fbpx
Таг: затоплување

таг: затоплување

Нуредини: За да не се отруеме од јагленот и мазутот мора да штедиме струја

Домаќинствата да затоплуваат до 21 степен, а индустријата и институциите да штедат енергија, затоа што таа зимава ќе биде произведена од нечисти извори, апелираше денеска министерот за животна средина Насер Нуредини и информираше дека во неговото министерство не се користат клими, се гасат светилки за кои нема потреба, а штедат и на трошоците за репрезентација. Енергетската криза и набавките на...

Над 130 домаќинства во Лисиче преку УНДП добија еколошки уреди за греење и енергетско ефикасни фасади

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче, дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето во...

Енергетската криза го запали црвеното светло за зголемено загадување на воздухот во Тетово

Поскапувањето на струјата, според екологистите, е еднакво на зголемувањето на загадувањето на воздухот и животната средина, особено во зимскиот период. Создадената состојба се очекува негативно да се одрази во Тетово и околината, каде воздухот во зимскиот период веќе долги години е многу загаден. Од Министерството за животна средина велат дека одговорноста за воздухот ја делат со Општина Тетово. Од...

Наводен билборд, со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени, е монтиран

Наводниот швајцарски билборд се шири на речиси сите социјални мрежи. Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавува дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот. Тој вели дека логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени и дека Владата веќе има покренато истрага за оваа...

Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона. Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека одземањето на лиценците не значи...

Последната декада најтопла во историјата на земјава, климатските промени ќе носат попеколни лета

Врели лета и повисоки просечни температури, благи зими без снег, намалување на врнежите и долги сушни периоди се новите климатски услови во Македонија, кои ги живееме во последната декада. Истражувањата на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека последната декада од 2011 до 2020 година, е најтопла од почетокот на метеоролошките мерења во земјава, а прогнозите велат дека зголемување на...

Меѓународниот центар во Виена ќе ја реупотребува топлината од клима уредите за греење на 2.400 домаќинства

Топлината што при ладење ја испуштаат во воздухот клима уредите во винескиот меѓународен центар (VIC), во идинина ќе се испраќа на локалната топлинска мрежа и ќе опслужува околу 2.400 домаќинства. Овој меѓународен центар е голем комплекс во 22. градски реон, отворен во 1979 година, и во него се лоцирани бројни канцеларии на меѓународни организации, меѓу кои е и седиштето...

Над 30.000 лица бараат по 1.000 денари помош од државата за трошоци за енергија

Растат списоците со енергетски сиромашни граѓани во државава кои немаат средства за да ги платат трошоците за енергетските услуги, како греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување на домот, проблеми со кои се дефинира поимот - енергетска сиромаштија. Паричната помош што од државата ја добива оваа група на граѓани е 1.000 денари за домаќинство. Пред 4 години оваа сума...

РКЕВУ: Новата цена на лесното масло за греење 51,5 денари за литар, речиси исто колку дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), одреди нова цена на лесното масло за затоплување, познато како „црвена нафта“ - 51,5 денари за литар - откако беше покачена акцизата на ова гориво. Владата завчера ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои...

Минатата година најтоплата во Европа од почетокот на мерењата

Минатата година, 2019, е најтоплата година во Европа од кога се вршат мерења, предупреди Copernicus Climate Change Service (C3S), телото на ЕУ што ја следи климата. Со 2019 како најтопла година се завршува и најтоплата деценија (2010-2019) во Европа од почетокот на мерењата. Според C3S светските температури во 2019 година биле само 0,04 Целзиусови степени пониски отколку во 2016 година,...

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како што сопштија од владиниот сектор за информирање, на третата од вкупно 10 планирани седници што...

Сончево време со умерена облачност и температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени. Во Скопје сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 Целзиусови степени. УХМ соопшти...

Затоплување од денеска, со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Температурата ќе се движи од минус 5 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје од 0 до 13 Целзиусови степени. Утре во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 Целзиусови степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се...

Глобалното затоплување тема на регионалната конференција на метеоролозите во Охрид

Охрид беше домаќин на средбата на директорите на хидрометеоролошките служби од Југоисточна Европа, кои што на конференција дискутираа за штетите кои ги нанесува глобалното затоплување. „Во овој момент, службите од регионов се соочуваат како и сите останати од целиот свет, со глобалното затоплување, чија што главна карактеристика се зачестените екстремни вредности и појави, како високи температури, суши, поплави, градоносни облаци,...

Сончево и постудено време, со силен северен ветер

Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 Целзиусови степени. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 18 Целзиусови степени. Од...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од северен правец. Минималните температури се движеа од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните во текот на денот ќе изнесуваат меѓу 22 и 30 степени. УВ индексот е 7. Во Скопје исто така сончево и топло време, со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до 7 Целзиусови степени,...

Денеска облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје променливо облачно, со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер и дневна температура од 8 Целзиусови степени. Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални...

Николовски: Климатските промени ќе ги намалат приносите во земјоделските култури

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ќе биде главна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за поддршка на активности, за ублажување и адаптација од климатските промени во земјите во развој, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на работилницата за искористување на средствата од овој фонд, која овие два дена се одржува во хотелот „Александар Палас“. Тој порача, дека Македонија...

Денеска главно сончев ден, од утре температура и до 20 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 10 Целзиусови степени, најстудено ќе биде во Маврово со дневен максимум до 4 степени, а најтопло ќе биде во Дојран каде температурата ќе достигне 14Целзиусови степени. И во наредните три дена времето ќе биде...

Почна пријавувањето за субвенции од Град Скопје за печки на пелети

Град Скопје објави дека од денеска почнува пријавувањето за субвенции, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети, за 2017 година. Градската управа ќе покрие најмногу 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари како сума со вклучен персонален данок на доход, за купена печка на пелети од денеска...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...