fbpx
Таг: закани

таг: закани

Новинар од „Порталб“ доби закани по објава на текст за Блерим Беџети

Новинар што работи во порталот на албански јазик „Порталб“ (portalb.mk) денеска доби закани, откако на овој медиум беше објавен текст за можни злоупотреби на службената положба од страна на поранешниот министер за правда и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети. Случајот бил пријавен во полиција, а биле известени и Здружението на новинари, Делегацијата на Европската Унија, како и други надлежни органи. Во...

Шилегов: Обвинителството да не соучествува, туку да го расчисти насилството во Собранието

Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието, каде се случи загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари и вработени во Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. Тој нагласи дека кривичните дела сторени во Собранието мора да се решаваат брзо...

Гутереш ги повика лидерите на земјите да ги спречат заканите за новинарите

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика лидерите на земјите и граѓаните да се спротивстават на дезинформациите и да ги спречат заканите за новинарите секаде во светот. - Слободата на медиумите ги унапредува мирот и правдата за сите и таа е клучна во борбата против дезинформациите. Потребна е заедничка борба...

Албанската пратеничка Месила Дода посилно ќе се бори за Илирида, мотивирана од заканите

Албанската парламентарка Месила Дода, позната по својот екстремизам, на својот фејсбук-профил постираше принтскринови од закани од, како што тврди таа, македонски граѓани. Дода, пратеничка од Партијата за праведна интеграција и единство, во своето обраќање преку социјалните мрежи пишува дека постојано добива закани кога и да се позанимава со ситуацијата на Албанците во Македонија. Вели дека ако се осмелуваат да се...

Зголемени безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозиција

Безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, се зголемени откако се појавија информации дека добил смртни закани, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Заканите по живот следат по последните јавни расправии меѓу власта и опозицијата. Информацијата ја потврди и претседателот на Албанија, Бујар Нишани, кој истакна дека се зголемени безбедносните мерки. Премиерот Еди Рама вчера соопшти...

ЗНМ: Стрмоглав пад на медиумските слободи и влошување на состојбата на новинарите

„Владата во 2016 година ги користела сите инструменти на власта за да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Претседателот на ЗНМ презентираше и бројки...

СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

Никола Груевски не смее да се заканува со насилство, тоа е противуставно и дело казниво по закон, порачуваат од СДСМ во утринското соопштение. Од партијата нагласуваат дека многу бргу ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и „новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите во Република Македонија“. „Груевски не е народот....

Закани за претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ

Саша Јанковиќ, кандидатот на граѓанската проевропска опозиција на претседателските избори во Србија, вели дека пријател од Безбедносно-информативната агенција (БИА) му рекол дека нема да биде безбедно за него да влезе во вториот круг на претседателските избори, оти може да се случи „сешто“. Во интервјуто објавено денеска на порталот „Инсајдер“, кандидатот на групата граѓани „За Србија без страв“ вели дека не...

И покрај судска забрана, вознемирувал и се заканувал на охриѓанка

И покрај тоа што во декември минатата година добил судска забрана да контактира со 23 годишна охриѓанка, како и да ѝ се приближува, 27-годишен жител на струшкото село Франгово продолжил со закани и малтретирање, поради што доби нова кривична пријава, соопшти СВР Охрид. Охридската полиција поднела кривична пријава за неизвршување судска одлука против 27-годишниот М.М. Нему со судско решение издадено...

Една година тепање: Новинарите во Македонија станаа прва и крвава вест

Новинарите во Македонија во последнава година наместо автори на вести, самите станаа вест. Таков е и последниот случај со бруталното претепување на снимателот и на новинарот на „А1он“, Влатко Желчески и Александар Тодески, кој се надоврза на низата физички напади врз новинарите, било во текот на извршување на работните задачи или во друго време. Во изминатава година оштетувањата на...

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на СВР Охрид. „Пред две недели добив...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

ЗНМ ги осуди заканите на Есад Рахиќ кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата во интервју за „Телевизија 24“ ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица. „Ваквите непримерни изјави преставуваат директен...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос. „Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението...

Амбасада на САД: Заканите ги пријавуваме во МВР, но не бараме кривично гонење

Амбасадата на САД во Скопје ги информира македонските власти за заканите што доаѓаат до нив од разни извори, но не побарала сторителите да бидат правно гонети, туку тоа го остава на надлежните институции во земјава, велат од американската амбасада на прашање на „Мета“ во врска со кривичната пријава поднесена од МВР против скопјанец кој му се заканувал на амбасадорот Џес...

МВР поднесе пријава против скопјанец што му се заканувал на Бејли на „Фејсбук“

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против 34-годишниот скопјанец Т.Т., кој се товари дека преку коментари на „Фејсбук“ индиректно им се заканувал на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и на неговото семејство. Скопјанецот, според МВР, е осомничен за кривичното дело повреда на углед на странска држава. „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава...

Се заканувала зашто внукот ѝ го преместиле во друго одделение

Откако дознала дека наставничкиот совет во училиштето решил нејзиниот внук да го премести од едно во друго одделение, 51-годишна штипјанка се јавувала во училиштето и се заканувала на раководството, соопшти СВР Штип. За заканите упатени во вторникот, беровската полиција поднела кривична пријава против Д.Б., која ја товари за загрозување на сигурноста.

Заканите на Дачиќ се пукање во празно, оценува српски „Блиц“

„Пукање во празно“ би можеле да се наречат „заканите“ на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на сметка на соседните држави, Црна Гора и Македонија, коментира денеска српскиот весник „Блиц“. Дачиќ во новогодишното интервју за „Бета“ наведува дека Србија игра конструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот и дека не станува збор за некаква одмазда, но истакнува дека одвај...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...