Претпладне сончево, попладне со северен ветер и пад на температурите


Скопје, 24 септември, 2018 - 9:23 (META) 

Во првата половина од денот времето ќе биде сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина и од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува силен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 Целзиусови степени.


Сончево и топло, од петок нов влажен бран


Скопје, 3 април, 2018 - 9:08 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, која ќе биде поприсутна во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе бидат од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 20 Целзиусови степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. В четврток сè уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер. Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.


Сончево време со температури до 22 Целзиусови степени


Скопје, 30 март, 2018 - 9:21 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се движеше од -3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 13 и 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 21 Целзиусови степен.

Утре преку ден ќе се задржи сончево и топло време, со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Нќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Во текот на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец, над 70 километри на час. В недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.


Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег


Скопје, 19 март, 2018 - 9:22 (META) 

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне во западните и северните делови од државата.

Максималната температура ќе биде во интервал од осум до 12 Целзиусови степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови. Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.


Температурата утре ќе падне за осум степени


Скопје, 27 октомври, 2017 - 17:49 (META) 

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток, каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.

В недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините.

Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.


Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и пад на температурата


Скопје, 8 септември, 2017 - 19:19 (META) 

Променливо облачно и нестабилно време, со значително заладување, пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен правец ќе преовладува утре во Македонија.

Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. Дневната температура ќе биде за 6 до 10 Целзиусови степени пониска од денешната, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

В недела и в понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечна дневна температура на воздухот. В понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи, но претежно во западните делови од земјава. В понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер, прогнозира УХМР.


Претежно сончево време, попладне можно невреме


Скопје, 12 јули, 2017 - 9:29 (META) 

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и со ретки грмежи.

УВ-индексот ќе биде 9.

Највисоката дневна температура ќе биде барем за два степена поголема отколку вчера. Температурниот максимум ќе изнесува меѓу 31 Целзиусов степен во Мавровско-дебарскиот Регион, до 41 степен на југоистокот на земјава.

Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе услови опаѓање на дневната температура, најпрвин во северните делови, каде ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. В петок во текот на ноќта и в сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во источните и во јужните делови од земјава.

Трендот на намалување на температурата ќе продолжи, така што в недела се очекува таа да опадне за 8 до 10 степени во споредба со утрешната.


Времето денеска врнежливо, кон крајот на денот врнежите ќе се намалат


Скопје, 26 мај, 2017 - 9:10 (META) 

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни особено во претпладневните часови. Од овој влажен бран на повеќе места се очекува да наврнат повеќе 45 литри на метар квадратен воден талог.

Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 14 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 17 Целзиусови степени.


Попладнево можен пороен дожд со грмежи, следува заладување


Скопје, 14 мај, 2017 - 14:41 (META) 

Попладнево во планинските подрачја, особено на северозапад и на североисток ќе има услови за појава на дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со ретки грмежи, предупредува УХМР.

Од утре ќе почне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста, а ќе дува и северен ветер. Сепак, ќе има повремени сончеви периоди.

Утре од попладневните часови и претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и на југоистокот дождот ќе биде пороен и со грмежи. В среда се очекува да наврне поголемо количество, а тогаш и ветерот ќе биде посилен.

Во следнава недела утринската температура ќе биде во постојано опаѓање, а дневната од четврток ќе бележи пораст, прогнозира УХМР.


Локален дожд и грмежи за велигденските празници


Скопје, 13 април, 2017 - 13:45 (META) 

Во текот на велигденските празници во Македонија ќе дојде до влошување на времето, па за Велигден ќе има и краткотрајни поројни дождови со грмежи, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд во планинските подрачја. Температурата ќе се движи од 16 до 27 Целзиусови степени и ќе дува ветер, главно од западен правец, а во Повардарието ќе има ветер со југоисточен правец.

В сабота времето ќе биде главно умерено облачно, а попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи до 2 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 26 степени.

В недела минималната температура ќе биде во интервалот од 5 до 10 Целзиусови степени, а максималната од 17 до 23 степени. Времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со поројни врнежи и со грмежи. Вечерта ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, вели прогнозата на УХМР.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја в недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи и со грмежи. На места се очекува да наврнат и повеќе од 25 литри на еден квадратен метар дожд.

В понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо време.