!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија


Атина, 11 јануари, 2018 - 9:51 (META) 

Грчката крајбрежна стража спречила транспорт на 410 тони експлозив во брод што го пресретнале кај островот Крит.

Сандаците со експлозив се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме, а биле натоварени во турското пристаниште Мерсин, јавија грчките медиуми.

Приведени се 8 членови на екипажот. Бродот пловел кон Мисрата.


Кинеската морнарица заплени американски подводен дрон во Јужното Кинеско Море


Пекинг, 16 декември, 2016 - 19:59 (META) 

Кинеската воена морнарица вчера во водите на Јужното Кинеско Море запленила американско беспилотно пловило – дрон за океанографски истражувања, јавуваат светските медиуми.

Соединетите Американски Држави денеска испратиле официјално барање до Кина пловилото веднаш да биде вратено, пренесува „Би-би-си“. Според Пентагон, подморницата била запленета во меѓународни води.

Како што јавуваат светските агенции, инцидентот се случил вчера, во моментот додека американски брод за океанографски истражувања се подготвувал да го преземе подводното возило.

Официјални претставници на САД навеле дека пловилото, наречено „подводна едрилица“, било користено за тестирање на соленитетот и на температурата на водата.


На белгиско пристаниште запленет 1,5 тон кокаин


Брисел, 31 август, 2015 - 19:19 (META) 

Најмалку 1,5 тон кокаин е запленет на белгиското пристаниште Антверпен, во акција реализирана во соработка со француската царина, соопштија белгиските власти.

Со заеднички операции на белгиската и на француската царина, запленети се 485,5 килограми кокаин на 2 јуни, 534,8 килограми на 29 јули и 535,8 килограми од таа дрога на 18 август.

Вкупната вредност на запленетиот кокаин на црниот пазар изнесува околу 100 милиони евра.

На истото пристаниште минатата година биле запленети 6,6 тони кокаин.