fbpx
Таг: закон за медиуми

таг: закон за медиуми

Државата со закон ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми, но, со предлог законот...

Министерот Алиу се пофали со дигиталните јавни услуги во првите 100 дена

Дигитализацијата, реформите во администрацијата и слободата на медиумите ги посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу како клучни достигнувања во неговите први 100 дена откако дошол на функцијата. Тој рече дека во овие 100 дена била презентирана најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а тоа е „DigitalEra“ - програма за која рече дека драстично...

Ќе имаме помалку пари за уметност ако Македонија го изгуби пристапот до европските фондови

Евроамбасадорот Дејвид Гир на 25 јануари годинава предупреди дека Македонија има опасност да го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини на ЕУ, доколку до 31 мај 2023 година земјава не ја усогласи својата законска регулатива со медиумската директива на Европската Унија. Помина месец и половина од ваквото предупредување на Гир, но македонските институции засега си...

Избегнување на прекумерната медиумска концентрација е една од мерките за заштита на плурализмот

Со осум препораки за идното регулирање на медиумската сопственост во земјава, студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување на експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска дава можности за измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека постојната регулатива...

Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“. Здружението...

Ванхауте: Реформите во медиумите ќе опстојат само ако има политичка волја

Понатамошен значаен напредок може да се постигне за неколку години, под услов Владата, а особено надлежниот министер, да останат вклучени во поддршката на слободното и професионално медиумско опкружување - вели белгискиот експерт во интервјуто за „Вистиномер.мк“ и „Мета.мк“. Питер Ванхауте, медијаторот во разговорите меѓу политичките партии за време на процесот за постигнување на Договорот од Пржино неодамна престојуваше во Македонија по...

Поповски – Ромео: Со законот ќе се обезбеди независно работење на МРТВ и ААВМУ

Се обврзавме на создавање услови за независно и професионално работење на Македонска радио-телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на сите медиуми во Македонија и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се во таа насока, го информирал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски италијанскиот амбасадор Карло Ромео. На средбата, како што информираат од владата, било разговарано...

Нема да го повлечеме Законот за медиуми, вели Манчевски

Законот за аудио и аудиовизуелни услуги нема да биде повлечен, но остануваме отворени за дискусија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во врска со забелешките од одредени здруженија дека законот е противуставен и дискриминаторски. - Би сакал да знам зошто овие здруженија на многуте јавни дебати што ги имавме не го искажаа овој став, туку го...

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. - Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно да се спроведе регулирање на...

Новинарските здруженија се против „владино законодавство“, бараат саморегулација

На македонското новинарство воопшто не му е потребен закон за медиуми, па постоечкиот треба да се укине, а не да се размислува за нова верзија, порача Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) на денешната дебата „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“, која ја организираа Министерството за информатичко...

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза,...

Манчевски: Владата нема да иницира регулирање на работата на порталите

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска соопшти дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми за да се регулира работата на порталите. Сепак, тој додаде дека остануваат отворени за сугестии за законот ако професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. - Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање...

Трајчевски: Независноста на АВМУ ќе се наруши ако се стави под капата на Владата

Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од буџетот ќе ја наруши независноста на институцијата и ќе ја стави под капата на Владата, оцени денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, на отворањето на Конференцијата со регулаторните тела за медиумите од Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и од Словенија, организирана по повод...

Грчкиот суд го прогласи за неуставен новиот закон за медиуми

Новиот закон за медиуми на грчката влада не помина на Уставен суд. Со 14 гласа „за“ и со 11 „против“, судот одлучи дека законот е неуставен бидејќи владата го заобиколила Националниот совет за радиодифузија во аукцијата во која се доделија само четири национални телевизиски концесии. Аукцијата за национални концесии ја спроведе Генералниот секретаријат за медиуми, а не Советот за радиодифузија, кој...

Грчкиот уставен суд ќе му пресуди на новиот закон за медиуми

По долга тензична расправа, со 16 гласа „за“ и со 9 „против“, Уставниот суд ги одобри жалбите на грчките телевизии. Во следниот период ќе има дискусија и одлука дали е уставен новиот закон за медиуми на владата на СИРИЗА, со кој дозвола за работа добија четири телевизии, а исто толку постоечки телевизии останаа без концесија и ќе треба да го...

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се промовираат партиски интереси ниту, пак,...

Груевски: СЈО го изгуби кредибилитетот

Специјалното јавно обвинителство има задача да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ и да му помогне на СДСМ, оцени лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, додавајќи дека СЈО на тој начин го урнало својот кредибилитет. - Прес-конференциите на Специјалното јавно обвинителство, нивните празни пријави кои ги доставуваа за истраги и слично до судовите, укажуваат дека ова обвинителство практично е узурпирано од една група...

СДСМ до Собранието денеска ќе поднесе предлог-закон за медиуми

СДСМ го поддржува предлог законот за реформи во медиумите, поднесен од новинарските здруженија, изјави денеска на прес-конференција, Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека денеска нивната пратеничка група и коалиционите партнери поднесуваат предлог-закон за изменување на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, по скратена постапка со барање за одржување на итна седница на Собранието. -...

Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

Од прочистувањето на избирачкиот список зависи успешноста на спроведувањето на изборите, порача од Штип британскиот амбасадор, Чарлс Гарет. Амбасадорот очекува партиите заедно да работат и да го осигураат спроведувањето на фер и регуларни избори. - Верувам дека изборите сè уште се можни на 5 јуни, но за да се завршат сите обврски, потребно е државата и изборната комисија, политичките лидери и...

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Како што се наведува...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...