fbpx
Таг: заговор

таг: заговор

Ново обвинение против Трамп и неговите сојузници во Џорџија поради изборите во 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за обид да го поништи изборниот пораз во 2020 година во американската сојузна држава Џорџија. Трамп, кој е водечки републикански кандидат за претседател и на изборите во 2024 година, е обвинет заедно со 18 негови соработници, пренесува Би-би-си. Обвинителката на Џорџија, Фани Вилис, првпат започна истрага против Трамп и соработниците во февруари 2021 година...

На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува Лиз Трас

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Русија дека инвазијата на Украина ќе доведе до загуба на животи од размерите на советско-авганистанската војна, јавува Гардијан. Говорејќи на Институтот Лови во Австралија, министерката Трас го повика Владимир Путин да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи голема стратешка грешка. Во своето излагање, таа го врами...

Вистиномер: Ем невистини, ем антисемитизам во теорија на заговор за Ковид-19

Обвинувањето дека зад ковид-19 пандемијата стои еврејско-болшевичка револуција со крајна цел воведување тоталитарен режим, претставува уште една теорија на заговор што се шири по социјалните мрежи, а е со ништо поткрепена. Таа лага носи подеднакво две опасности – ем сее неверување за коронавирусот, ем сее говор на омраза, , пишува „Вистиномер.мк“. Пост објава на Фејсбук со лажна содржина внесува забуна и опасен...

Вистиномер: Виралниот документарец „Пландемик 2“ плете теорија на заговор со ковид-19 во главната улога

Во својата најнова проверка на фактите и борбата против дезинформациите, „Вистиномер.мк“ го анализира документарецот „Пландемик 2“, којшто се споделува на социјалните мрежи. Тврдењата дека пандемијата на ковид-19 е само контролирана ситуација, изнесени во документарецот, не се засновани на фактите, заклучува анализата, којашто ја пренесуваме подолу. Пандемијата на ковид-19 е контролирана здравствена криза во светски рамки, за полесно да се натера...

„Ало“ од мува прави слон и шири омраза кон Македонците и Албанците

Во напис „Шиптарите, Македонците и крвникот Ориќ ја сакаат главата на Вучиќ“ објавен на 29 декември минатата година, таблоидот „Ало“, познат како еден од најгласните поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги обвини и Албанците на Балканот и Македонците дека по секоја цена сакаат да го урнат угледот на Вучиќ, претставувајќи го како нарачател на убиство. Пишувајќи за тврдењата на...

Амбасада на САД: Тврдењата на Лавров се апсурдни

Апсурдни се обвинувањата дека Соединетите Американски Држави се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, изјавиле од Амбасадата на САД во Скопје за „Нова ТВ“. Реакцијата на Амбасадата на САД е во врска со неодамнешната изјава на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој го обвини Западот дека стои зад актуелната политичка криза во земјата и врши притисок врз премиерот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...