fbpx
Таг: заклучоци

таг: заклучоци

Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати за 5 отсто, одлучи Владата

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, одлучија владините претставници на вчерашната 65. седница. На седницата беа усвоени повеќе одлуки. „На предлог на Министерството за образование и наука, Владата одлучи да даде согласност за бројот...

Пендаровски: Ако од бугарска страна пак се спори идентитетот, да се повлечеме од преговорите

По денешната средба со членовите од Советот за безбедност, кажав дека откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам во заклучоците на Влада, да стои дека од денот кога ќе ги зaпочнеме и завршиме преговорите, ако има дополнителни обиди од бугарските власти повторно да споменуваат прашања за македонската историја и идентитет, да не чекаме друг да не блокира, туку...

Вакцините против ковид-19 се очекуваат да пристигнат во првите месеци од следната година

Обезбедени се 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцинација и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот, а во согласност со планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Започнати се преговори и за директна набавка од компании кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку ЕУ за набавка на 200...

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30...

Проширувањето на ЕУ, тема на состанок на министрите од Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Балканот и спроведувањето на заклучоците од Самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес. На состанокот учествуваат и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина...

Владата ги отвори седниците – дневниот ред и записниците достапни на интернет

Јавноста од денеска има можност да ги види дневните редови и заклучоците од сите седници на Владата на нејзината официјална интернет страница. Ваквата новина Владата ја соопшти попладнево, преку својот „твитер профил“. На интернет-страницата е додадено ново „прозорче“ - „Седници на Влада“, каде во табела се наведени датумите, дневниот ред и записниците и соопштијата од седниците со можност за преземање на...

Србија очекува следните три дена да се најде решение за проблемот со извозот во Хрватска

Српскиот министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, очекува во следните три дена да биде најдено решение за спорот помеѓу Хрватска и земјите во регионот, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, а со кој значително се зголемуваат трошоците при извоз на свежото овошје и зеленчук. - Никому не му е во интерес заострување...

Заев ќе им го даде на пратениците договорот со Бугарија да го разгледаат на затворена седница

Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Собранието го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците. Тој рече дека пратениците ќе имаат можност да го разгледаат договорот на седница затворена за јавноста, бидејќи станува збор за документ кој сè уште не е финализиран, односно потпишан. Реакцијата на...

Бошкоски ги повика „браќата и сестри вмровци“ да му дадат поддршка на Заев

Излез од политичката криза преку прифаќање на волјата на најголемиот број граѓани на Македонија и формирање на реформска влада од страна на мандатарот, кој обезбеди 67 мандати. Ова се заклучоците од редовната седница на претседателството на партијата на Љубе Бошкоски - Обединети за Македонија, одржана вчера во Велес, соопштуваат од партијата. На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија,...

ДУИ: За албанскиот јазик, членството во НАТО и во ЕУ и за СЈО не може да има преговарање

Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема префериран партнер во македонскиот политички блок, а интересот за одржување на стабилноста на државата го става над партиските интереси. Ова се заклучоците од денешната седница на централното претседателство на ДУИ. „Свесни за одговорната и за одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички...

Собранието донесе заклучоци за настраданите во поплавите

Собранието вечерва усвои заклучоци за тоа што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета. Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во...

В недела, 14 август, вонредна седница на Собранието за штетите од поплавите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за в недела, 14 август, закажа посебна собраниска седница која ќе биде посветена на состојбите во поплавените подрачја, информираат од кабинетот на Вељаноски. Ова значи дека пратениците ја прекинуваат летната ферија. Според редовниот распоред, првата седница требаше да се одржи 10 дена подоцна - на 24 август. „Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Трајко Вељаноски во договор...

Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука за прогласување на 8 август за Ден на жалост на Република Македонија, како и одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и во тетовскиот регион, кој најмногу беа погодени од невремето, соопштија доцна вечерва од Владата. На седницата донесена е и одлука за доделување на еднократна парична помош во висина од 300.000...

НАТО: Политичката криза ја оддалечува Македонија од членство во Алијансата

Политичката криза во Македонија ја оддалечува државата од членството во НАТО. Ова е еден од заклучоците во завршниот извештај на Самитот на НАТО, кој се одржува во Варшава. „Загрижени сме за развојот на политичките настани во поранешната југословенска Република Македонија, кои ја оддалечуваат земјата од вредностите на НАТО. Ги поттикнуваме политичките лидери во земјата целосно да ги исполнат своите обврски од...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при следењето на изборите, спроведено во периодот меѓу 2 и 5 ноември. Поради „тензичната и фрагилна политичка...

Манчевски: МВР веднаш да ја ограничи брзината за движење низ Скопје на 50 километри на час

Координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, информираше дека на последната седница на Советот биле усвоени предлог-зони за смирен сообраќај и места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 километри на час или помалку. Освен тоа, усвоено било во рок од четири месеци да се изврши мапирање и обележување на таканаречени црни точки, односно...

Градските советници одлучија во Скопје да се вози со 50 км/ч

Советниците на Град Скопје денеска донесоа одлука да се усвојат заклучоците што ги предложија советниците од СДСМ, а се наменети за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Како што информираше денеска на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ, Дамјан Манчевски, дел од предлозите се: намалување на дозволената брзина на движење на возилата на 50 километри на час, изградба на надземни пешачки...

СДСМ за заклучоците на ЕУ: Решавањето на политичката криза е можно само без Груевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поздравува заклучоците на Советот на министрите на ЕУ, пишува во соопштение на СДСМ. „Во заклучоците, Европската унија порачува дека приоритет за Република Македонија е да се решат системските проблеми со владеењето на правото, вклучително и во однос на прекршувањето на основните човекови права, независноста на судството, слободата на медиумите, корупцијата, изборите. Токму овие системски проблеми...

Груевски, Шилегов и ДУИ ги поздравија, но различно ги читаат заклучоците на ЕУ

Политичките партии се задоволни од заклучоците што денеска ги донесе Советот на ЕУ. Од СДСМ велат дека се подготвени да ги почитуваат ако се постигне договор за преодна влада од која Никола Груевски нема да биде дел. Премиерот Груевски, пак, кој ги поздрави заклучоците на својот фејсбук-профил, вели дека ќе продолжат со подигнување на стандардите во сите области. Од ДУИ се задоволни од...

Совет на ЕУ: Лидерите да го почитуваат договорот од 2 јуни

Советот на Европската унија ги објави заклучоците од извештајот за Македонија. Како што е наведно, Советот се надева дека сите лидери на политички партии во Македонија ќе го почитуваат договорот од 2 јуни, кој Советот го гледа како добар почеток за решавање на политичката криза во државата. Објавените заклучоци може да ги видите на оваа страница. Советот е загрижен за ситуацијата...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...