fbpx
Таг: заразен

таг: заразен

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на ковид-19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е позитивен на ковид-19, соопшти тој на неговиот фејсбук-профил. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да...

Британскиот премиер Борис Џонсон заврши в болница

Вчеравечер британскиот премиер Борис Џонсон бил примен во болница за клинички испитувања, бидејќи уште има симптоми, 10 дена откако беше дијагностициран со Ковид-19, јавија светските агенции. Кабинетот на Џонсон ја потврди информацијата, но не откри во која болница е примен. Во соопштението се вели дека постапката е „превентивен чекор“. Борис Џонсон (55) сепак сè уште управува со владата. Тој беше во...

Д-р Арбен Аголи: Позитивни сме, а немавме никакви симптоми освен благата малаксаност на мојот колега

Кога забележав дека мојот колега доктор, со кого работиме заедно во педијатриската ординација, чувствува малаксаност, побарав и инсистирав да направиме сите вработени тест за корона вирус. Тестовите се позитивни - вели за „Мета.мк“ д-р Арбен Аголи од Дебар, кој на својот фејсбук профил информира дека тој и неговите соработници се позитивни на корона вирусот. Го прашавме како се чувствува...

Короната ништо не им може: Србите имаат „лавовски гени“, а Здравко, за да се фали, измислил дека бил на заразениот крузер

Дезинформациите за корона вирусот не стивнуваат, а интересно е што навлегоа и во полето на измислување тврдења и изјави (свои или туѓи), а кои што потоа биваат демантирани. Српскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrikavanje“ откри случај со измислување на делови на изјави на пулмологот Бранимир Несторовиќ во текст на таблоидот „Alo“, односно цитат дека „Србите имаат ,лавовски гени' што...

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и со ова лице цело време...

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот "Diamond Princess" закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. „Амбасадата на дневна основа...

Прв случај на западнонилска треска во Грција по две години

Грчкиот центар за контрола и за превенција на болести соопшти дека во Грција е потврден првиот случај на човек заразен со вирусот на западнонилската треска. Во минатата година и во 2015 година во Грција немало случаи на заболени луѓе. Станува збор за лице кое живее во земјоделската област Арголида, на Пелопонез. Од Центарот за контрола и превенција соопштија дека не е можно...

Овчи сипаници ги испразнија училиштата и градинките, регистрирани 3.025 случаи

Во училиштата и во градинките е забележан зголемен број на деца со овчи сипаници, па така во некои одделенија речиси половина од учениците отсуствуваат од настава поради појавата на овој вирус. Информацијата дека во овој период е регистрирано релативно зголемување на бројот на лица заболени со овчи сипаници, за „Мета“ ја потврдија и од Институтот за јавно здравје. „Во 2017 година регистрирани се 3.025...

Прв случај на вирусот зика во Чешка

Министерството за здравство на Чешка соопшти дека во земјата е регистриран првиот случај на заболен од вирусот зика. Уште не е јасно каде лицето од Чешка е заразено и дали патувало во земји како што е Бразил, која е најсилно погодена од вирусот што го пренесуваат комарците. Повеќе детали, како што рекоа, за првиот случај на зика ќе бидат соопштени во текот...

Регистриран првиот случај на вирусот зика во Кина

Кинеските здравствени власти го регистрирале првиот случај на вирусот зика во земјата, кај лице кое неодамна се вратило од Венецуела. Заболениот маж е на возраст од 34 години и на 28 јануари се лекувал во Венецуела, пред да се врати во Кина на 5 февруари. Откако е констатирано дека е носител на вирусот, веднаш е хоспитализиран. Кинеската национална комисија за здравство...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...