fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

ЕПП: Обидите за ново исцртување на границите на Западен Балкан се неприфатливи

Најголемата и највлијателна Европска народна партија (ЕПП) на дводневниот конгрес на Малта треба да ја усвои нацрт-резолуцијата со која се дава едногласна поддршка за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и се истакнува дека иднината на овој регион е во Европската Унија. „Евроинтеграцискиот процес беше најуспешна и најмоќна европска политика и се потврди како атрактивна алатка на европскиот модел и...

Кукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

Бојкотот на парламентот се претвори во спорт во Балканскиот регион, но политичката дебата во земјите треба да се води во парламентот, изјави европратеникот Едвард Кукан, за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент, насловена „Криза на демократијата на Западен Балкан“. Кукан, говорејќи за политичката ситуација во Македонија, Албанија, Црна Гора и во Косово, рече дека никој во ЕУ не го...

Јункер го предупредил Трамп дека колапсот на ЕУ води кон нова војна на Балканот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го предупредил претседателот на САД, Доналд Трамп, дека евентуален колапс на Европската Унија ќе доведе до нова војна на Балканот. Јункер во интервју за „Фајненшал тајмс“ изјавил дека во разговор со новиот заменик-претседател на САД, Мајк Пенс, гп предупредил Трамп да престане со реториката што поттикнува и други држави да си заминат од ЕУ по...

Тимерманс: Границите на Западен Балкан треба да исчезнат за да се избегне иден конфликт

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјави дека границите на Западен Балкан не треба да постојат и оти со нивно бришење ќе се избегнат идни конфликти во овој регион. - Границите можат да бидат есенцијални, тие може да бидат важни, тие можат да бидат релативно важни, тие можат да бидат неважни, но денеска тие се постоечки. Доколку останат постоечки, имајќи...

ЕУ се оддалечува од Западен Балкан, оцени Лајчак

Европската Унија се оддалечува од Западен Балкан, а тоа сè повеќе создава фрустрација меѓу тамошното население, оцени идниот претседател на Генералното собрание на ОН и актуелен шеф на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак. Според Лајчак, ниту една опција за регионот не претставува реално исполнување на желбите за безбедност, стабилност и за економски просперитет на граѓаните од Западен Балкан. Тој оцени дека...

Хан: Само влез во ЕУ е трајно решение за кревкиот Западен Балкан

Ситуацијата во земјите од Западен Балкан и понатаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно во ЕУ, оцени еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за виенскиот весник „Курир“. – Ние не се фокусираме на датумите за членство. Зборуваме за пристапниот процес, а со која брзина напредуваат земјите зависи само од нив...

Вучиќ: Убаво ќе си поприкажеме, а по самитот повторно кавги и конфликти

Добро е што претседателите на влади на самитот ќе усвојат уште една декларација, но се плашам дека по самитот повторно ќе почнат расправиите и судирите, изјави српскиот премиер, Александар Вучиќ, на Самитот за Западен Балкан во Сараево, на кој учествува и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Во обраќањето на самитот на премиери од Западен Балкан, Вучиќ...

Јункер: На Западен Балкан сакаме да му понудиме недвосмислена европска перспектива

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска за време на пленарно заседание на Европскиот парламент во Стразбур изјави дека Западен Балкан е најкомплицираниот регион во Европа и ја повика Европската Унија да му се посвети на регионот. Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги известија европските пратеници за дебатата што минатата недела ја имаа лидерите на ЕУ за...

Ципрас: Неопходно е ЕУ да испрати јасна порака до државите од Западен Балкан

Европската Унија мора да им потврди на државите од Западен Балкан дека сè уште се грижи за нивната интеграција во европското семејство, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на самитот на ЕУ. Грчкиот премиер на прес-конференцијата по самитот посочи дека е неопходно ЕУ да испрати јасна порака до државите од Западен Балкан, но и да побара од нив да...

Тајани: Во некои земји од Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, на почетокот на дводневниот самит на Европската Унија во Брисел, изјави дека во некои од земјите на Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста. Тајани во својот говор на почетокот на заседанието на шефовите на држави и на влади на земјите членки на ЕУ рече дека „Европската Унија во минатото била светилник за многу...

Почнува дводневниот самит на ЕУ во Брисел

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој ќе се разговара и за состојбата на Западен Балкан. Врз основа на нацрт-документот за заседанието, во кој имал увид британскиот весник „Гардијан“, лидерите на ЕУ ќе го обноват своето ветување дека вратата за членство ќе остане отворена за сите кандидати, но истовремено ќе го истакнат значењето на...

Могерини: На Западен Балкан е напнато, потребна е уверлива поддршка од ЕУ

Ситуацијата на Западен Балкан е напната, со предизвици на внатрешен, регионален и на глобален план и потребна е силна и уверлива поддршка од Европската Унија за интеграција на тој регион, изјави денеска во Брисел високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Могерини во пресрет на седницата на министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ, изјави дека за посетата на Западен Балкан ќе...

Могерини ќе поднесе извештај за посетата на Западен Балкан

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска ќе ги брифира шефовите на дипломатија на ЕУ за минатонеделната посета на Западен Балкан, во рамки на која престојуваше во Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и во Босна и Херцеговина. За време на посетата, Могерини ја пренесе пораката дека ЕУ е посветена на интеграцијата на Западен...

Курц предлага создавање центри за бегалци во Грузија или земјите од Западен Балкан

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, се залага за создавање центри за бегалци надвор од територијата на Европската Унија, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пишува германскиот весник „Билд“. - Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално...

Федерика Могерини доаѓа на почетокот на март

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, на почетокот на март ќе допатува во посета на Македонија, како дел од нејзината мини-турнеја во земјите од Западен Балкан, соопшти Европската комисија. Како што информираат од ЕК, Могерини од 1 до 4 март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Целта на...

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд...

Хан за „Цајт“: Во Македонија треба да се постигне промена во еден еволуциски процес

Ако не извезуваме стабилност, ќе увезуваме нестабилност - тоа важи како за Балканот, така и за преостанатото соседство на ЕУ, оценува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за електронското издание на германскиот весник „Цајт“, а во кое зборува и за Македонија, пренесува „Дојче веле“. „Во наш интерес е во ПЈР Македонија да има стабилност и развој...

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата издадена од српските власти за...

„Политико“: Македонија веројатно последна ќе влезе во ЕУ во 2030 година

Ниту една земја од Западен Балкан нема да стане членка на Европската Унија пред 2025 година, пишува европското издание на порталот „Политико“, кое е посветено на работата на ЕУ и на нејзиното проширување. Според овој портал, Македонија најверојатно би била последната земја од Западен Балкан која би се приклучила кон ЕУ. Аналитичарите на порталот сметаат дека Македонија има 50 отсто шанси...

Столтенберг: Слабее напредокот кон НАТО кај дел од Западен Балкан, а се зголемува влијанието на Русија

Состојбите во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) биле една од главните теми на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Брисел, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Столтенберг, на прес-конференцијата, го истакна напредокот на Црна Гора во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...