fbpx
Таг: законот за јазиците

таг: законот за јазиците

Џафери доби кривична пријава од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците

ВМРО-ДПМНЕ поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на Собранието, Талат Џафери за прекршување на Уставот, Законот за Собрание и собранискиот Деловник, поради, за како што велат, неуставното и незаконското донесување на Законот за јазиците. Најголемата опозициска партија го товари Џафери за злоупотреба на службена положба и овластување, со попречување на уставно загарантираното право на пратениците да расправаат...

Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на донесување на законот за јазиците

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за СДК.мк вели дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. - Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека...

Руско МНР: Еди Рама и понатаму ги турка големоалбанските амбиции

Одделот за медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија вечерва порача дека изјавата на албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама, за Законот за употреба на јазиците во Македонија е потврда дека тој и понатаму сака да ја реализира „тиранската платформа“ и да се заканува на уставните темели на македонската државност и на Охридскиот...

Владата: Сите одредби од законот за јазиците се усогласени со членот 5 од Уставот

Владата на Република Македонија реагираше на денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во кое тој објави дека решил да не го потпише указот за Законот за јазиците бидејќи е противуставен, го фаворизира албанскиот јазик и се воведува скап паралелизам во државната власт и ќе доведе до блокада и нефункционалност. Владата вели дека законот е ускладен со Уставот. „Владата на Република...

Иванов не го потпишал указот за Законот за јазиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево објави дека не го потпишал указот за Законот за јазиците, затоа што e, како што рече, неуставен. - Имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската  и пошироката јавност за противуставноста на овој закон, а врз основа на член 75...

Собранието не расправаше за законот за јазиците, пауза до утре поради локалните избори

По подолга пауза, Собранието попладнево ја прекина 15. седница, на која требаше, меѓу другото, да расправа за Законот за употреба на јазиците, со образложение дека сите парламентарни партии имале обврски поради пријавувањето на кандидати за локалните избори. Претходно експресно беше изгласана одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), која беше уфрлена како дополнителна точка. Денешната...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред Џафери, барајќи пауза

Голем број пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија се собраа пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, инсистирајќи да даде пауза. По неколку минути расправање, другите пратеници се повлекоа, а остана Илија Димовски да се расправа со Џафери. Претседателот на Собранието ги обвини пратениците од опозицијата дека сакаат насилно да прават промени. - Мора да се работи според деловникот...

Во Собрание денеска законот за јазиците и интерпелациите за Тевдовски, Алаѓозовски и за Дураку

На својата 15. седница, Собранието на Република Македонија денеска ќе има полни раце работа, со неколку важни точки. Предвидено е најпрвин да се дискутира за предлог-законот за употреба на јазиците, а потоа за минималната плата и за стечајците, сите во прво читање. На дневниот ред се и законот за употреба на македонскиот јазик, како и законот со кој ќе згасне титулата...

Спасов: Македонскиот јазик не е загрозен од Законот за употреба на јазиците

Македонскиот јазик не е загрозен од Законот за употреба на јазиците што е во собраниска процедура, рече проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, на која тој презентираше пет од 25-те мерки за подобрување на состојбата на македонскиот јазик. Новиот состав на Советот за македонски јазик ѝ ги...

Таравари: Законот за јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата

Усогласени се сите страни и нема коалициски пречки за разгледување на законот за јазиците, предлогот ќе помине на владина седница во стоте дена од работата на новиот владин состав, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. - Законот ќе помине во Влада и ќе се испрати во Венецијанската комисија. Ние, како партија, тоа што сме го кажале пред да влеземе...

Владата договори дополнителна координација за законот за јазиците

На 18. седница синоќа, Владата на Република Македонија, покрај за шумските пожари и за проблемот со струшката депонија, расправала и за Законот за јазиците, за стечајните работници, како и за повеќе социјални закони, соопшти владината служба за информирање. Било дебатирано за усвојување на предлог-закон за употреба на јазиците и било договорено да се прави понатамошна координација, односно да се утврдат...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...