fbpx
Таг: затвор Идризово

таг: затвор Идризово

Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, а војската не е дел од затворската чуварска служба

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 3, Драган Ковачки неточно тврди дека по наредба на претседателот Пендаровски е прогласена кризна состојба, а дека војници и старешини ни ги чуваат затворениците. Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, туку тоа го направи Владата, а по истекот на 30 дена таа беше продолжена со Одлука на...

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во „Идризово“

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник, вработен во Армијата на Северна Македонија кој го обезбедувал затворот „Идризово“, под сомнеж дека ја злоупотребил службената положба бидејќи за затворениците обезбедил 10 мобилни телефони, информираа истражните органи. За вработениот во Армијата обвинителството бара да му се определи мерка притвор. Настанот, според МВР, се случил вчера, кога полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната...

Јанкулоска по три години во затвор, пуштена е на слобода

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска е на слобода. Таа го напушти затворот Идризово, каде што отслужуваше затворска казна на четири години за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот мерцедес на Владата. Таа доби условен отпуст и казната ѝ беше скратена за една година. Пробациска канцеларија ќе го следи условниот отпуст кој ќе трае до 28...

Лога го брани Законот за амнестија: На пратениците ќе им донесам албум од „Идризово“, да видат како е таму

Вкупно 286 затвореници осудени до 6 месеци затвор ќе излезат на слобода, а на уште 996 затвореници ќе им се намали затворската казна ако се усвои Законот за амнестија што го предлага министерот за правда Кренар Лога за растеретување на затворите, а кој го помина првиот владин филтер. Тој на денешниот брифинг со новинарите рече дека по завршувањето на...

Законот за амнестија оди во Собрание – ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешките дела

Владата на денешната седница даде зелено светло за Законот за амнестија и тој ќе биде доставен до Собранието. На претходната седница овој закон беше вратен на усогласување, со цел да се регулира статусот на македонските државјани осудени во странство, кои казната ја издржуваат во земјава. Законот го предложи министерот за правда Кренар Лога, а неговото образложение е дека условите во...

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

„Се срамам што сум премиер на земја во која има затвори со нехумани и супстандардни услови под секое човечко достоинство. Преку владината камера која влезе и сними внатре сѐ, ќе се обидеме преку вас медиумите, да ја поттикнеме дебатата во општеството овие услови под итно да се подобрат“, рече премиерот Зоран Заев во 2017 година, по посетата на најголемиот...

Лога во Идризово: Условите се мизерни, потребна е итна амнестија

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Вака министерот за правда Кренар Лога ги опиша условите во затворот „Идризово“, со образложение дека е итно потребна амнестија, односно усвојување на предлог-законот за амнестија, кој овозможува ослободување и намалување на затворски казни за...

Тројца затвореници избегале од Идризово, полицијата ги нашла осум часа подоцна и ги вратила

Вчера изутрина околу 9 часот тројца затвореници побегнале од казнено – поправната установа, затворот „Идризово“ каде што издржувале казна затвор за различни дела. Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција ги лишиле од слобода тројцата затвореници, И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско, околу 16.45 часот, информираат од МВР. „Тројцата биле...

Народен правобранител: Во 14 квадрати во „Идризово“ спијат по 15 лица, во психијатриските установи се користат синџири и кожни ремени

Стравотни наоди претстави Народниот правобранител за состојбата на психијатриските установи каде што осуденици ги отслужуваат затворските казни, но и во затворските установи во земјава. Во фокусот на постапувањето на Националниот превентивен механизам биле психијатриските установи „Скопје“ во Бардовци и болницата во Демир Хисар, каде што во текот на 2022 година биле извршени две посети. Народниот правобранител Насер Зибери наброја низа...

Жените-затворенички ќе ги добијат истите права како мажите во „Идризово“

Министерството за правда информираше дека се подготвени измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи. Со измените е предвидено доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи погодностите во согласност со правилникот и куќниот...

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи по наредби за претрес, издадени...

Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

Затвореник од скопскиот затвор „Идризово“ седум месеци преку мобилен телефон се јавувал на различни лица, лажно се претставувал како директор и успеал да измами седум лица и да причини материјална штета од околу 315.000 денари (над 5.100 евра), информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за...

Тешките кривични дела во иднина ќе можат да се судат и во новата судница во затворот „Идризово“

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на скопскиот затвор „Идризово“. Новиот дел од затворот се простира на 1.000 метри квадратни и има капацитет за вкупно околу 120 лица, информираат од Министерството за правда. Во посета на новата судница во „Идризово“ беа министерката за...

Уапсен бегалец од „Идризово“ кој за неколку месеци извршил десет кривични дела

Екипи на СВР Куманово во координација со Централните полициски служби на МВР, вчера попладне го уапсиле 39-годишниот О.М. од Куманово, кој се барал со потерница поради бегство од затворот „Идризово“. Уапсениот О.М., како што соопштија денеска од МВР, подолг период бил во бегство, а претходно издржувал затворска казна од 20 години поради убиство и трговија со дрога. Според полициските информации, тој...

Заев се засрамил од условите во затворот „Идризово“ и најави закон за амнестија

Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори, изјави премиерот Зоран Заев по денешната посета на затворот „Идризово“. Заев ја посети казнено-поправната установа заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, и со извршната директорка на на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот. - Овде нема минимум услови за издржување...

Омбудсманот бара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ поради нехумани услови

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ги повика Министерството за правда и Управата за извршување на санкции итно да го затворат приемното одделение во затворот „Идризово“, поради нехуманите и деградирачки услови за престој на осудените лица. Мемети, кој денеска го презентираше годишниот извештај за работата на канцеларијата на Народниот правобранител, рече дека во македонските затвори има сериозна појава на корупција. - Информациите...

Не се одржа најавениот протест на затворениците и на нивни роднини

Протестот на затворениците во казнено-поправните установи во земјава, кој беше најавуван за денеска, не се одржа, а пред ниту еден затвор не се појавија роднини на осудените, кои преку социјалните мрежи го најавуваа големиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници. „Нема протести во затворот „Идризово“, ниту друг вид на изразување незадоволство...

Пејковски: Судијата од „Ровер“ се меша во работењето на затворот

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, денеска преку соопштение реагира дека судијата што го води предметот за случајот „Ровер“, Илија Трпков, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, излегува од своите надлежности и „директно се меша во работењето на затворската управа“. На денешото рочиште, судијата Трпков рече дека нема никакви законски пречки Бошкоски предвреме да биде пуштен од затворот...

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, која го добила...

Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира протестите

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки. Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...