fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Аврамопулос: Дозволите за влез во ЕУ треба да ја олеснат мобилноста на Западен Балкан

Европскиот систем за патување и авторизација (ЕТИАС), кој дава електронска дозвола за лица од трети земји кои имаат визна либерализиација да влезат во ЕУ, нема намера да ја загрози слободата на движење на граѓаните од Западен Балкан, порача денеска преку соопштение еврокомесарот за миграција и за внатрешни прашања, Димитрис Аврамопулос. - Имаме намера да ја сочуваме блискоста и партнерството и...

Македонија и Западен Балкан ќе бидат приоритет на бугарското претседавање со ЕУ

Главен приоритет на Бугарија за време на претседавањето со Европската Унија (ЕУ) ќе биде Западен Балкан и поддршка на европската перспектива на регионот, изјавила бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на средбата во Софија со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Бугарија ќе продолжи со поддршка на зајакнување на соработката меѓу ЕУ и регионот низ...

Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана од претседателот на унгарското национално собрание, Ласло Ковер, ќе се обрати на осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта. Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: придонес кон стабилноста на...

Младите во регионот имаат негативен став кон имигрантите

Младите од земјите од Западен Балкан имаат негатив став кон имигрантите иако повеќето од нив никогаш не биле во контакт со некој имигрант. Главна причина за негативните ставови што младите ги имаат кон имигрантите е негативната перцепција кон исламската религија. Тоа го покажа истражувањето за перцепцијата и за ставовите на младите за исламофобија и за радикализација, кое е спроведено преку интернет во периодот...

Формиран управен одбор за дигитална интеграција на Западен Балкан

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска во Сараево формираа управен одбор задолжен за активностите околу дигиталната интеграција на регионот, кој, меѓу другото, треба да го подготви и дигиталниот самит на Западен Балкан во 2018 година. Со оваа средба почнаа активностите околу спроведување на Повеќегодишниот акционен план (MAP) за изградба на Регионален економски простор - документ и...

„Самит 100“: Да испратиме порака за регионално единство

„Самит 100“ е одлична можност за премиерите да дадат конкретна поддршка на бизнис-заедницата, порача премиерот Зоран Заев, на обраќањето на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа. Тој додаде дека политичарите треба да ја донесат Европа во регионот бидејќи ако приватниот сектор и бизнис-заедницата одат напред, тогаш и државите ќе постигнат добри економски резултати. - Работиме на унапредување на регионалната соработка...

Булц: Поврзувањето на регионот е клучно за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Западен Балкан има пореални можности за влез во Европската Унија во однс на изминатите 10 години, порача еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која имаше специјално обраќање на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје. Таа рече дека ЕУ има стратегија за проширување и тоа треба да биде голем мотив за земјите од Западен Балкан. - „Самит...

Земан: Во евроинтеграцијата на Западен Балкан, под знак прашалник е Косово

Претседателот на Чешка, Милош Земан, по дводневниот самит на шефовите на државите од Вишеградската група, изјави дека ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но наведе дека Косово е под знак прашалник затоа што сè уште го немаат признаено некои членки на ЕУ. Претседателите на Полска, Анжеј Дуда, на Чешка, Милош Земан, на Словачка, Андрек Киска,...

Захариева: Спроведете ги реформите поради граѓаните, не само поради членството во ЕУ

„Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешно-политички приоритет на Бугарија и ќе биде во фокусот на бугарското претседателство со ЕУ. Апелот до нашите пријатели е: Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите...

Димитров: Ќе ја убедиме ЕУ дека Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство

Сакаме да ја искористиме оваа историска можност и ќе сториме сè за да ја убедиме секоја земја членка на ЕУ и Европската комисија дека Македонија заслужува да премине на следното ниво од нејзиниот европски пат и да почне пристапни преговори со ЕУ во јуни следната година. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на состанокот со...

Ципрас: Ќе се организира средба на врвот на ЕУ за Западен Балкан

Бугарското претседателство со ЕУ ќе организира средба на врвот на ЕУ за Западен Балкан, а ние сме сложни бугарското претседателство да биде всушност балканско претседателство со ЕУ, рече вчера во Варна грчкиот премиер Алексис Ципрас, по четиристраната средба организирана од неговиот бугарски колега, Бојко Борисов, на која учествуваа и романскиот премиер, Михај Тудосе, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. На средбата...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Хан ги оценил иницијативите на Владата за добрососедство и регионална...

Могерини: Очигледно е дека целиот Балкан на крајот ќе биде дел од ЕУ

Ние работиме на тоа секој наш поединечен партнер од Западен Балкан да има перспектива за членство во Европската Унија, изјави високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, во своето обраќање на Бледскиот стратешки форум во Словенија. Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на Европа и дека балканските народи...

Заев: Заедничкиот настап на економски план ќе ги привлече инвеститорите во нашите земји

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска од албанскиот град Драч ја поздрави соработката меѓу земјите од Западен Балкан и порача дека очекува конкретизирање на активностите за реализација на Акцискиот план од Трст за олеснување на економската соработка меѓу државите. - Сега клучен приоритет е да се изгради регионална економска област, да се зајакне економскиот раст и да...

Неформален состанок на премиерите од земјите од Западен Балкан во Драч

Премиерот Зоран Заев денеска во албанскиот град Драч ќе учествува на неформалната средба на претседателите на влади на земјите од Западен Балкан, посветена на регионалната интеграција. На средбата, на која домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан. На состанокот ќе учествуваат...

Хан и лидерите од Западен Балкан во Драч ќе се фокусираат на обврските од Трст

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан утре во албанскиот град Драч ќе присуствува на неформалниот состанок на премиерите на западнобалканската шесторка. Од Европската комисија велат дека во фокусот на состанокот ќе биде имплементирањето на обврските преземени за време на минатомесечниот самит ЕУ – Западен Балкан во Трст, а посебно внимание ќе се посвети на спроведувањето на акцискиот план...

Заев на 26 август на неформална средба со лидерите од Западен Балкан во Драч

На 26 август во Драч премиерот Зоран Заев ќе присуствува на неформална средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција, информираат од владината прес-служба. На средбата, на која домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на...

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната соработка на земјите од Западниот...

Јункер е против брз прием на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, уште еднаш повтори дека е противник на идејата за брз прием на земјите од Западен Балкан, но предупреди на ризикот од повторни војни на Балканот. - Не сум приврзаник на брзо присоединување на Западен Балкан кон ЕУ. Но, ако им се одземе европската перспектива, повторно ќе го преживееме тоа што го преживеавме во 90-тите...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...