fbpx
Таг: заштитено подрачје

таг: заштитено подрачје

Природните вредности на Вевчанските извори претставени на трајна изложба

Природните вредности на споменикот на природата Вевчански извори и планината Јабланица од денеска ќе бидат претставени на трајна поставка за природа насловена „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори“ во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Поставката, која ќе има цел да едуцира и да ја подигне јавната свест за ова заштитено подрачје, ја отворија граѓанската органзиација „Еко-свест“ и...

Настан во Демир Капија за нејзино прогласување за заштитено подрачје

Настанот „Од визија до реалност: „Демир Капија заштитено подрачје’“ кој ќе се одржи утре е првиот од низата културни настани преку кои јавноста ќе има можност да се запознае со иницијативата за прогласување на Демир Капија за заштитено подрачје. Со оваа иницијатива ќе се обезбеди активна заштита на демиркаписката клисура и долниот тек на реката Вардар со нејзините притоки. Информативниот...

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема, велат од МЖСПП

Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако од управата на паркот...

Водно стана заштитен предел, екологистите и понатаму бараат заштита со закон

Водно стана заштитен предел со Одлука која вчера ја донесе Владата. Со ова, информираат од Министерството за животна средина, ќе се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на планината. Истовремено, се назначи Градот Скопје како субјект кој ќе управува и ќе се грижи за подрачјето и кој ќе донесе План за управување. Планот ќе треба да...

Порталб.мк: Прогласувањето на Шара за национален парк нема да ја запре изградбата на 7 мали хидроцентрали

Започнаа градежните работи за изградба на хидроцентралите на Шар Планина. И покрај фактот дека е прашање на денови кога Шара ќе се прогласи за национален парк, седумте хидроцентрали кои веќе започнаа да се градат, ќе бидат изградени. Порталб.мк ова го дозна од директорот за Управата за животна средина, Хисен Џемаили. Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите за кои вели дека...

Се формира ренџерска служба во заштитеното подрачје на Осоговските Планини

Законските обврски и задачи што произлегуваат од одлуката за определување на заштитено подрачје на Осоговските Планини, денеска на Пониква ги собра на заеднички состанок сопствениците на хотели и викендици со претставниците на ЈП Национални шуми и Општина Кочани. Пред сите е прилагодување кон законската регулатива за зачувување на природните реткости и шумата. Фактот дека е подигнат степенот на заштита,...

Само закон, а не одлука, вистински ќе го заштити Водно од урбанизацијата

Екологистите се против предложената форма за заштита на Водно со Одлука бидејќи сметаат дека на тој начин не се нуди вистинска заштита на планината и бараат постапката да се стопира. Тие на денешната јавна расправа за Нацрт Одлука за Прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, предложена од Министерството за животна средина, екологистите,...

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање,...

Малите ХЕЦ и дозволените активности беа главни прашања на јавната расправа за прогласување на Шара за национален парк

Шар Планина треба да стане национален парк и на тој начин да се заштити нејзиниот биодиверзитет, убавини и особености. Ова е препораката од Министерството за животна средина до јавноста и жителите на општините кои гравитираат во овој предел, што уште еднаш беше повторена на јавната расправа, што денеска се одржа онлајн преку платформата ZOOM, заради актуелните ограничувања поради пандемијата...

Одговорноста за Матка да значи и санирање на штетите во природата, бараат екологистите

Кривичните обвиненија за поставување на платформи во заштитеното подрачје на Матка треба да се истераат докрај, но паралелно со нив треба и да се бара санирање на штетите и враќање на околината во првобитна состојба, апелираат екологисти и вљубеници во природата. Барањето одговорност за долгогодишното дивеење со различни градежни зафати е само еден чекор во заштитата на споменикот на...

Обвинителството поднесе две кривични пријави за дивите платформи на Матка

Изградбата на дивите платформи на Матка ќе има судски епилог. Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности, согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека узурпирале локација прогласена за споменик на природата во Матка. „Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши...

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава. Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени...

Матка 16 години чека да биде репрогласена како заштитено подрачје

Кањонот Матка од 2004 година чека да биде репрогласен за заштитено подрачје како споменик на природата. Една од најубавите природни реткости во земјава и дом на многу ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови, речиси две децении е оставена без заштита пред налетите...

Почна подготовката на Нацрт-Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека е почната постапката за изработка на Нацрт - Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни - граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените. Прогласувањето за Шар Планина за Национален парк долго време...

Жителите на Осоговијата сакаат да се заштити и зачува природата

Жителите на четирите општини од Осоговијата, Крива Паланка, Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица сакаат дел од Осоговските планини да станат заштитено подрачје. На тој начин ќе се зачуваат природните реткости, традициите и културата на овој крај, а ќе се промовираат одржливото живеење, руралниот туризам и органската храна. По последната јавна расправа, која вчера се одржа во Крива Паланка, генералниот заклучок...

Заштитата на Осоговските планини ќе обезбеди развој на руралниот туризам

Со заштитата на дел од Осоговските планини ќе се обезбеди развој на руралниот туризам, посетителите ќе можат да ги доживеат нашите традиции и да уживаат во културните вредности на Осоговијата. Ова е заклучокот од третата по ред јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел, која се одржа во Пробиштип. Над педесетина заинтересирани жители,...

На Матка не смее да се скине ниту цвет, а не, пак, да се возат моторни чамци

Возење на моторни чамци во езерото на кањонот Матка е строго забрането, а Одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата, која во 1994 година ја донело тогашното Собрание на Градот Скопје, предвидува дека во кањонот може да се движат пловила само на електричен погон. Според Одлуката, објавена во Службен гласник во мај истата година и која сѐ...

Потпишан меморандумот за зачувување на Белчишкото Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, Охрид, продолжува. Проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF). Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација...

Заштитата на парк-шумата Водно заглави во процедурите

Иако пред две години беше најавен како приоритетен, законот за Водно не е изготвен. Според последната Студија за ревалоризација на парк-шумата, заштитата на ова подрачје е предвидена да биде од ниска категорија. Тоа значи дека Водно, наместо со закон ќе може да се заштити со одлука на Владата. Оваа Студија минатиот месец пристигнала во Министерството за животна средина и просторно...

Осоговските планини – првиот заштитен предел во државата

Осоговските планини со одлука на Владата се на чекор до прогласување за заштитен предел, што според важечкиот Закон за заштита на природата е петти од шесте предвидени степени на заштита на природните предели во земјава. Во следните месеци треба да се спроведат јавни расправи за предлогот со локалното население и со другите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...