fbpx
Таг: заклетва

таг: заклетва

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денеска се одржа свечена промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. Армиските припадници од редовите на професионалните војници поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, а денеска го добија првиот подофицерски чин. Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека секој кој што пристапува...

Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги е новиот премиер на Италија

Новата италијанска влада предводена од премиерот Марио Драги денеска положи заклетва пред италијанскиот претседател, Серџо Матерала. Новиот премиер, кој е поранешен шеф на Европската централна банка, вчера вечер изјави дека го прифаќа мандатот од претседателот за формирање на новата влада. Владата на Марио Драги ќе има 23 министри, од кои осум се жени. Поранешниот шеф на Европската централна банка, по...

Џолев даде заклетва и стана претседател на Основниот суд во Скопје

Новиозибраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев денеска даде свечена изјава пред членовите на Судскиот совет, со што и официјално стапи на функцијата. Судскиот совет пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“, го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, вршел...

Џон Кели стана новиот шеф на кабинет на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го постави пензионираниот генерал на маринскиот корпус, Џон Кели, за нов шеф на својот кабинет. Трамп на церемонијата на полагањето заклетва во Белата Куќа рече дека Кели „спектакуларно ќе си ја работи работата“. Претседателот на САД претходно на „Твитер“ порача дека нема хаос во Белата куќа, додавајќи дека ситуацијата е „многу добра“. „Најголема вредност на берзата досега, најдобри бројки...

Илир Мета положи заклетва како нов претседател на Албанија

Новиот претседател на Албанија, Илир Мета, формално стапи на должност положувајќи заклетва за време на вонредното заседавање на парламентот. Мета денеска свечено вети дека ќе го почитува Уставот и законите на земјата, дека ќе ги почитува правата и слободите на граѓаните, дека ќе ја брани независноста на Албанија и дека ќе служи на општ интерес и просперитет на албанскиот народ. Поранешниот...

Вучиќ положи заклетва, се степаа неговите поддржувачи и противници

Досегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, денеска положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија, со што и официјално ја презеде должноста претседател во наредниот петгодишен мандат. На специјално изработен примерок на српскиот устав и реплика на Мирославовото евангелие, Вучиќ се заколна дека како претседател „сите свои сили ќе ги посвети на зачувување на суверенитетот и на целовитоста на територијата...

Најавени протести во Белград по повод заклетвата на Вучиќ за нов шеф на државата

Досегашниот премиер и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе положи заклетва пред пратениците во собранието на Србија и ќе ја преземе должноста шеф на државата. Според пишувањата на српските медиуми, Вучиќ ќе ја положи заклетвата над специјално изработен примерок на уставот на Србија, на кој заклетва ќе полагаат идните претседатели, а под уставот на говорницата ќе се наоѓа...

Тилерсон положи заклетва како нов државен секретар на САД

Новиот американски државен секретар, Рекс Тилерсон, положи заклетва откако Сенатот го одобри неговото именување и со тоа и официјално стапи на должност. Американскиот претседател Доналд Трамп за време на церемонијата во овалната соба, рече дека „дошло време на надворешните работи да се гледа со јасен фокус“. Тој го пофали искуството на поранешниот извршен директор на „Ексон мобајл“ и рече дека животот...

Новата естонска влада положи заклетва

Новата естонска коалициска влада денеска положи заклетва на церемонија во парламентот во Талин. Кабинетот на премиерот Јуриј Ратас, кој го сочинуваат 15 членови, ќе ја замени владата на Тави Роивас, кој поднесе оставка од функцијата премиер бидејќи му беше изгласана недоверба во собранието. Ратас кој е поранешен градоначалник на Талин, ја предводи тричлената коалиција во која се наоѓаат неговата Естонска партија,...

Шпанија доби влада по 10 месеци криза

Шпанскиот конзервативен лидер Маријано Рахој положи заклетва за местото премиер на Шпанија. Рахој ја положи заклетвата пред кралот Фелипе, со што се стави крај на десетмесечната политичка криза во земјата. Маријано Рахој вчера во шпанскиот парламент доби поддршка за состав на новата влада. Се очекува новиот премиер в четврток да го соопшти составот на владата. Народната партија, на чие чело е Рахој,...

Пет лица од Косово осудени за тероризам

Косовскиот суд им одреди затворска казна на пет лица поради тероризам. Казните се движат од четири до 13 години затвор, а досудени се поради учество во Исламска држава. „Нивната цел била да положат заклетва на терористичката организација Исламска држава и да објават на интернет за да се покаже присуство на Исламската држава на Косово“, се наведува во пресудата на судот. На...

Новиот исландски премиер положи заклетва

Новиот исландски премиер, Сигурдур Инги Јохансон, денеска положи заклетва на функцијата откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот со „Панама пејперс“, јавуваат светските агенции. Одлуката Јохансон да биде именуван за премиер ја донесе исландската владејачка коалиција од десниот центар. Јохансон, кој е поранешен министер за риболовство и за земјоделство, ја презеде владата од Сигмундур Гунлаугсон и треба да ја води земјата...

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер. Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА - Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно ќе замине во Брисел на...

Новата грчка влада положи заклетва

Новата грчка влада положи заклетва и веднаш почнува со работа и со анализа на мерките и на барањата на кредиторите. Владата и премиерот Алексис Ципрас ги очекува брз тест, ново гласање во парламентот в среда, за вториот итен пакет приоритети договорен со европските институции. Реконструираната влада со 10 старо-нови протагонисти на министерски и на заменички позиции, во Грција ја оценуваат...

Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

Оваа 24та генерација војници на доброволно служење во АРМ
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, 226 војници дадоа свечена заклетва, а меѓу нив и 14 девојки. Оваа 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија ќе има интензивна тримесечна обука. На свеченоста беше присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека вработените во Министерството и припадниците на Армијата ќе сторат сè за да придонесат за развојот...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...