fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Девет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа откако брод се преврте кај Лампедуза

Девет лица, вклучително и едно бебе, загинаа откако нивниот брод се превртел додека се обидувале да го преминат Медитеранот при невремето. Уште 15 лица се водат како исчезнати, соопшти италијанската крајбрежна стража, а пренесе Гардијан. Крајбрежната стража денеска јави дека добила барање за соработка од службениците за пребарување и спасување на Малта, откако чамецот вчера се превртел на околу 50...

Најмалку две лица загинаа во руски напад со дронови врз Харкив

Две лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во руски напад со дронови врз вториот по големина град во Украина, Харкив, соопштија утрово националните служби за итни случаи и градоначалникот на градот Игор Терехов, а пренесе Гардијан. Терехов на Телеграм напиша дека цел на нападот бил Шевченкивски – северна област на градот. Нападот бил извршен со беспилотни летала од Иран,...

Русија им забрани на нејзините војници да комуницираат со локалците во окупираните територии

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е...

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...

Пентагон вети воена помош од 300 милиони долари за Украина

Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите. Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net, новиот пакет помош вреден 300 милиони американски долари, на украинските вооружени сили ќе им обезбеди...

Три бебиња жртви на рускиот напад со дрон во Одеса, прогласен е ден на жалост

Бројот на загинати во напад на рускo беспилотно летало врз станбен блок во украинскиот град Одеса се искачи на десет, откако телото на третото дете беше извлечено од урнатините, соопштија денеска властите, пренесе Си-Ен-Ен. „Телото на друго бебе штотуку е пронајдено покрај телото на жена. Се верува дека детето е помалку од една година“, напиша Олех Кипер, началникот на регионалната...

Украинските сили тврдат дека досега елиминирале над 400.000 руски војници

Според украинската државна новинска агенција, Укринформ, од почетокот на воената инвазија на Украина, на 24 февруари 2022 година до утрово, воените загуби на руските сили на украинска територија изнесува 410.700 војници, од кои 880 во изминатите 24 часа. Повикувајќи се на Генералштабот на вооружените сили на Украина, агенцијата известува дека во другите загуби на руските сили се 6.555 тенкови, 12.478...

Украинската војна продолжува, уште гинат цивили

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската...

Десетици загинати во племенско насилство во висорамнините на Папуа Нова Гвинеја

Десетици лица загинаа во племенски спор во оддалечените висорамнини во областа Хајлендс на Папуа Нова Гвинеја, соопштија властите во земјата. Жртвите биле застрелани за време на заседа во провинцијата Енга во текот на викендот, изјавил портпаролот на националната полиција за Би-би-си. Командантот на полицијата во оваа провинција, пак, за Гардијан рекол дека нападот го организирале мажи од две племиња. Областа Хајленд долго...

Соборени четири борбени авиони на Русите во Украина викендов

Од петокот вечерта до утрово, Военото воздухопловство на украинските вооружени сили соборило четири борбени авиони на руските сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Од нив, три се соборени од петокот вечерта до вчера претпладне, а утрово Украинците неутрализирале уште еден борбен авион. Во последниот случај, пилотот на погодениот руски авион го насочил леталото кон селото Антрацит во регионот Луханск,...

Двајца загинати и седуммина повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани

Јавен обвинител од ОЈО Кочани врши увид на лице место на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Чешиново, каде што се случи тешкa сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а седуммина се повредени. „Издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија...

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки институт на Московската Висока школа за економија. Институтот за светска воена економија и стратегија е...

Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици

Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од жестоката офанзива на Израел по...

Седуммина загинати, меѓу нив и три деца, во руски напад врз Харкив

Седум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во напад на руски дрон врз бензинска станица во градот Харкив во источна Украина, изјави утрово регионалниот гувернер Олег Синегубов, а пренесува Гардијан. „За жал, бројот на загинати од окупаторските напади на Харкив се искачи на седум. Меѓу нив има три деца: седум, четири години и шестмесечно бебе“, напиша Синегубов на социјалната...

Повредени најмалку 13 лица во руски ракетен напад врз Кијив

Руските вооружени сили утрово извршија голем ракетен напад врз главниот град на Украина, Кијив, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Ракетни напади се извршени и врз други населени места во Украина, при што, како одговор, биле активирани капацитетите на Военото воздухопловство на Украина. Во Кијив досега се знае за 13 ранети или инаку повредени цивили, од коишто една е бремена...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Бројот на загинати во вчерашните руски напади врз Украина се искачи на 18

ukrinform
Осумнаесет лица загинаа, а 130 се повредени во руските ракетни напади врз украинските градови што се случија вчера, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Би-би-си. Тој рече дека 139 куќи се оштетени, а бројот на жртви може да се зголеми бидејќи повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините. Официјални лица во вториот по големина украински град, Харкив, претходно соопштија...

Најмалку петмина загинати во најновите руски ракетни напади во Украина

Во голем руски ракетен напад во 8:45 часот по локално време утрово, во Украина загинале најмалку пет луѓе и најмалку 20 се повредени, известувa украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на неговиот Телеграм-канал. Според соопштението, во главниот град Кијив избиле неколку пожари во три населби. Еден цивил загинал и неколку се...

Иран изврши напади врз Пакистан, загинале и деца

Две деца биле убиени, а три други повредени во вчерашните напади на Иран, соопшти Пакистан, откако стана третата земја која неделава е цел на напади од Техеран. Иран соопшти дека погодил две локации поврзани со милитантната група Џаиш ал-Адл, според новинската агенција поврзана со иранската војска, а пренесува Би-би-си. Пакистан ова го нарече „незаконски чин“ и предупреди дека може да доведе...

Двајца загинати во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што утрово во 7:10 часот се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на каменоломите. Сообраќајот беше во прекин во двата правци до 9:50 часот утрово, а во моментов е нормализиран. Сообраќајната несреќа ја потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде информираат дека во неа учествувале две патнички возила: „ауди“ со...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...