fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Бомбардирање во Иран на годишнината на смртта на генералот Солеимани, најмалку 50 загинати

Бомбардирање во кое загинаа најмалку 50 лица се случи денеска во Иран, на одбележувањето на годишнината од смртта на генералот Касем Солеимани. Била таргетирана толпата луѓе која ја посетувала церемонијата за четвртата годишнина на смртта на иранскиот генерал, кој беше убиен од американски сили за време на мандатот на Доналд Трамп. Според националната иранска телевизија, две бомби експлодирале во толпата луѓе...

Русија во новогодишната ноќ ја нападнала Украина со рекорден број дронови

Украина соопшти дека во новогодишната ноќ, Русија кон неа лансирала рекордни 90 дрона, при што 87 од нив биле соборени. Станува збор за дронови од иранско производство „Шахид“. Цел на дроновите била и околината на градот Лвив на крајниот запад на Украина. „Непријателот користеше рекорден број јуришни дронови“, се вели во соопштението од Военото воздухопловство на Украина. Дополнително, извршени се и напади...

Русија убила 513 деца од почетокот на инвазијата на Украина

Како резултат на руската инвазија на Украина што почна на 24 февруари 2022 година, досега 513 деца во земјата ги загубиле животите, а 1.161 дете биле повредени, известува украинската државна новинска агенција Укринформ пренесувајќи го соопштението на Генералното јавно обвинителство на Украина. „Повеќе од 1.674 деца станале жртви на војната во Украина, како резултат на целосната оружена агресија од страна...

Украинските сили собориле ракета „кинжал“ над Кијив и 14 руски дронови

Руските воздушни напади врз Украина не стивнуваат во однос на изминатите денови, но и украинските вооружени сили успешно возвраќаат, па така вчера попладнето Противвоздушната одбрана успешно соборила руска хиперсонична ракета „Кинжал“, односно Kh-47M2, над главниот град на Украина, Кијив, извести украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руските агресорски сили истрелале три ракети Кинжал околу 14:15 часот од авиони над руска територија,...

Интензивни борби во Авдиивка во Украина, украинските сили возвраќаат на руските напади

Ситуацијата во областа Авдиивка во украинскиот регион Донецк и во текот на изминатото деноноќие била тешка, со голем број руски офанзивни дејствија, на коишто сепак украинските одбранбени сили ефикасно реагирале, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руската офанзива почна пред два дена, со поддршка од оклопни возила кај Авдиивка и Маринка. Се вршеле и се вршат и воздушни напади, како...

Големи воени акции во Газа, Израел напредува во Хан Јунис

Во текот на ноќта, во Појасот Газа во Израел продолжија жестоките борби во градот Хан Јунис, додека Израел со целата воена моќ продираше во градот, откако од САД беа блокирано последните меѓународни напори да сопрат судирите и испратија дополнителна муниција на својот цврст сојузник, пишуваат светските новински агенции. Израел се соочува со меѓународно-организирано противење и повици за прекин на судирите...

Многу жртви во Источна Европа по првиот обилен снег

Обилните снежни врнежи оваа недела во првиот голем студен бран сезонава низ источноевропските држави резултираа со бројни жртви и оставија илјадници градови и села без струја. Во Молдавија, изминатиот викенд четири лица биле пријавени за починати, а две тела биле извлечени од автомобили затрупани под снежните наноси, пишува Гардијан. Во Украина, во силните снежни бури загинаа 10 лица во регионите Одеса,...

Во сообраќајни несреќи на македонските патишта годинава до август починале 85 лица

Во светот годишно околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Северна Македонија, минатата година 124 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа, додека 3.834 биле повредени, информираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни...

Илјадници украински деца се однесени во Белорусија, покажува истражување на универзитетот Јеил

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и седумнаесет години биле однесени во објекти низ Белорусија по руската инвазија врз Украина, обелодени истражувањето објавено од американскиот универзитет Јеил. Многу од децата биле изложени на политичко и културно образование и воена обука за да им служат на политичките интереси на Белорусија и Русија, пренесува Укринформ. Извештајот открива дека службениците вклучени...

