fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Владата на прво, Собранието на трето место во регионот според Индексот на отвореност

Според годинашниот Индекс на отвореност, со кој се оценуваа четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, односно нивните влади и парламенти, Владата на Северна Македонија е на првото место, а Собранието на трето место. Проценката на состојбата на добро владеење на парламентите и извршните гранки на централните власти на четири држави од...

Урсула фон дер Лајен: Сигурна сум дека ЕУ ќе успее на терен да ги реши проблемите со Западен Балкан

Во текот на денот разговаравме за дијалогот, за подготвеноста да се реши проблемот но и за капацитетите за проблематичните области. Сето тоа ЕУ го доживеала во нашата модерна историја од 70 години, така ја изградивме ЕУ, сигурна сум дека ќе успеее да ги решиме овие прашања, порача претседателката на Европската Кмисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција...

Димитров: Без Балканот Европската Унија не е комплетна

Дури и најдобрата формулација на зборови нема да биде доволна за да ја вратиме надежта и довербата во европското ветување за иднината, порача македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров денеска на „Економскиот форум Белград“, односно во дискусијата „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“. Главниот фокус на дискусијата беше ставен на европската перспектива на...

Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан

Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград. На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги од другите земји, ја потпиша...

Со Декларација, земјите од Западен Балкан ќе ги враќаат укинатите меѓународни возови

Земјите од Западен Балкан во иднина би се поврзале меѓусебно и со членките на ЕУ со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионов. Владата на РСМ на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, кој е во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната...

„Британски совет“ организира конкурс за млади новинари што ќе покриваат младински прашања

Проектот „Медиуми за сите“ (Media for All) на Британскиот совет (British Council) организира конкурс „Young Journalists Competition“ за млади новинари и тимови од новинари што работат на прашања и теми што ги засегаат младите, во чии рамки ќе се овозможи поддршка за изработка на новинарски содржини. Избраните кандидати ќе добијат финансиска поддршка, менторство и професионално водство во текот на осум...

Пендаровски на средбата со Мишел го реафирмирал ставот за почетокот на преговорите со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста на земјата, во Киев остварил средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. На средбата, соговорниците размениле мислења за најновиот развој на настани во контекст на процесот на проширување на Европската Унија, како и за македонскиот напредок во клучните реформски области и можностите за одржување...

Заев, Вучиќ и Рама на Економскиот форум во Скопје: Започнува нова ера на соработката

Со обраќања на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија, Еди Рама, како организатори, и во координација и соработка со стопанските комори на трите земји, денеска во Скопје започна Економскиот форум за регионална соработка. Со претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници...

Заев, Рама и Вучиќ утре на Економски форум во Скопје

Во организација на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, а во соработка со стопанските комори од регионот, утре во Скопје ќе се Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење. На настанот ќе учествува претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, информираат од владината прес-служба. На овој значаен настан ќе бидат...

Османи: Словенечкото претседателство со ЕУ ќе ја реафирмира европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции на која беа презентирани Програмата и Приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. „Преземањето на водството со Советот на ЕУ, од страна на Словенија доаѓа во многу важно време за самата ЕУ која продолжува да се...

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките,...

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

ЕСМ: Северна Македонија прва земја од Западен Балкан што се обврза за напуштање на јагленот до 2030

Северна Македонија стана член на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции. Заедно со Шпанија, до 2030 година, земјава се обврза да го напушти производството на електрична енергија од јаглен, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Одлуката на Северна Македонија да се придружи на клубот европски земји кои ќе го напуштат производството...

Стабилноста на Западен Балкан е водич за приближување кон ЕУ, оцени Метју Палмер

И покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, разочарани сме што не беше решено прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и за Албанија. Ова го изјави денеска во Охрид, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања, Метју Палмер, на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран...

Маричиќ на Преспа форумот: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата

Министерот за правда Бојан Маричиќ на првата панел-дискусија од „Преспа форум дијалог“ рече дека е потребна поголема регионална соработка и обединување во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата. Според Маричиќ, овие проблеми се присутни во сите земји од нашиот регион и затоа фокусот треба да биде ставен на поблиска соработка. Тој во својот говор се осврна и на улогата на...

Денеска се укинува роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан, но условите треба да се проверат со операторите

Од денеска се укинува роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан. Корисниците на македонски броеви ќе може да ги користат своите телефони за разговори под истите услови како во Северна Македонија, кога се во Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, доколку сакаат да повикаат број во Македонија или одговорат на повик од мобилен број од земјава. Сепак, за сите детали,...

Вучиќ, Рама и Заев со заедничка изјава: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ

Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот Северна Македонија Зоран Заев, денеска одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничката изјава „Европски Западен Балкан“, соопшти Службата за односи со јавноста на Владата на РСМ. Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни...

Од Словенечкото претседателство очекуваме подготвен терен за донесување на важни одлуки, порача Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по завршувањето на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, во својство на претседавач со Фондот за Западен Балкан, заедно со полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, имаа...

Укинувањето на роамингот во Западен Балкан ќе биде прославено со концерт покрај Преспанското Езеро

RCC Роаминг во Западен Балкан
Од први јули годинава целиот регион на Западен Балкан ќе стане слободна роаминг зона. Роаминг трошоците помеѓу Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово се укинуваат, а за да се одбележи овој историски датум, ќе биде организиран концерт на плажата во Отешево, на Преспанското Езеро. На концертот наречен „All-Western Balkans Jam“ ќе настапат бендови и диџеи...

Шаќири: Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на 6-те земји од Западен Балкан

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули, порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири,...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...