fbpx
Таг: заштита

таг: заштита

Бугарија сака да го чува македонското небо заедно со Грција

Бугарија сака да го чува воздушниот простор на Северна Македонија, на ротациски принцип заедно со Грција, порача бугарскиот претседател Румен Радев денеска, јавува бугарската новинска страница „mediapool.bg“. Тој рекол дека имал средби со премиерите на двете земји - Киријакос Мицотакис и Зоран Заев на која се зборувало на самитот на НАТО во Лондон „да бидат дефинирани параметрите на таа мисија,...

Владата го повлече законот за Охридско Езеро и препорача мораториум за градење

Владата на вчерашната 146-та седница донела одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и упатила препорака на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности сè до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. Како што се вели во соопштението, на седницата владата уште еднаш ја потврдила определбата...

За заштита на Охридскиот регион, Собранието да расправа по предлог-законот презентиран во Баку

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата, се вели во заедничката реакција на граѓанските организации. „Им укажуваме на предлагачите на предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, а кој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела,...

УНЕСКО и даде рок на владата до февруари да ги спроведе препораките за заштита на Охрид

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
УНЕСКО им даде рок на македонските власти до февруари следната година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства и засега Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје. „Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020...

Состанок на Комитетот на УНЕСКО, ќе се решава за Охрид

Делегација на Владата ќе учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски,...

Жбогар: Извештајот на УНЕСКО треба да биде најсилен аларм кој ќе ги разбуди институтициите

Евроамбасадорот Самуел Жбогар од Охрид ја започна промоцијата на новата еколошка кампања именувана како „За чисто како дома исто“, која има за цел преку поддршка на еко-активизмот да ја подигне свеста кај граѓаните, но и кај локалните власти за заштита на животната средина и поголема јавна чистота. Евроамбасадарот истакна дека не е случајно што кампањата стартува од Охрид, бидејќи токму...

Започна корнењето на палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО (галерија)

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО, а кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно зачувување на автентичноста и интегритетот, на архитектонската и урбанистичката кохерентност на Охрид. Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли...

Грција направи тест-летови, а не летови за заштита на македонското небо

Во големиот број вести објавени вчера, па и денеска, во бугарските медиуми за вчерашните тест-летови на грчки воени авиони - ловци на небото над Македонија, заради испитување на комуникациите и радарското покривање, речиси сите без еден ги пренесоа коректно фактите и во насловите и во текстовите.Сите напоменуваа дека станува збор за подготовки за заштита на небото над Македонија како...

Влада: Постапуваме сериозно во однос на одлуките и препораките на УНЕСКО

Владата порача дека пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Сепак, како што стои во соопштението, за незавидната положба, е виновна претходната власт. „Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг...

Прирачник за борба против малите ХЕЦ и за спас на македонските реки од „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“

„Инспирирајте се од приказната за Националниот Парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа!“ Ова е пораката која екологистите собрани околу иницијативата за спас на најстариот национален парк во Македонија – НП Маврово од изградба на хидроцентрали во заштитените подрачја со ретка природна убавина, „Фронт 21/42“, „Еко-свест“, како и германските фондации „Еко-воч“ и „Еуронатур“ им...

Грчки авиони ги извршиле првите тест-летови над Македонија

Со два лета во воздушниот простор над Македонија од 6.30 до 8.30 се извршија првите тест-летови на НАТО, кои ги извршија грчки авиони за потребите на мисијата „Воздушно патролирање“ (Air Policing) на НАТО, јави бугарскиот сајт „Актуално“, повикувајќи се на бугарската агенција БГНЕС. Целта на овие летови била да се проверат комуникациите и радарското покривање во македонскиот воздушен простор. Тие се...

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција ќе започне викендов. „Авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18 мај (сабота) и на 19 мај (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (од земја), на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19...

Виѓиленца Абази: Укажувачите не се штитат само со закон, тоа е само прв чекор

Во земја во која доминираат политичките партии, можеме ли да очекуваме јавен службеник да пријави злоупотреба ако нејзината партија може едноставно да ја отпушти?, прашува Виѓиленца Абази, професор на правниот факултет на Универзитетот во Мастрихт, Холандија, во интервју за „Мета“. Македонија од 2015 година има Закон за заштита на укажувачите. Истата година кога беше донесен законот во случајот „Пуч“ беа...

Продолжуваат напорите за спас на рисот на Јабланица

Екологистите и ловните друштва од крајниот југозапад на земјава прават напори да се спаси еден од најубавите и најзагрозените животински видови во регионов, рисот. Иако на планината Јабланица, оваа дива мачка веќе почнала да се размножува по природен пат, сепак опстанокот на видот сè уште се доведува во прашање. Потребни се поголема посветеност и мониторинг да се спречи криволовот...

Стариот охридски чинар ќе се ревитализира и заштити

За чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел, во тек е тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување...

Заев се сретна со здруженија за заштита на животната средина, договорена идна соработка

Премиерот Зоран Заев и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, се сретнаа со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор. На средбата, како што информираат од Владата, премиерот Заев изразил подготвеност и волја за продолжување...

Правилници со стандарди стари 50 години ги врзуваат рацете во борбата со загадувањето

Дури шест подзаконски акти врз основ на кои се постапува денес во Македонија, а се однесуваат на квалитетот на амбиентниот воздух се напишани во 1976 година и се сосема застарени, нефункционални, ограничувајќи ги на тој начин инспекциските служби во нивното откривање и санкционирање на загадувачи на воздухот. На сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање, во заглавјето Регулатива/Национално...

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Од таму додаваат дека со измените на Законот за детска заштита кои што се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. „Со истите измени за прв пат...

Од утре нема да важат мерките за заштита од загадувањето што ги воведе Владата

Мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата, од утре престануваат да важат бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар, соопштија денеска од Владата. Во соопштението се наведува дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 микрограми...

„Го сакам Водно“ на Шилегов му испорача новогодишно пакетче со 13 барања

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска на градоначалникот на Град Скопје му предадоа „новогодишно пакетче“ од 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата Водно. Тие бараат итно да се донесе закон за Водно, а во меѓувреме Министерството за животна средина да издаде привремен заштитен статус на Водно, како би се оневозможила понатамошна узурпација на парк-шумата. Дел од...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...