fbpx
Таг: закон

таг: закон

Бугарските клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“ ќе треба да ги сменат имињата

Според новите измени на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии кои вчера беа изгласани во Собранието, здруженијата и клубовите „Иван (Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ќе имаат рок од три месеца да ги сменат имињата. Ако тоа не го направат во законски одредениот рок ќе бидат избришани од Централен регистар. Измените на Законот за здруженија...

Штрајкува ЈСП: Студенти не стигнаа на предавања, граѓани пропуштаат ден од работа и термини на лекар

Таблите со информации за возниот ред на автобуските станици ги најавуваат автобусите на ЈСП кои утрово останаа паркирани во автобазите. Главниот град за прв пат во историјата откако има јавен транспорт остана без него. Синдикалците од ЈСП најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека не им биде исплатена платата, а граѓаните кои немаа можност да патуваат со автомобили,...

Турција ќе казнува со затвор новинари кои шират „дезинформации“

Турскиот парламент во четвртокот го усвои законот предложен од претседателот Таип Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе добијат казна затвор до три години за ширење „дезинформации“, и покрај длабоката загриженост за слободата на говорот. Пратениците од владејачката партија на Ердоган и нејзините националистички сојузници, кои заедно имаат мнозинство, гласаа за одобрување на нацрт-законот дури и кога...

Објавен е Нацрт законот за репрогласување на Матка како споменик на природата

Министерството за животна средина го објави Нацрт законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, а јавната расправа за неговата содржина е закажана за 17 октомври. Кањонот Матка е вклучен во Националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување на Европската Унија, а бројните видови од Кањонот Матка се вклучени на прилозите на Директивата за...

С. Македонија има полиберален Закон за прекин на бременост од некои земји-членки на ЕУ [инфографик]

Минатонеделната одлука на Врховниот Суд во Соединетите Американски Држави да го поништи 50 години стариот закон „Ро наспроти Вејд“ со што го одзема легалното право на абортус на жените во САД го стресе светското тло предизвикувајќи големи протести низ целиот свет. Поништувањето на „Ро наспроти Вејд“ дава право на секоја држава во САД одделно да одлучува за регулирање на...

Охрид SOS: Измените на законот за водите не решаваат клучни проблеми

Охрид SOS реагира на предлог-законот за измена и дополнување на актуелниот Закон за водите подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), посочувајќи на неколку неправилности, како што се нагласува. Реагираат на тоа што предлог-законот не е придружен со експлицитна дефиниција за јавен интерес со која се утврдува како приоритет одржливото користење на водите. Се забележува и за...

Шахпаска најави нов закон за вработување на лицата со попречености

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод одбележувањето на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик, учествуваше на тркалезна маса на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“, во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна...

Платформа за борба против корупцијата: Се поткопува владеењето на правото со законот „Бехтел-Енка“ да гради автопати

Со одлуката за носење на посебно скроен закон за изградба на автопатишта со стратешкиот партнер Бехтел и Енка, се поткопуваат темелите на владеењето на правото, реагираат од Платформата за борба против корупцијата која е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување. „Во состојба во која постојат веќе воспоставени начини како...

Законот за користење на податоците од јавниот сектор ќе се усогласува со ЕУ Директивата за отворени податоци

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024). Со цел обезбедување на...

Антикорупциска го оспори пред Уставен суд законот за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Десетина дена откако помина во Собранието на РСМ и беше потпишан од претседателот на државата, Стево Пендаровски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја испрати до Уставниот суд иницијативата за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10д. За законот,...

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...

Норвешка со закон им нареди на инфлуенсерите да го обележат „разубавувањето“ на фотографиите

Норвешка усвои закон којшто е насочен кон уредувањето на фотографиите, кој треба да помогне во решавање на прашањето за сликата на човековото тело во општеството. Имено, законското решение им наложува на инфлуенсерите на социјалните мрежи јавно да го назначат „разубавувањето“ на фотографиите што ги објавуваат, односно уредувањето на нивните фотографии мора да биде наведено во постовите на Фејсбук, Инстаграм...

Со 66 гласа „за“, пратениците го усвоија законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

Собранието на РСМ денеска го усвои Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со ова, Шара станува четвртиот национален парк во земјава, но и првиот прогласен по осамостојувањето. Последното прогласување на национален парк во земјава било во далечната 1958 година. По гласањето на пратениците, се огласи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој...

Министерство за финансии: Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата

Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, информираат од Министерство за финансии. „Денес е префрлена втората транша со износ од...

Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните за Законот за дивоградбите

Во Парламентот повторно ќе дискутираме за Законот за легализација на дивоградби, зашто ако застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50.000 домови на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако вчера претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување...

Филипче побара консензус и обединетост околу изградбата на новиот Клинички центар

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја повика опозицијата да го одблокира донесувањето на новиот Закон за клинички центар, за кој има поднесено 2.000 амандмани, бидејќи граѓаните заслужуваат нов и модерен клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот. Тој рече дека од членот на опозицијата во парламентарната Комисија за...

Ќе се менуваат критериумите за избор на членови во раководните органи на јавните претпријатија

Министерство за економија подготвува измени на Законот за јавните претпријатија, со коишто се предвидува промена во начинот на избор на членови во управните органи. „Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на општината и во име на...

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк оди на усвојување во Собранието

Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието. „Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните...

МОН подготвува нов закон за учебници и наставни материјали

Министерство за образование и наука подготвува нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование со кој се уредува одобрувањето и употребата на учебниците, наставните и другите дидактички материјали во основното и средното образование. „Подобрувањето на квалитетот на учебниците согласно Стратегијата за образование 2018-2025 година е една од приоритетните задачи за да се обезбеди...

Филипче: Граѓаните заслужуваат современ Клинички, пратениците на опозицијата да соберат храброст да го одблокираат Законот

Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание, со кој се овозможува изградба на нов Клинички центар.Тој смета дека партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. „Жалам што со 2.000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...