Кијив и околината на Москва повторно цел на напади

Руските сили го нападнаа главниот град на Украина, Кијив, во текот на ноќта, а воздушни напади напади имаше и во источниот и јжниот дел на Украина. Руските власти, пак, соопштија за напади врз области околу главниот град на Русија, Москва и околу западниот руски град Смоленск, јавија новинските агенции. Балистичка ракета Искандер-М била соборена од украинските сили додека се приближувала...

Манипулација за минимизирање на украинските жртви од руската агресија

Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како...

ОН: Луѓето во Газа веќе не бараат леб – бараат вода

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се спротивстави на зголемениот притисок од САД за „хуманитарна пауза“ за да се заштитат цивилите и да се дозволи поголема помош во Газа. Тој тврди дека нема да има привремен прекин на огнот додека не се ослободат 240 заложници држени од Хамас, пренесува Асошиејтед Прес. Американскиот државен секретар Антони Блинкен го оствари своето трето патување...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

Најмногу руски напади врз Украина во изминативе 24 часа од почетокот на годината

Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во Украина во изминативе 24 часа, што претставува најголем број на руски напади во еден ден од почетокот на годинава. Нападите резултирале со смртни случаи и повредени лица. „Во текот на денот непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број погодени градови и села од почетокот на годината“, објави...

Израел продолжува со нападите во Газа, спасен првиот заложник

Израелската пешадија врши напади врз милитанти и инфраструктура на Хамас во северниот дел од Појасот Газа, додека воената авијација врши воздушни напади. Понесен од првото спасување на израелски заложник што беше држан од милитантното движење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли идејата за примирје и вети дека ќе го уништи капацитетот на Хамас за владеење во Газа или...

Израел-Хамас: Речиси секој преживеан бил сведок како умира некој друг, пред самиот да биде повреден

По предупредувањето од главната болница во Газа на југот на енклавата дека ќе престанат да се вршат интервенции поради недостиг на гориво, следуваше апелот на шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш за итен хуманитарен прекин на огнот. Потребно е примирје, рече тој пред Советот за безбедност во вторникот, за да се олесни епското страдање, да се направи испораката на помош...

Жестоки борби меѓу украинските и руските сили кај градот Авдивка

Руските и украинските сили водат жестоки борби во околината на градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува весникот Гардијан. Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби. Поради тоа, Русија сега применува и силни воздушни напади на Авдивка. Украинскиот генералштаб информираше дека само во изминатово деноноќие биле убиени...

Двајца загинати во руски напад врз Херсон, повредено е едно дете

Две лица загинаа, а уште 14, меѓу кои и едно дете, се повредени во руското гранатирање на Херсон, потврди локалниот гувернер Олександр Прокудин, а пренесе Гардијан. Според Прокудин, Русија изминатово деноноќие извршила 101 напад, истрелувајќи 597 гранати. „Руската војска ги гаѓаше станбените населби во населените области во регионот; објект и постројка кои се дел од критичната инфраструктура во Берислав, како и...

Американско разузнавање: Во нападот на болницата во Газа загинале помеѓу 100 и 300 лица

Американската разузнавачка заедница проценува дека во нападот во болницата Ал Али-Араб во Газа најверојатно се убиени помеѓу 100 и 300 лица, пренесе Франс24. Овие бројки се далеку пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои првично јавија здравствените власти во Хамас. „Сè уште ги проценуваме бројките за веројатните жртви и нашата проценка може да се развива, но оваа бројка на загинати...

Мишел за масакрот во болницата во Газа: Нападите на цивилна инфраструктура се косат со меѓународното право

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа најмалку 500 луѓе порача дека нападите на цивилна инфраструктура се против меѓународното право. Израел беше обвинет од голем број фактори од меѓународното заедница за експлозијата во болницата, но премиерот Нетанјаху и израелската армија вчерашниот масакр го припишаа на Хамас, велејќи дека станува збор за погрешно...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...