за користење крематориуми за уништување на телата се целосно невистинити. Министерството за надворешни работи на Сирија соопшти дека наводите претставуваат „нов холивудски заговор“ чија цел е да се оправда „агресијата и интервенцијата“ на САД. Изјавата доаѓа два дена откако американскиот Стејт департмент ја обвини владата на сирискиот претседател Башар...

Сириската влада е подготвена за размена на затвореници

Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои држат бунтовници. Неименуван претставник, за сириската телевизија, изјавил дека понудата е дадена во пресрет на дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана. Владата и бунтовниците минатата недела разменија десетина лица, вклучувајќи жени и деца, кои бунтовниците со години ги држат во...

АИ: Во затвор на сирискиот режим, за пет години погубени 13.000 луѓе

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенл“ (АИ) денеска објави дека во затворот „Саједнаја“ на сирискиот режим, во последните пет години со бесење биле погубени 13.000 лица. Извештајот на невладината организација под наслов „Човечка кланица: масовни бесења и истребувања во затворот Саједнаја“, е составен врз основа на сведочења на 84 очевидци, меѓу кои имало чувари, осуденици и судии. Според АИ,...

Повеќе од 600 затвореници не можеле да го остварат своето право на глас

Повеќе од 600 затвореници, односно 30 проценти од вкупниот број, не можеле да го остварат своето право на глас бидејќи немале важечки биометриски документи, јавува телевизија „Телма“. Проблемот настанал при организација на продолжување на рокот на важност на личните карти, при што институциите вината си ја префрлале едни на други. Увид во ситуацијата направиле и претставници на Државната изборна комисија и на...

ДИК: Гласањето во дијаспората тече во најдобар ред

„Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. На овие гласачки места, своето избирачко право ќе можат да го остварат 2.015 гласачи. Во текот на денешниот ден ќе гласаат и лицата кои се наоѓаат во центрите за внатрешно раселени лица, а такви гласачи има вкупно 13. Во своите домови...

Убиени 25 затвореници при немири во затвор во Бразил

Најмалку 25 затвореници се убиени во затвор на североистокот на Бразил при судир на две ривалски банди. Како што јавуваат локалните медиуми, на шест од убиените им е отсечена главата, а телата им се запалени. За време на судирот во затворот во бразилскиот град Боа Виста, повеќе од 100 членови на семејствата на затворениците се земени како заложници, од кои повеќето...

САД ќе префрлат 15 затвореници од Гвантанамо во ОАЕ

Соединетите Американски Држави (САД) ќе префрлат 15 лица од затворот во Гвантанамо, Куба во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), што е најголем трансфер на затвореници од озлогласениот затвор за време на мандатот на претседателот Барак Обама, пренесува „Би-би-си“. Како што соопштиле од Пентагон, станува збор за 12 државјани на Јемен и тројца Авганистанци. Со ова бројот на затвореници во Гвантанамо во...

Иванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Со одлуката, 43 помилувани лица, сите македонски државјани, делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци. Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на...

При судир во затвор во Гватемала загинаа 13 затвореници

Најмалку 13 затвореници загинаа во судир во затвор во Гватемала, меѓу кои и поранешен војник осуден за убиство на католички бискуп пред речиси две децении. Војникот Бајрон Лима бил еден од најмоќните фигури во затворскиот систем во Гватемала. Тој за убиството на бискупот Хуан Херардиј бил осуден на затворска казна од 20 години. - Помеѓу загинатите е Бајрон Лима, кој беше...

Заложничка криза во Канада: Затвореници заробиле чуварка во подрум

Затвореници од Квебек, на северот на Канада, зеле чуварка од судница како заложник и ја држат во подрум на зграда, соопшти министерството за јавна безбедност. Покраинската полиција соопшти дека заложничката криза се одвива во градот Сет Ил, 650 километри североисточно од Квебек Сити. Полицијата не може да потврди колку затвореници ја држат чуварката како заложник. Судницата во Сет Ил има притворска...

Денеска протест на затворениците и на нивни роднини

Затвореници и нивни роднини денеска ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и нивни соработници. Затворениците бараат казните да...

Протести во македонските затвори на 5 мај

Затворениците и нивни роднини на 5 мај ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани, јавува „Алсат-М“. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...