fbpx
Таг: загинати повредени

таг: загинати повредени

Најмалку 11 лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Покровск

Во рускиот ракетен напад врз градот Покровск загинаа најмалку 11 лица, од кои пет деца, додека повредени биле осум лица, пренесува Медиапул.бг. На објавените снимки од местото на нападот се гледа како спасувачки екипи пребаруваат по руините на уништениот објект во овој град во Донецкиот регион. Гувернерот на Донецкиот регион, Вадим Филашкин изјави дека руските сили нападнале со ракети од...

Полска обвини дека руска ракета влегла во нејзино небо, 18 загинати во Украина

Полските одбранбени сили денеска соопштија дека непознат објект влегол во воздушниот простор на оваа земја во петокот наутро од Украина, а потоа исчезнал од радарите. Сите индикации на полските власти укажуваат дека станува збор за руска ракета, пишува весникот Гардијан. Полските власти не можат да објаснат каде исчезнал објектот од радарот или во која насока се движел. Мобилизирани се војници...

Четворица загинати и деветмина повредени во руските напади на Херсон

Руските гранатирања и напади со беспилотни летала врз јужниот украински регион Херсон во изминативе 24 часа однеле четири животи. Како што пренесува Гардијан, гувернерот на Херсон, Олександар Прокудин, вчера објави дека во напад со беспилотно летало е убиен маж во градот Станислав, југоисточно од градот Херсон. Оттогаш Прокудин потврди уште три смртни случаи, а кажа дека девет лица се повредени. Утрово...

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“. Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот број достигна 154. Земјата соопшти оти...

Чешката полиција го истражува мотивот зад еден од најтешките масовни напади во земјата

Чешката полиција работи на откривање на мотивот зад најлошото масовно пукање во земјата, во кое студент отвори оган на универзитет во центарот на Прага, при што уби 14, а рани 25 други. Премиерот на Чешка, Петр Павел, апелираше на единство и рече дека случајот не треба да се користи за политички напади или ширење дезинформации, пренесува Би-би-си. Меѓу жртвите од нападот...

Русија по шести пат месецов го нападна Кијив со дронови

Две лица се повредени во најновиот руски напад со дронови врз Кијив. Едно беспилотно летало погодило станбена зграда во населбата Соломјански, предизвикувајќи пожар на горните катови, пренесува Гардијан. Кијивскиот градоначалник Витали Кличко соопшти дека противпожарни екипи и екипи за итна помош интервенирале на местото на нападот. Станува збор за шести напад по ред со дронови на Русија врз украинскиот главен...

Над 15 убиени во пукањето на Карловиот универзитет во Прага

Полицијата го уби 24-годишното лице кое пукаше во зградата на Карловиот универзитет во Прага, при што уби најмалку 15 лица, а 24 се регистрирани како повредени, јавува Би-би-си. Престрелката се случила во центарот на Прага. На интернет се појавија фотографии и видеа од лица како трчаат во стариот дел од Прага, кој вообичаено е преплавен со туристи. Нападот се случил...

Пукање во Прага, има загинати и повредени лица

Чешката полиција соопшти дека неколку лица се убиени, а десетици се повредени во пукањето што попладнево се случило во центарот на Прага, јавува Би-би-си. Пукањето се случило кај Карловиот универзитет во Прага, при што полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека универзитетската зграда е евакуирана. Нападот се случил на универзитетот лоциран на плоштадот Јан Палах, во близина на стариот...

Преговори меѓу Израел и Хамас – ослободување на заложници за прекин на огнот

Додека траат жестоките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, двете страни веќе извесно време преговараат за размена на дел од заложниците што ги зароби Хамас во замена за краток прекин на огнот. Би-би-си пишува дека постојат знаци за напредок на неколкунеделните индиректни преговори за заложници, во кои како посредници се вклучени САД и Катар. Амбасадорот на Израел во...

Главната болница во Газа се празни од пациенти, Кан Јунис следен за напад

Израелските сили продолжија со пребарувањето на теренот на главната болница Ал Шифа во Газа, во период додека трае префрлањето на пациентите надвор од овој медицински центар. Израел вели дека станува збор за евакуација на пациентите преку безбедна рута надвор од болницата, додека Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас вели дека во болницата има уште најмалку 120 пациенти,...

