fbpx
Таг: заштита

таг: заштита

УНЕСКО бара, државата не испорачува, граѓанските организации разочарани од третманот на Охрид

Ревидираниот Стратегиски план за рехабилитација на Охридскиот регион и понатаму е список на желби на домашните институции, кои не предвиделе ниту временска рамка за имплементација на проектите, буџет и приоритети за секоја активност како што тоа им го бара УНЕСКО. Граѓанската организација „Фронт 21/42“ реагира на Извештајот за состојбата на Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и за...

Објава произволно тврди дека вакцините се отров и ги повикува родителите да не ги вакцинираат децата

Големата кашлица која сега зема замав кај нас е резултат на недоволната вакцинална покриеност. Ваквите објави кои ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца, се многу опасни и штетни, тие придонесуваат да се шири заразата од оваа болест која долго време беше неактивна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на Фејсбук тврди дека...

Балканскиот рис доби повисоко ниво на заштита според Бонската конвенција

Балканскиот рис е вметнат во Бонската конвенција, а С. Македонија и Албанија се обврзаа со здружени сили да го штитат неговиот опстанок, информираат од Македонското еколошко друштво. За време на Конференцијата на Бонската конвенција, која се одржува во Узбекистан, евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови. Предлогот балканскиот рис да биде ставен...

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

Фото: Pixabay/qimono
Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека вакцините се пуштени во...

Законот за заштита на Матка десет месеци чека да се изгласа во Собрание

Десет месеци откако Владата го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, постапката сè уште не е завршена. Изгласувањето на законот во Собранието треба да е последниот чекор за едно од највредните природни богатства да биде репрогласено како споменик на природата и да ја добие заштитата која...

Мета факт: Го нема специјалниот закон за заштита на Водно ветен од Данела Арсовска

Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа на одлуката на Министерството за животна средина. Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон за да се подигне...

Вардар е една од последните реки со делумно слободен тек во Европа која мора да добие заштита

Вардар е една од последните реки во Европа кои имаат во некој свој дел слободен тек. Долното течение на нашата најголема река, која ја опфаќа и Демиркаписката клисура е еден од највредните природни резервати во земјата. Таа е Емералд подрачје кое треба да ужива заштита заради богатството на биодиверзитетот и важна област за птиците - IBA локација, особено за...

Меѓународен ден на рисот: Популацијата на големата мачка е стабилна, но и понатаму на работ на исчезнување

Балканскиот рис е една од најретките големи мачки на планетата, со популација од помалку од 50 единки, од кои најголемиот дел, околу 40 живеат во Северна Македонија, а останатите се сретнуваат во Албанија и Косово. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), балканскиот рис го рангира како критично загрозен, а најголемиот дел од опасностите за неговиот опстанок се дело...

Авионското засејување на облаците против град престанува, немало пријавени на повикот

По четири години успешно користење на мерката за авионско засејување на градобијните облаци, оваа година и покрај напорите направени тоа да продолжи, за жал мерката нема да се применува, соопштија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Причината е што немало пријавени фирми на повикот за економски оператор што ќе го врши авионското засејување...

Ќе се заштитуваат старите сорти јаболка, слива и круша на Осогово

Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со јавното претпријатие за заштита на Осогово, започна проект за зачувување на старите овошни сорти во овој крај. Во соработка со професорот по овоштарство д-р Тошо Арсов, започната е инвентаризација и картирање на старите овошни дрвја и дефинирање на мерки за нивно зачувување и ревитализација. Досега картирани се повеќе од 20 стари сорти на овошки...

Подземните извори никој не ги чува, иако без нив речиси цела држава ќе нема вода за пиење

Подземните води во земјава речиси и да немаат никаква заштита, иако цело Скопје и 70 отсто од општините пијат вода од овие извори. Министерството за животна средина денеска промовираше десетгодишна Програма за управување, користење и заштита на подземните води во С. Македонија, што ќе се реализира со поддршка од Швајцарската Влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка и...

Реките ни се богатство, а ги уништуваме без никаква заштита, апелираат научници и екологисти

Македонските реки да се вклучат во Емералд мрежата и на тој начин да добијат вистинска заштита, апелираат од организацијата „Еко свест“. Барањето за зачувување на речното богатство деновиве беше упатено од група на научници и невладини организациии од 11 земји, меѓу кои и земјите од Западен Балкан, потписници на Бернската конвенција. Тие објавија листа на 88 реки со кои...

Заштитата на Матка мрдна еден чекор, Владата го усвои Предлог законот за прогласување на заштитено подрачје

Владата на Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III - споменик на природата. Со тоа, децениското игнорирање на едно од највредните подрачја во земјава се приближува кон крај, а постапката за заштита направи еден чекор напред. Во следната фаза законот треба да го изгласа Собранието,...

Земјава има исклучителна биолошка разновидност, но таа мора и да се чува и заштити

Кога земјава би имала повеќе подрачја „Натура 2000“, што е најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, тогаш би добиле и поголема заштита на екосистемите и сите нивни елементи, рече Диме Меловски од Македонското еколошко друштво на дебатата со наслов „Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ која се одржа во...

Фондацијата „Метаморфозис“ одржа обука за ГО и новинари за заштитата на личните податоци

Што сѐ претставува личен податок, како и по кои законски норми и за кои потреби може тие да се прибираат од граѓаните, потоа - како и колку долго да се чуваат, беа темите што се разработија на обуката за граѓански организации и новинари на тема „Заштита на личните податоци во процесот на дигитализација на јавните услуги“. На обуката организирана од...

ЈП „Паркови и зеленило“ ги покри палмите од „Скопје 2014“ за да не измрзнат

Палмите коишто беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ деновиве добија заштитни вреќи за да не измрзнат. ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека палмите покрај Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје превентивно ги заштитиле поради ниските температури на воздухот. „Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар“, се пофалија на Фејсбук од ова...

Даниловски: Вакцинaтa го одржува високо нивото на заштита од хоспитализација и смрт

Вкупно 870 лица се заразиле по втор пат, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени лица (212.375), соопштува во последниот извештај Институтот за јавно здравје. Иако процентот на реинфекции е мал, поразговаравме со проф. д-р Драган Даниловски околу појавата на реинфекциите како и за ефикасноста од вакцините. - Што значи бројката од 870 граѓани заразени по втор...

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација ги поддржува новите мерки за вакцинацијата

Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата нити дискриминација, порачува Мрежата за спречување и заштита од дискриминација, по јавните реакции за предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на ковид-19. Мрежата порачува дека мерките што се предлагаат се заради подобра заштита на граѓаните. „Како организации кои се посветени на заштитата на човековите...

ДКСК со јавен повик за средношколци за креативни решенија на тема заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) распиша јавен повик за изработка на цртежи, на кој може да учествуваат сите средношколци, особено оние од средните уметнички училишта. Целта на овој повик е да се поттикнат младите да ги искажат своите погледи на тема значењето на укажувачите на корупција и потребата за нивна заштита, преку изработка на визуелни пораки, графики...

На настани на затворено со две дози вакцина, децата со пречки во развојот или со посебни потреби без маски во училиште

Владата на 112. седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од ковид-19 протоколите. На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...