fbpx
Таг: Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

таг: Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ЕК: Наместо државни кампањи, за поддршка на медиумите се потребни одржливи решенија

Македонските власти мислат едно, додека Европската Унија кажува сосема различно во однос на повторното воведување на трошење јавни пари за државни и општински кампањи во медиумите. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година јасно наведува дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка. Ваквата забелешка од Европската...

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето – став на новинарските здруженија

Професионалните новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично им се спротивставуваат на обидите за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Тие сметаат дека предложените измени ќе бидат исклучително штетни за медиумскиот плурализам, независноста на медиумите и слободата на новинарите и медиумските работници во Македонија. Во заедничкото соопштение на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на...

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот...

Медиумите и известувањето за реформите се клучни во пристапувањето на земјава кон ЕУ

Медиумите ќе ја играат клучната улога за на јавноста да ѝ обезбедат објективна, прецизна и фактичка информација за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и за реформите што треба да се спроведат. Токму поради тоа неопходен е независен и професионален медиумски сектор во земјава. Ова денеска го истакна Мари-Мадлен Канелопулу, раководителка на сектор при Делегацијата на ЕУ...

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за степенот на негова регулација. Во...

Алиу: Со дигитализација на јавната администрација нема веќе да се бараат врски за да се дојде до документ

Со дигитализацијата на услугите што ги нуди јавната администрација ќе се подобрат услугите кон граѓаните и ќе се намали т.н. ниска корупција, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека лично за него, дигитализацијата е еден од клучните приоритети во неговиот мандат. Алиу признава дека дигитализацијата бара многу пари и дека државата...

Во караници помина расправата за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Во тензична атмосфера и со низа забелешки од приватните комерцијални телевизии помина втората јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Откако си ги кажаа забелешките, претставниците на дел од телевизиите одлучија да ја напуштат денешната јавна расправа и да не ги сослушаат останатите учесници на настанот. Иван Мирчевски од телевизија „Канал 5“...

Националното законодавство ќе се усогласува со европските медиумски стандарди, објавен е нацрт-законот

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на сајтот на ЕНЕР вчера го објави нацрт-Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со нацрт-Извештајот за проценка на влијанието на регулативата и ГАП Анализа. ГАП Анализата е направена во рамките на проектот на ЕУ со наслов „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на...

Ќе имаме помалку пари за уметност ако Македонија го изгуби пристапот до европските фондови

Евроамбасадорот Дејвид Гир на 25 јануари годинава предупреди дека Македонија има опасност да го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини на ЕУ, доколку до 31 мај 2023 година земјава не ја усогласи својата законска регулатива со медиумската директива на Европската Унија. Помина месец и половина од ваквото предупредување на Гир, но македонските институции засега си...

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на проектот на ЕУ „ЕУ...

Власта во Собрание ќе турка законски измени за враќање на владините реклами

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РСМ доставија предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто е закажан како точка на дневен ред на денешната 91-ва седница на парламентот. Законските измени се предложени од пет пратеници од власта, а со нив се бара бришење на членот 102 од Законот, со кој беше запрено одливањето државни пари...

Законски измени за Програмскиот совет на МРТ и Советот на АВМУ да се бира со 61 пратеник, опозицијата против

Собранието на РСМ на продолжението на 32-та седница треба да ги усвои измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, кој пред пратениците се наоѓа на второ читање. Со законските измени предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство се предвидува во иднина Собранието да ги избира членовите на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) и...

Јавните пари во медиумите и состојбата со МРТ се актуелни, но со делумно исполнети препораки на Прибе

Медиумските експерти, новинарите и менаџерите на медиумите денеска развија опширна дебата околу прашањата за јавните пари во медиумите и состојбата во која се наоѓа Македонската-радио телевизија (МРТ), во рамките на настанот „До каде сме со медиумските реформи?“, што ја организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и во чии рамки се презентираше финалниот мониторинг извештај за медиумските реформи и...

Локални и регионални медиуми поддржуваат промена на членот 102 од Законот за ААВМУ

Иницијативен одбор на локални и регионални медиуми со седиште во Битола ја поддржа владината иницијатива што јавно ја кажа премиерот Зоран Заев за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), јави МИА. Овие медиумски куќи сметаат дека се нашле во тешка финансиска и материјална ситуација, бидејќи општините и јавните претпријатија не...

Заев најави промена на членот 102 од Законот за ААВМУ со што би се овозможиле јавни пари во медиумите

Премиерот Зоран Заев вчера изјави оти верува дека наскоро ќе биде даден предлог од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), односно негова промена, за да може да се помогне на медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија, општини и слично во делот...

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на содржините од...

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, заедно со назначувањето на...

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства од државниот буџет во...

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат. Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет на МРТ им истече во...

Избегнување на прекумерната медиумска концентрација е една од мерките за заштита на плурализмот

Со осум препораки за идното регулирање на медиумската сопственост во земјава, студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување на експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска дава можности за измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека постојната регулатива...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...