fbpx
Таг: Закон за заштита на сведоци

таг: Закон за заштита на сведоци

Донесени законите за заштитени сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите

Собранието денеска усвои дел од реформските закони од планот „3-6-9“ на Владата за кои беше потребно двотретинско мнозинство. Законите неколку месеци не беа ставани на дневен ред затоа што најголемата опозициска партија реши да ја бојкотира работата на Собранието. Прв со 86 гласа „за“, без против и воздржани беше изгласан Законот за заштитени сведоци. Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека партијата за овој...

Набиена агенда со пленарки на првиот работен ден на Собранието по Нова година

Собранието денеска, на првиот работен ден по Новогодишните празници, според најавите, треба да ги одржи продолженијата на шест пленарни седници, на кои на дневен ред се Законот за употреба на јазиците и именувањето на Осман Кадриу и Дарко Костадиновски за судии во Уставниот суд. Првата пленарна седници, на кои на дневен ред се точките кои останаа незавршени од минатата година,...

Собранието денеска треба да го именува новиот јавен обвинител

Собранието денеска ќе ја одржи 22. седница, на која прва точка на дневен ред е именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители. На оваа седница, покрај именувањето на јавниот обвинител, на дневен ред се уште седум точки, меѓу кои се и измените на Законот за заштита...

Именувањето јавен обвинител и Законот за заштита на сведоци в сабота пред пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за сабота (25 ноември) ја закажа седницата за именување нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески. Според календарот на седници на официјалната интернет-страница на Собранието, именувањето државен јавен обвинител е прва точка на 22. седница. Трета точка на дневниот ред се измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше...

Јанева: Новиот закон за заштита на сведоци ќе важи додека не се реши статусот на СЈО

Специјалната јавна обвинителка очекува СЈО да стане дел од Јавното обвинителство, задржувајќи го автономниот статус, а дотогаш ќе продолжи да работи на предистражни постапки кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Ова Јанева ги изјави во „Ноќно студио“ на телевизија „Телма“, каде рече оти очекува Собранието бргу да ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кои треба да му овозможат на...

СЈО: Задоволни сме од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци

Специјалното јавно обвинителство е задоволно од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кој наскоро треба да се најде на усвојувње во Собранието. Од обвинителството за „Мета“ велат дека во предложеното законско решение се вградени барањата и сугестиите што СЈО ги дало во текот на подготовката на предлог-законот. - СЈО беше вклучено во работната група за подготовка на предлог-измените на...

Владата ќе предложи измени на Законот за заштита на сведоци

Владата на Република Македонија на денешната 38 седница, донесе одлука да предложи до Собранието на усвојување предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, информираат од владината прес-служба. Според Владата, целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои...

Почна подготовката на Законот за заштита на сведоци што го бараше СЈО

Министерството за правда вчера ја почнало постапката за подготовка на измените на Законот за заштита на сведоци, со кои ќе му се даде надлежност на Специјалното јавно обвинителство да учестува во постапката за заштита на сведоци, односно да бара и да предлага заштита на одредени сведоци кога тоа е неопходно за истрагата. Ова, како што може да се види од...

МВР: Ги исполнуваме обврските од планот „3-6-9“, законот за заштита на сведоци е подготвен

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ги исполнува обврските од реформскиот план „3-6-9“ на Владата и дека дел од нив се целосно реализирани, а останатиот дел ќе бидат исполнети во предвидените рокови. Оттаму информираат дека МВР е носител на активностите кои се однесуваат на реформите во разузнавачките служби, борбата против организираниот криминал и миграционата политика, а министерството учествува и...

СЈО: Не ги коментираме изјавите на Груевски, очекуваме да ни се продолжи мандатот

Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира „политичките“ изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО. „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Што се однесува до Вашето второ прашање, нашите очекувања се следни: продолжување...

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци. За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, ДУИ, ДПА и независните пратеници,...

СЈО: Оставаме пратениците да ги решат законите, ние продолжуваме со истрагите

Специјалното јавно обвинителство му остава на Собранието да го реши прашањето со измените на Законот за заштита на сведоци, велат од СЈО на нашето прашање дали повторно ќе бара од актуелниот собраниски состав да ги донесе измените на Законот за СЈО и на Законот за заштита на сведоци или ќе го чека формирањето на новиот парламентарен состав по изборите...

Трајанов ги врати законите на СЈО за да им даде повеќе време за притисок на ЕУ и на САД

Поднесувањето на законите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Собранието во редовна постапка ја отвора можноста за консултации и за координација меѓу партиите во законодавниот дом, но и со гарантите на Договорот од Пржино (Европската Унија и Соединетите Американски Држави н.з.) околу прифаќањето на предложените измени. Ова е главната идеја за повторното ставање на дневен ред на измените на...

Трајанов ги врати законите на СЈО пред пратениците

Пратеникот Павле Трајанов денеска до Собранието на Република Македонија ги поднесе предлог-измените на Законот за Специјално јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци за разгледување во редовна постапка. Владејачкото мнозинство вчера на пленарна седница гласаше против измените на овие закони, со што Собранието не го поддржа предлогот на опозицијата предлог-измените на законите...

СЈО: Без Законот за заштита на сведоци сме немоќни по некои предмети

Со недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци, се отежнува работата на Специјалното јавно обвинителство, велат од СЈО, по денешната седница во Собранието на која владејачкото мнозинство не ги поддржа измените на Законот за СЈО (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци. - Недонесувањето на Законот за заштита на сведоци ќе ја...

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...