fbpx
Таг: заплена

таг: заплена

Запленети 22 патнички автомобили управувани од македонски државјани

Во дводневна заедничка акција на секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи (МВР), запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани. Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири се марка МЕРЦЕДЕС, три се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка...

Полициска акција „Чибук“: Запленети речиси 100 килограми марихуана

Истражните органи вчера спровеле координирана полициска операција под кодно име „Чибук“ за заплена на дрога. Извршени биле претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и биле приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 килограми и 630...

(ВИДЕО) Сребрени прстени, ланчиња и обетки тешки 1,3 килограми запленети на ГП Богородица

Патник кој патувал од Турција се обидел на внесе 1,3 килограми сребрен накит во земјава преку граничниот премин Богородица, без да го пријави кај царинските органи, соопшти денеска Царинската управа. Цариниците го заплениле накитот, откако го откриле при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26...

(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленети 185.000 норвешки круни пронајдени во црна торба

Царинската управа соопшти дека запленила 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер. Согласно Законот за девизно работење, на патникот...

(ВИДЕО) Претреси во Скопје – приведен дилер, запленет имот вреден стотици илјади евра

Полицијата во координација со специјалците од единицата „Тигар“ вчера извршиле претреси на три локации во скопската населба Гази Баба, при што биле пронајдени кокаин, дигитални ваги, но и разновидна скапа компјутерска опрема за која постои сомнение дека е купена со парите од продажба на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираа од таму, по насоки од јавното...

На „Деве Баир“ запленети речиси 2.000 парчиња брендирана облека

Речиси 2.000 парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други светски познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги, по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничниот премин „Деве Баир“. Како што соопштија од Царинската...

Запленети повеќе од 4,3 тони марихуана вредни над 10 милиони евра во гостиварско

Денеска во полицијата и надлежен обвинител, а по издадена наредба од гостиварскиот суд била одземена марихуана во вкупна количина од 4.341 килограми, вредна над 10 милиони евра, извести МВР. Марихуаната била одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на правно лице поради констатирани неправилности во работењето. „Во изминатиот период...

Царината одзела возило и стока вредна над 92.000 евра на ГП „Богородица“

Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржале товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во земјава на граничниот премин „Богородица“ се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на кое е поставено царинско...

Запленети над 50.000 евра на скопскиот аеродром од патник од Истанбул

Запленети се 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинските службеници, соопшти Царинска управа. Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што минуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Притоа, царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж...

Царината на три гранични премини заплени сребрен накит, часовници и облека

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари биле запленети изминатиот викенд на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце, соопштува Царинската управа. Спречен е обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари. Во првиот случај, на граничниот премин Богородица, двајца сопружници на влез во...

Запленета облека „Версаче“, „Најк“, „Долче Габана“ од 26 илјади евра

На граничниот премин Табановце спречен бил обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два засебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце, информира Царинската управа. Брендираната роба за која требало да се платат...

Царината заплени илјадници евра криени во чорапи и под менувач на камион

Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во текот на изминативе денови, соопштија од македонската Царина. Во два посебни случаи мобилните тимови откриле 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од...

На ГП „Богородица“ запленети четири златни алки вредни речиси 10.000 евра

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата, соопшти Царинската управа. Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи. „Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез...

Царината одзеде минибус во кој имало бункер за криење на стока

Специјални бункери во вентилациониот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана - Брисел, соопштија утрово од Царинската управа на РСМ. Притоа, специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат истите, биле покриени со...

Царина заплени над 300 непријавени раствори за дијагностика на канцер

На граничниот премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, соопшти денеска Царинската управа. „На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни...

Запленети 4 тони апчиња вијагра кои не биле регистрирани во МАЛМЕД

Царинската управа спречила нелегална трговија на 4 тони апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари, кои се ризични по здравјето на граѓаните, соопшти управата. Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги утврдиле дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински...

Царина заплени 300 парчиња филери во вредност од 9.000 евра

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. „Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При...

Царината заплени обврзници од 92 милиони долари од патник кој допатувал од Истанбул

Турски државјавин кој во државава пристигнал со редовен лет од Истанбул, во четири папки и во црна рачна торба носел 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500 илјади долари. Вкупната вредност на обврзниците, изнесува 92 милиони долари, што е рекородна заплена, соопшти директорот на Царинската управа Стефан Богоев. Денеска судот донел пресуда со која на турскиот државјанин му биле...

Цариниците заплениле 98.000 евра на граничниот премин „Богородица“

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица заплениле 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата, информираа од управата. „На 26 јули околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците,...

Запленети 161 килограми кокаин во Солун, во заедничка акција на грчката и македонската полиција

Во заедничка операција вчера во Солун се запленети 161 килограми кокаин, соопшти македонското МВР. Имено, во акцијата на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција на македонското МВР, во потоа Службата за борба против дрога од Солун, Американската служба за борба против дрога - ДЕА и...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...