fbpx
Таг: загриженост

таг: загриженост

ИРИ: Граѓаните се најзагрижени за влезот во ЕУ, невработеноста, пандемијата и достапноста на вакцини против ковид-19

Најновото национално истражување на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува најголема загриженост кај граѓаните на Северна Македонија за темпото на пристапување кон ЕУ, за невработеноста и достапноста на вакцини против ковид-19. Освен тоа, граѓаните на Северна Македонија се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен. Анкетата покажа...

Стејт департментот бара од Косово да не се укинува специјалниот суд за воени злосторства

Американскиот Стејт департмент изрази длабока загриженост поради обидите на косовскиот парламент да го укине законот за новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за злосторства извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Вчера и Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека го оценува како прогрешен...

Амбасадата на САД загрижено праша: Има ли идеи за намалување на загадувањето?

Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава. Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“. „Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист...

Русија ќе ѝ продаде на Турција ракетен систем вреден над две милијарди долари

Руската државна фабрика за оружје „Ростек“ потврдила дека договорот за продажба на ракетниот одбранбен систем С-400 на Турција надминува две милијарди американски долари, јавуваат руските државни медиуми, пренесува ХРТ. Американски воени претставници и политичари изразија загриженост поради намерата на Турција, која е членка на НАТО, да купи софистициран ракетен систем од Русија, како и поради сè посилните сигнали од Анкара...

Хелсиншки: Законот за минимална плата не гарантира дека работниците ќе ја добијат

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска изрази загриженост од измените на Законот за минимална плата бидејќи, иако таа е зголемена на 12.000 денари, сепак, во законот и понатаму остануваат одредбите за исполнување на нормиран учинок како услов за исплата на минималната плата. Поради ова, велат од Хелсиншки, Законот не нуди гаранција дека работниците од сите сектори ќе ја остваруваат законски...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе...

Ахмети: Постои можност за поттикнување немири во земјава за геополитички интереси

Новата реформска влада ќе се формира наскоро, а новоименуваниот претседател на Собранието го врши својот дел од обврските за да се олесни и да се забрза овој процес, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешната средба со специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ, амбасадорот Кристијан Штрохал, и со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. Ахмети и Штрохал разговарале...

Могерини: Тоа што го видовме во Скопје е многу тажно за сите нас

Тоа што го видовме вчера во Скопје е особено загрижувачко и многу тажно за сите нас, изјави денеска во Валета на Малта, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Синоќешните случувања во македонското собрание беа првата тема што пред новинарите ја отвори Могерини, непосредно пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите...

Битолски средношколци со неписмени соопштенија се повикуваат на протести

„Бојкотираме за да учиме на македонски јазик, не бојкотираме за партија!“ Вака гласи повикот на социјалните мрежи со кои средношколци од повеќе училишта во Битола ги организираат своите соученици да ја прекинат наставата и да излезат на протести. Притоа, се повикуваат претседателите на класовите да прават списоци и да бележат кој сè излегол на протестите. Протестот кој беше најавен за...

Народен правобранител: Да престанат обидите за политичко инволвирање на учениците

Народниот правобранител на Република Македонија денеска, преку соопштение, изразува сериозна загриженост за обидите за инвловирање на деца во протестите што се организираат во повеќе градови во земјава. Омбудсманот истовремено ги осудува настапите на раководни лица во училиштата и ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш, секој во рамките на своите надлежности, да...

Сите повици, совети и сугестии до Иванов да ја ревидира одлуката

Генералниот секретар на ОБСЕ, двајца еврокомесари, неколку министри на земји членки на ЕУ, амбасадорот на САД во Македонија, министерката за надворешни работи на Канада и заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања досега побараа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ, кој обезбеди 67 пратенички потписи, односно...

Заев со амбасадорите: Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска имал средба со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. На средбата, како што соопштуваат од партијата, била изразена загриженост од кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11 декември. Лидерот на СДСМ пред...

Студентите Турци на Универзитетот во Штип загрижени од одлуката на Анкара за дипломите

Неизвеснот и загриженост кај турските студенти на Универизитетот „Гоце Делчев“ во Штип предзвика одлуката на властите во Анкара да го укинат договорот со Македонија за меѓусебно признавање на дипломите на сите образовни нивоа. Одлуката е донесена во декември минатата година, а на сила стапува на 11 февруари годинава. На Универзитетот во Штип има 25 дипломирани турски државјани, а во моментов таму студираат 107 студенти...

Бројот на раселени во Ирак можно е да се зголеми за уште еден милион луѓе

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска соопшти дека речиси уште еден милион луѓе во Ирак можно е да ги напуштат своите домови поради борбите со милитантите на Исламска држава (ИД), особено во градот Мосул, јавуваат светските агенции. Во Ирак веќе има околу три милиони раселени лица од почетокот на војната против ИД, која пред две години зазеде големи делови од...

САД се соочуваат со првите случаи на заразени со вирусот зика на домашно тло

Соединетите Американски Држави најверојатно се соочуваат со првите случаи на лица заразени со вирусот зика на домашно тло, сооштиле денеска здравствените власти на САД, пренесува „Би-би-си“. Загриженоста следува откако кај четири лица од американската сојузна држава Флорида бил констатиран вирусот, а кој, според информациите, не бил пренесен преку сексуален контакт или за време на патување во регионите каде е присутен...

ЕЦРИ за Македонија: Политичарите јавно да го осудат говорот на омраза

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕЦРИ) при Советот на Европа во својот најнов извештај за Македонија, објавен на 7 јуни, оценува дека во земјава постојат прашања што предизвикуваат загриженост и ги повикува политичките лидери јавно да го осудат говорот на омраза. Во извештајот се истакнува дека и покрај напредокот на одредени полиња изминатите неколку години, сепак Кривичниот законик на земјава сè...

Берлин: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство. - Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението...

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу...

Билт: Пропаднатите преговори во Скопје се причина за загриженост

Поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, на својот твитер-профил ја сподели загрижноста од пропаднатите преговори за решавање на политичката криза во Македонија. „Се чини дека разговорите за решавање на политичката криза во Скопје пропаднаа. Што претстои? Причина за загриженост“, напиша Билт. https://twitter.com/carlbildt/status/723134079047180288  

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...