!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Затвореник починал во скопски Клинички центар, Србин пронајден мртов на улица


Скопје, 31 октомври, 2017 - 12:56 (META) 

Затвореник што боледувал од рак вчера починал во Клинички центар – Скопје, а српски државјанин бил пронајден мртов на улица во Македонски Брод, соопштува полицијата.

Според билтенот на МВР, вчера, рано наутро, во затворското одделение на Клинички центар починал П.Ј. (60) од Скопје, кој боледувал од карцином на грлото. Тој издржувал затворска казна во „Идризово“.

Во вториот случај, жител на Радовиш вчеравечер на улица во Македонски Брод пронашол паднат 49-годишен државјанин на Србија, кој немал знаци на живот. Го пренел во Здравствениот дом во Македонски Брод, по што била известена и полицијата. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршиле полицијата и јавен обвинител, по што, по наредба на обвинителот, телото е предадено за обдукција.


Избеган затвореник избодел човек, ограбувал со пиштол и запалил две возила


Скопје, 5 октомври, 2017 - 14:55 (META) 

Затвореник кој избегал од „Идризово“ во март, бил уапсен завчера во парк во Капиштец, откако во изминатиот период избодел човек со нож, со закана со пиштол ограбил жена и со соучесници запалил две возила, соопшти МВР. Полицијата го уапсила откако добила дојава каде се движи.

Д.Т.(29) од Скопје, на 13 мај, околу 3.30 часот, пред аптека во непосредна близина на трговскиот центар „Три бисери“, со нож нанел четири убодни рани во нозете на едно лице, а два дена потоа на булеварот АСНОМ, заедно со двајца соучесници, предизвикал пожар на две паркирани возила. На 14 август, пак, околу 19.35 часот, со пиштол се заканил на вработената во тобако „Корнер“ и одзел 8.500 денари.

При апсењето, кај избеганиот затвореник биле најдени пиштол со рамки со муниција, како и фантомка и ракавици.


Косовец платил 8.000 евра за лажно помилување од претседателот Иванов


Скопје, 31 јули, 2017 - 14:59 (META) 

Двајца скопјани добија кривични пријави за измама оти излажале Косовец кој бил во македонски затвор дека може да му издејствуваат помилување од претседателот на Република Македонија и за тоа му зеле вкупно 8.000 евра.

СВР Скопје поднел кривична пријава против А.Т. (37) и З.П. (46) и ги товари дека од мај 2014 г. до март 2015 година го довеле Косовец во заблуда дека може да обезбедат помилување за остатокот од неговата затворска казна.

Откако му зеле вкупно 8.000 евра, 37-годишниот измамник му врачил фалсификувано решение за помилување и други документи, наводно потпишани од претседателот Ѓорге Иванов.


Починал млад затвореник во „Идризово“


Скопје, 12 март, 2017 - 13:43 (META) 

Цимерите вчеравечер го пронашле 21-годишниот затвореник А.Р. онесвестен во ќелијата, по што бил пренесен со брза помош на Токсиколошка клиника во Клинички центар, каде лекарите констатирале смрт, соопшти СВР Скопје.

За случајот полицијата била известена од затворските чувари. Телото на починатиот млад затвореник по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.


Првиот затвореник на ЦИА по 11 септември останува во Гвантанамо


Вашингтон, 28 октомври, 2016 - 10:07 (META) 

Одборот на американската влада го отфрли барањето за ослободување на Палестинец од затворот Гвантанамо, првиот затвореник на ЦИА по нападите од 11 септември 2001 година.

Во соопштението на одборот на владата на САД за периодична ревизија е наведена „некогашната вмешаност во терористички активности“.

Затвореникот Зејн ел Ибидим Мухамед Хусеин претходно се појави пред одборот во август. Тој се наоѓа во американската база на Куба од септември 2006 година.

Заробен е во 2002 година и е првиот затвореник што ЦИА го изложи на „засилени техники на испитување“, кои критичарите ги сметаат за мачење.

Неговите адвокати наведуваат дека тој не претставува закана за САД и дека треба да биде ослободен или барем против него да се поведе обвинение.