Русија претрпува тешки загуби кај Авдивка, украинските сили со пробив кај Херсон

Колку повеќе руски сили се уништени во близина на Авдивка, толку полоша ќе биде целокупната ситуација за непријателот, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Русија во изминативе недели безуспешно се обидува да го освои градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува Гардијан.  „Русија веќе губи луѓе и опрема во близина на Авдивка побрзо и во поголем обем отколку, на пример, во близина...

Најмалку тројца руски офицери загинаа во експлозија во Мелитопол

Најмалку тројца руски офицери беа убиени при експлозија во украинскиот град Мелитопол кој се наоѓа во областа Запорижја, кој што е контролиран од Москва, пренесе „Гардијан“. Украинските разузнавачки служби соопштиле дека ова е „чин на одмазда“ на локални групи на отпор. Во соопштението на украинското разузнавање се вели дека на состанокот во саботата присуствувале офицери на руската Национална гарда и...

Едно лице загина во пожар во охридското село Требеништа

Едно лице загина, а двајца се повредени во пожарот што се случил утрово во куќа во охридското село Требеништа, информираат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид. Пожарникарите интервенирале во опожарениот објект во селото Требеништа, Општина Дебарца додека бил во распламтена фаза. „При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект...

Русија продолжува со напади врз градот Авдивка

Генералштабот на Украина изјавува дека вчера продолжила одбраната од руските напади во близина на градот Авдивка. Руските сили од средината на октомври се обидуваат да го опколат градот Авдиивка, познат по фабриката за кокс и неговата позиција како порта кон градот Донецк, пренесува Гардијан. Генералштабот на Украина, во својот последен вечерен извештај тврди дека силите одбиле 11 напади кај Авдивка,...

Израелските сили во центарот на Газа, жителите чекаат прекин на огнот

Војници на израелските сили утринава ја опкружуваат болницата Ал Шифа во центарот на Газа, додека се водат интензивни борби со борците на Хамас во нејзината околина. Илјадници жители на Газа, заедно со локални новинари, се наоѓаат во болницата, пишува Би-би-си. Би-би-си пренесува дека на социјалните мрежи може да се видат видеа, на кои се гледаат мртви деца и сцени на...

Близок советник на командантот на украинската војска убиен од граната на негов роденден

Еден од најблиските советници на врховниот командант на украинската армија е убиен откако експлодирала граната на неговиот роденден. Гранатата била спакувана меѓу еден од неговите роденденски подароци и експлодирала во моментот на негово присуство на роденденот, јавува Гардијан. „Под трагични околности, мојот помошник и близок пријател, Генадиј Частиаков, беше убиен... на неговиот роденден“, објави на Телеграм генералот Валериј Залужни. Смртта на...

Најмалку 19 лица загинаа откако Русија нападна воена церемонија за доделување медали во Украина

Русија изврши ракетен напад врз воена церемонија на доделување медали на украински војници во регионот Запорижја, при што најмалку 19 војници загинаа, јавува Укринформ. Украинското раководство веднаш најави истрага за случајот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот напад врз церемонијата е „трагедија која можела да се избегне“. Украинскиот министер за одбрана веднаш отвори истрага за воените офицери, кои...

Русија со нов напад со дронови врз Украина, Зеленски вети жестока реакција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на масовниот руски напад на територијата на Украина, кој се случи изминатата вечер, пренесува Укринформ. Шефот на државата на Телеграм соопшти дека Русија лансирала околу 40 дронови, а повеќе од половината биле соборени од украинските воздухопловни сили, јавува дописникот на Укринформ. „Бранителите на небото“ работеа во 10 региони - Харкив, Запорижја, Херсон, Николаев, Одеса, Кијив, Кировохрад,...

Русија изгубила цела бригада војници во обидот да го опколи градот Авдивка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската војска изгубила број на војници голем колку една бригада во обидот да го опколи украинскиот град Авдивка, пишува Гардијан. Русија почна од средината на октомври годинава да го опколи овој град во Донецкиот регион и во континуитет ги гаѓа украинските позиции со артилерија. „Агресорите направија неколку обиди да ја опколат Авдивка, но секој...

Тројца мртви во пукање меѓу мигранти во близина на српско-унгарската граница

Рано утрово се случило пукање меѓу мигранти во близина на српското село Хоргош, кое се наоѓа непосредно до српско-унгарската граница. Има тројца загинати и еден сериозно повредено лице, ивестуваат од Радио слободна Eвропа. Српската полиција сѐ уште нема официјална изјава во врска со пукањето, но се присутни во голем број на местото каде што истото се случило. Радио-телевизија Србија известува дека...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...