fbpx
Таг: заштита на природата

таг: заштита на природата

Екологистите револтирани: Бадијала се заштитуваат подрачја ако бизнис интересите и понатаму се пред природата

Патишта, хидроцентрали, фотоволтаични централи, скијачки центри и бројни други легални и нелегални градби, се планираат и се изведуваат во заштитените подрачја и го загрозуваат биодиверзитетот што се обидуваме да го одбраниме. Граѓанските активисти од „Еко свест“ реагираат дека државните институции од една страна прогласуваат заштитени подрачја, а од друга страна планираат проекти кои директно ги загрозуваат и уништуваат природните...

Активисти во Нови Сад приведени од полицијата, протестираа против изградбата на мост

Десетици активисти од еколошката иницијатива за заштита на паркот на природата Шодрош вчера беа спречени од српската полиција за да протестираат против изградбата на нов мост во Нови Сад. Барањата на активистите се да им се покаже како ќе изгледа идниот мост, на кој начин би влијаел тој врз природата во Шодрош, како и дали кинеската компанија-изведувач на проектот...

Нуредини: Ја прошируваме соработката со ПОНТ и во НП „Шар Планина“

На Попова Шапка денеска се потпиша Договор за грант за планирање меѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и ЈУНП Шар Планина со кој се обезбедија дополнителни средства потребни за функционирање на новоформираната јавна установа. „Добрата соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Фондот за природа Преспа-Охрид, што започна во 2018 година со потпишување на Рамковен договор, резултираше...

Ботаничката градина чува над 150 автохтони растенија, некои се толку ретки што ги има само на едно место

Емова мајчина душичка, скопска мајчина душичка, кошанинова љубичица, галичички каранфил, галичички различник, цвијиќиева качунка, галичичка чувар-куќа, росичка, српска рамонда..... Ова се само дел од ретките и автохтони растенија кои можат да се видат во Ботаничката градина на Природно- математичкиот факултет во Скопје. Многу од нив ги има само на едно место во државата, а некои, покрај тоа што се...

Новата модна колекција на Ирина Тошева со гласна порака за културна одржливост

Дизајнерката Ирина Тошева ја обзнани својата нова модна колекција „Зина“ со модели изработени од одржливи материјали и остатоци. Целата колекција креативно трага по опстојувањето на културата и традиционалните занаети во идно време, каде Ирина соработува со последниот традиционален јорганџија во Старата скопска чаршија и јорганџиството како занает во изумирање и тежнее кон негово актуелизирање и заживување во моден контекст. Инспирацијата доаѓа...

Човекот мора да престане да ги уништува природните живеалишта, а со тоа и биодиверзитетот

Уништување на природните живеалишта или нивно загрозување до тој степен животните и растителните видови да немаат услови да преживеат, се реалноста со која се соочува модерното општество. Потребата на човекот да узурпира и искористува ресурси исклучиво за своите потреби е една од најголемите закани за биодиверзитетот. Покрај опасноста што демне од климатските промени кои предизвикуваат температурни промени и суши...

Граѓаните при прошетка во заштитени подрачја треба да внимаваат да не ја нарушат природата

Дури шест закони опишуваат што сѐ е забрането во природата, меѓу кои е и Кривичниот законик. Законот за заштита на природата, пак, се однесува конкретно на заштитени подрачја. При тоа се идентификуваат преку 35 активности кои се забранети - од дивоградби, нелегално депонирање на отпад, па до криволов и нелегална сеча, потсетува „Натура МК“. Државниот инспекторат за животна средина е...

Почнаа разговорите за иницијативата за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”

Во просториите на Општина Берово вчера се одржа состанок за иницијатива на општините Берово и Пехчево за прогласување на заштитено подрачје „Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина. На состанокот, покрај претставници од двете општини, присуствувал државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова (МЖСПП) и стручни лица од министерството како и претставници од ПЗП...

Охриѓани против новите градежни зафати, бараат заштита на Студенчишко Блато

Околу 99 отсто од сите 300 анкетирани жители од Охридско сметаат дека промената на деталниот урбанистички план за зголемување на катноста на објектите од хотел „Тино“ до „Милениум палас“ е штетна урбанистичка одлука, која треба да се повлече. Огромен дел од испитаните граѓани, исто така, ги оценуваат предвидените капитални инфраструктурни проекти како исклучиво штетни и непотребни за регионот, покажуваат бројките...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...