Во Идризово почина затвореник


Скопје, 4 јуни, 2016 - 15:53 (META) 

Во Ургентниот центар утрово почина Д.Б. (67) од Дебар, осуденик во затворот КПУ „Идризово“, соопшти полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.


Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник


Штип, 22 јуни, 2015 - 13:34 (META) 

Припадник на штипската сообраќајна полиција бил физички нападнат додека со колеги се обидувал да уапси 23-годишно момче од градот, кое се барало поради бегство од затвор, информираат од полцијата.

Според информациите, екипа на штипската сообраќајна полиција вчера, околу 13.30 часот, при контрола на возило, марка „лада“, со охридски регистарски таблички, констатирале дека возачот С.Д. (23) се бара поради бегство од струмичкиот затвор.

При обидот да го уапсат, сопатникот во „ладата“, С.Д. (20), фатил еден од полицајците за рака и го повелекол наназад.

Полицаецот изгубил рамнотежа и паднал, а возачот, користејќи ја можноста, се дал во бегство.

Од полицијата информираат дека сопатникот бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а за настанот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител.


Затвореникот што се самозапали во битолскиот затвор транспортиран во Скопје


Битола, 20 април, 2015 - 12:39 (META) 

Затвореникот што синоќа се самозапали во битолскиот затвор поради серизоноста на повредите итно е транспортиран во скопските клиники. Комановецот Ферат Алии кој отслужувал казна затвор во Битола, се бори за живот откако со колонска вода се самозапалил. Од болницата во Битола велат дека половина од неговото тело е со изгореници од трет степен.

– Долните екстремитети се со серизони изгореници, односно половината од неговтоо тело е со опеткотини – велат од прес службата на битолската клиничка болница.

Настанот се случил синоќа околу 21 и 30 часот во притворското одделение на затворот „Црн Мост“ во Битола, кога притвореникот се потурил со запаллива течност. Веднаш бил згрижен во битолската болница на хириршкото одедлие, но по проценка на овдешните лекари под итно бил транспортиран во клиниките во Скопје.

Портпаролот на битолската полиција, Магдалена Димитровска, вели дека станува збор за 44 годишен затвореник од Куманово кој се наоѓал во притворското одделение во КПУ Затвор Битола.

– Лицето било со видливи изгореници по телото. Од страна на увидна екипа од СВР Битола е извршен увид на лице место. Од извршениот разговор со лицето , истиот самиот се потпалил.

А.Б


Белгиски затвореник ќе биде еутаназиран на 11 јануари


Брисел, 4 јануари, 2015 - 14:02 (META) 

52-годишниот Франк Ван ден Блекен, кој издржува затворска казна во психијатриски институции веќе 26 години за повеќе силувања и за едно убиство во Белгија, ќе биде еутаназиран на 11 јануари, објавија локалните медиуми.

Ван ден Блекен поднесе барање за еутаназија во 2011 година, повикувајќи се на фактот дека неговата болест е „неизлечива“ и дека преживува „неподносливи“ психолошки болки, потврдија повеќе психијатри.

Ван ден Блекен одби да биде предвремено ослободен како што предвидуваше судската одлука, сметајќи се себеси за „закана за општеството“ и побара да биде еутаназиран, оценувајќи ги условите во затворот како „нечовечки“.

Белгија во 2002 година ја легализира еутаназијата доколку пациентот е свесен, способен да размислува и поднесе барање за еутаназија своеволно.

Оваа одлука отвори жешка дебата во Белгија. Семејството на една од жртвите на Ван ден Блекен, која била силувана и убиена на 19 години, изјави дека одлуката на судот е „неразбирлива“.

По овој случај, 15 други затвореници во Белгија поднеле барање за еутаназија.


Пронајден мртов затвореник во Струга


Струга, 26 ноември, 2014 - 10:21 (META) 

Во казнено-поправната установа во Струга, вчера е пронајдено безживотно тело на затвореник, кој бил на возраст од 35 години и бил осуден за загрозување на сигурноста.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а почната е истрага за да се откријат причините за смртта.