fbpx
Таг: Закон за јазиците

таг: Закон за јазиците

Заев e oптимист дека ќе се најде решение за името достоинствено за двете страни

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е оптимист и верува оти ќе биде изнајдено решение за спорот за името кое ќе биде достоинствено и за Македонија и за Грција. Тој потврди дека веќе е договорена средба со неговиот грчки колега Аликсис Ципрас на 24 јануари во Давос. – Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат...

„Социетас цивилис“: Потребна е јавна дебата за Законот за јазиците

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја повика Владата Законот за употреба на јазиците да се даде на мислење на Венецијанската комисија и нејзините забелешки да се вградат во текстот на законот како што е предвидено во планот „3-6-9“. „Потсетуваме дека од 2001 година, Уставот на Република Македонија предвидува употреба на албанскиот јазик на централно ниво, во јасно...

Пораките на Столтенберг се јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат, изјави Тунтев

Обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и пораките што ги испрати се јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. - Столтенберг ги препозна и ги поздрави реформските процеси на Владата кои се основа на нашите интеграции. Тоа ни дава поттик да продолжиме понатаму. Со задоволство ја прифативме пораката на...

Ахмети: НАТО очекува Македонија храбро да ги спроведе реформите

Столтенберг пренесе порака дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство на Македонија во Алијансата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конфереција по неговата средба со генералниот секретар на НАТО. - Ние сме многу благодарни за се што НАТО има придонесено за државата. Столтенберг истакна дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство...

Ѓорчев: Ќе ги поддржиме сите чекори што ќе ја доближат Македонија до НАТО

Ќе ги поддржиме сите чекори кои ќе ја приближат Македонија кон членството во НАТО, рече в.д. координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по средбата на претставниците на партијата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, која ја оцени како „добра и конструктивна“. - Го информиравме Столтенбрег за политичкиот прогон кој се врши во Македонија, која е единствената земја...

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа

Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија и изгласувањето...

Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон...

Кадриу: Функцијата ќе ја извршувам одговорно, сметам дека Законот за јазиците е уставен

Новоизбраниот уставен судија, професорот Осман Кадриу откако положи свечена заклетва во Собранието, изјави дека функцијата ќе ја извршува одговорно и согласно принципите на правната држава. – Покрај привилегиите што го има во битието на оваа функција, овде има компонента на одговорност. Тој мора да биде одговорен, бидејќи вредностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува интересот на...

Собранието го донесе Законот за јазиците и ги изгласа Кадриу и Костадиновски за уставни судии

Пратениците денеска го донесоа Законот за употреба на јазиците и ги избраа професор доктор Осман Кадриу и доктор Дарко Костадиновски за нови судии во Уставен суд на предлог на претседателот на државата. Пратениците со 69 гласа „за“ без воздржани и гласови „против“ го усвои предлог-законот за употреба на јазиците. Според бадентеровото мнозинство, „за“ гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а...

Набиена агенда со пленарки на првиот работен ден на Собранието по Нова година

Собранието денеска, на првиот работен ден по Новогодишните празници, според најавите, треба да ги одржи продолженијата на шест пленарни седници, на кои на дневен ред се Законот за употреба на јазиците и именувањето на Осман Кадриу и Дарко Костадиновски за судии во Уставниот суд. Првата пленарна седници, на кои на дневен ред се точките кои останаа незавршени од минатата година,...

Собранието утре продолжува со работа, ќе се гласа Законот за јазиците и уставните судии

По новогодишните празници Собранието утре ќе одржи шест пленарни седници со по неколку точки на дневен ред. На првата седница за оваа година на дневен ред ќе се најдат изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците. Собранието ќе ги одржи и 26, 22, 11, 13 и 15 седница на кои како точки на дневен ред помеѓу другите...

Несериозно е да се помисли на нови избори во 2018 година, смета Џафери

Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, затоа што Македонија ја чекаат процеси за евроатлантската интеграција и реформи кои треба да се спроведат, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој изрази надеж дека на седницата на 9 јануари, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека...

Нема реконструкција на Владата, в понеделник нови министри

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама во Поградец попладнево изјави дека нема да има реконструкција на македонската влада. Тој рече дека празните министерски места ќе бидат пополнети со нови имиња, кои в понеделник ќе се најдат во Собранието на Република Македонија. На прес-конференцијата по заедничката седница на владите на Македонија и Албанија, Заев рече и дека...

Расправата за законот за јазиците заврши без ниту еден прифатен амандман

Синоќа пред полноќ собраниската Комисија за европски прашања и Законодавно-правната комисија ги завршија трите дена амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Комисијата за европски прашања три дена дебатираше за првиот амандман на Беса со кој партијата предложи да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ побара да стои „Предлог закон за употреба...

Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.

Беса побара Законот за јазиците да се преименува во „закон за албанскиот јазик“

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од Беса не сакаше да ја напушти говорницата откако Груби не му даде збор. Беса преку амандман бараше да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ бараат да стои „Предлог закон...

Втор обид за почеток на амандманската расправа за законот за јазиците

Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот. Артан Груби, претседателот на...

Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

Со почеток во 11 часот, утре во Собранието на Република Македонија, Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Оваа седница за законот за јазиците првично беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој рече...

Иванов ќе го потпише законот за јазиците само ако е во согласност со Уставот

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се произнесе за законот за јазиците откако ќе го добие текстот на законот. - Со внимание ја следам расправата за законот за јазиците, но нацрт-текстот сè уште не пристигнал кај мене, во кабинетот. Кога ќе пристигне и кога ќе го видам, ќе се произнесам за него. Законот мора да биде во согласност со Уставот и со националните...

Ибраимовски: Со законот за јазици не е оштетена ниту една етничка заедница

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимовски, смета дека со предлог-законот за употреба на јазиците не е оштетена ниту една етничка заедница во земјава. – Сметам дека сè е во ред со предлог-законот. Ниедна заедница не е оштетена во тој дел и што е многу битно, сметам дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...