fbpx
Таг: закана

таг: закана

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот. Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански град, поради зголемена опасност од...

Интерпретирајќи го претседателот Радев, бугарски портал ја промаши изјавата

Во навистина куса вест за средбата вчера на бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, бугарскиот портал „Аларма“ си дозволи прекажување, односно слободна интерпретација на изјавата на Радев. И притоа сосема погрешно ја пренесе изјавата, односно ја прекрои изјавата и изнесе невистини за тоа што го...

Обвинение за Тони Михајловски за закани кон Бранко Тричковски

Основното јавно обвинителство соопшти дека е поднесен обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски во јуни минатата година. „Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во...

Закани за бомби принудно слетаа девет авиони во Јужна Америка и Грција

Девет авиони итно ги променија рутите откако авиокомпании во Јужна Америка и Грција добиле закани за бомби. По истрагата е откриено дека нема експлозиви. Целиот инцидент следувал по добиени закани до различни авиокомпании и цивилните авијациски власти, а полицијата се обидува да го дознае нивното потекло, пишуваат странските медиуми. „Отсекогаш сме наоѓале по некој напуштен куфер или торба, но ова...

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко прашање и амандманите се донесени...

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/948322497602220032 Заканите на Трамп следуваат по острите реакции на Палестинците на...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ќе ја запали општинската зграда, по што заминал. Како што извести полицијата, случајот бил пријавен вчера, пет часа по заканата.

Непознати лица се заканувале со молотов коктел за гласање во Советот на Гази Баба

Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба. Како што пријавила во полиција И.Т. двајцата на возраст од околу 50 години, дошле со „мерцедес“ и понудиле помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место...

СДСМ Карпош го осуди инцидентот пред штабот на ГРОМ

Општинската организација на СДСМ од Карпош преку соопштение го осуди насилството и синоќешниот инцидент што се случи пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде едно лице излезе од автомобил, извади лисици и нож и им се закануваше на присутните. „Очекуваме надлежните институции во најкус рок да го расчистат случајот докрај и сите виновници да бидат изнесени пред лицето на правдата...

Трамп ѝ се закани на „Ен-би-си“ со одземање на лиценцата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повторно ги нападна медиумите, кои, според него, шират лажни вести и праша дали треба да им бидат одземени дозволите за работа. „Со сите лажни вести кои доаѓаат од „Ен-би-си“ и од мрежите, кој момент е соодветен да им бидат оспорени лиценците? Лошо за земјата!“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/918112884630093825 „Ен-би-си“ претходно денеска пренесе дека Трамп сака...

Закана за убиство на градоначалничкиот кандидат на Беса за Сарај

Закана за убиство вчера пред 17 часот добил кандидатот на Беса за градоначалник на општина Сарај, Башким Бакиу, објави „Порталб“. Случајот во полиција го пријавил Бакиу. Според СВР Скопје, вчера, околу 19 часот, во Полициската станица Центар дошол Башким Бакиу, жител на селото Љубин, и кажал дека во текот на денот добил СМС со заканувачка содржина на неговиот мобилен телефон....

Претресен авион на „Туркиш ерлајнс“ во Германија

Авион на „Туркиш ерлајнс“ е запрен на аеродромот „Келн-Бон“ додека се движел по пистата. Сите 111 патници се префрлени со автобуси до терминалите, а во леталото се внесено кучиња трагачи. Германските власти го претресле авионот, по анонимен заканувачки повик. Повикот бил добиен во 8.15 часот, а според федералната полиција, истиот бил веродостоен за да се изврши претрес.

Трамп ја продолжи важноста на црната листа за Македонија – 10 лица се закана за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да ја продолжи важноста на т.н. „закана по националните интереси на САД“ од регионот на Западен Балкан, документ кој беше донесен во јуни 2001 година од Џорџ Буш. Со него се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и тој пропишува дека од овие сè уште земји постои закана од „лица кои помагаат...

Русија: Амбициите на Северна Кореја се директна закана за Москва

Заменик-министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин, денеска изјави дека амбициите на Северна Кореја во поглед на нуклеарните оружја се „директна закана“ за Русија, јавуваат светските агенции. „Тоа не е само систем за противракетна одбрана, туку има конкретна цел. Затоа претставува вознемирувачка и директна закана за Русија. Наш принципиелен став е дека на тој начин се зголемува напнатоста во регионот“, рекол...

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“. „Бидејќи сум многу активен претседател а многу работи...

Голема антитерористичка акција ноќеска во германскиот град Офенбург

Полицијата во германскиот град Офенбург, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, во текот на ноќта изведуваше голема антитерористичка акција поради „наводна закана за напад“, јави германскиот весник „Франфуртер алгемајне цајтунг“. Офенбург е град на десниот брег на реката Рајна, на самата германско-француска граница, а од другата страна е францускиот Стразбур, каде е едно од двете седишта на Европскиот парламент и неколку меѓународни...

Кандидатите на Трамп за шефови на ЦИА и на Пентагон предупредуваат на закана од Русија

Кандидатите за шефови на Пентагон и на ЦИА што ги предлага новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, на сослушувањата пред Сенатот, предупредија на заканата на Русија кон НАТО. Генералот Џејмс Матис и Мајк Помпео ја посочија вмешаноста на Москва во хакерските напади на Демократската партија на САД. Генералот Џемјс Матис, кој е номиниран од Трамп за министер за одбрана, пред Комитетот...

Раководството на Русија стои зад хакерските напади, тврдат шефовите на американското разузнавање

Шефовите на разузнавачките служби на САД денеска предупредија дека Русија е најголемата закана за американските интереси и дека зад хакерските напади и објавувањето документи на Демократската партија на САД стои највисокото раководство на Русија. „Според нашите проценки, само највисоките руски функционери можеле да ги одобрат неодамнешната кражба и објавувањето податоци во врска со претседателските избори“, истакнаа денеска во заедничко соопштението до...

Повратниците од војните – безбедносна закана за регионот

Повратниците од војните, насилниот екстремизам, тероризмот, исламскиот фундаментализам и странските борци се клучните предизвици со кои се соочува цела Европа и претставуваат безбедносна закана за регионот. Ова е општиот став на експертите кои денеска расправаат на конференцијата „Менаџирање и преговори во кризни ситуации“, што се одржува во Охрид. За да се совладаат предизвиците, полициските сили од регионот заеднички соработуваат и ќе се...

Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

Француската амбасада во престолнината на Турција ќе биде затворена на неопределено време, соопшти амбасадата. „Амбасадата на Франција во Анкара, како и конзулатот, ќе бидат затворени од среда, 13 јули , сè додека не се добие дополнителна информација“, стои во соопштението. Претходно француските дипломати во Турција ја откажаа прославата на националниот празник 14 јули. „Информациите што ги поседуваме покажуваат дека постои сериозна закана и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...