fbpx
Таг: загинат

таг: загинат

Трет настрадан во пожар во едно деноноќие

По двата случаја на настрадани во пожари во изминатово деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК), извести и за трет таков случај - животот во пожар го загубило и лице во селото Оџалија во општина Карбинци. По добиената информација за пожар на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, денеска околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите, утврдено е...

ЦУК: Маж си ја запалил куќата и загинал во пожарот

Една човечка жртва однел пожар во куќа во селото Косевица, близу Македонска Каменица, информираше Регионалниот ЦУК Штип. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, односно во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила, а материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема. „Причина...

Еден загинат и 20 повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Демир Хисар

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево загина 42-годишен битолчанец, а 20 луѓе се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар. Станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и комбе на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар. Загинатиот битолчанец, К.К., бил совозач на автомобилот со битолски регистерски ознаки. „Јавен обвинител од...

Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

Во две сообраќајни несреќи што се случиле вчеравечер, еден пешак го загубил животот, а жена задобила тешки телесни повреди, соопшти МВР. Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран. Како што пренесува полицискиот билтен, на улицата „Маршал Тито“ патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. На местото...

Со фотографии исечени од видео старо 9 години се тврди дека Пригожин е жив

Фотографиите  споделени во оваа објава на Фејсбук, всушност се исечоци од видео од настан кој се случил во 2014 година. Па тврдењето дека Пригожин е жив врз основа на овие фотографии е манипулативно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е сè уште жив, а...

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот. Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка на овој автопат кај Благоевград,...

ЕСМ демантира дека генералниот директор пишува поезија по смртта на работник во РЕК Битола

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) попладнево остро ја демантираше веста дека во време кога во РЕК Битола при вршење работни задачи загина работник, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, напишал и на Фејсбук објавил песна за Зоран Заев. Со такви тврдења излезе „Лидер“, по што веста беше преобјавена и од „Курир“, „Нетпрес“, „Експрес“ и некои други медиуми. „Порталот лидер.мк објави...

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот...

Еден загинат и тројца повредени откако автомобил влета на фестивал во Холандија

Едно лице го загуби животот, а тројца се повредени откако утрово „фиат добло“ удри во публиката на музичкиот фестивал „Пинкпоп“, кој се одржува на југот на Холандија. Во моментот на нападот настапувал музичарот Бруно Марс. Возачот потоа избегал со автомобилот и полицијата трага по него во Ландграф, град на југот од Холандија, кој се наоѓа на неколку километри од границата...

Едно лице загина откако воз со членови на Конгресот на САД удри во камион

Патнички воз во кој се наоѓале членови на Конгресот на САД од редовите на републиканците, кои патувале од Вашингтон кон Западна Вирџинија, удрил во камион за превоз на отпад во Кросет, Вирџинија, јавуваат светските агенции. Во несреќата загинало едно лице, кое не било во возот. Инцидентот го потврди и Белата куќа. „Претседателот Доналд Трамп е информиран за ситуацијата во Вирџинија....

Ракети од Сирија паднале во Турција, еден загинат

Едно лице загинало, а 13 се повредени во ракетен напад од северот на Сирија на пограничниот турски град Килис, соопштија турските власти. Една ракета погодила џамија, а друга ракета погодила куќа. Набрзо потоа се слушнала повратна турска артилериска акција во правец на Сирија. Во тек е пети ден на големата турска офанзива против курдската милиција во енклавата Африн на северот на...

Такси-возач загина во верижен судир на булевар Србија

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска, околу еден часот по полноќ се случила на булеварот Србија во Скопје, а во која учествувале повеќе возила. Како што информираат од МВР, несреќата се случила кога автомобил, марка „ауди а4“, управувано од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрил со возило „пежо 206“, а потоа преку тревникот преминало на...

Скопјанец загинал во сообраќајка на бул. Трета македонска бригада

Во тешка сообраќајка што ноќеска се случила на булеварот Трета македонска бригада, животот го загубил 51-годишен скопјанец. Како што соопшти СВР Скопје, во 45 минути по полноќ на раскрсницата на булеварот со улицата Фрањо Клуз, З.В.(51) од Скопје, управувајќи автомобил „бмв“ со скопски таблички загубил контрола и автомобилот удрил во бетонски ѕид. По несреќата била повикана Итна медицинска помош, која констатирала...

Во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица загина 19-годишно момче

Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка помеѓу два автомобили, „голф“ и „мерцедес“, која се случила на магистралниот пат Радовиш - Струмица кај клучката Воиславци, информира МВР. Со „голфот“ управувал Кристијан Р., роден 1998 година, кој починал на местото на несреќата. Неговата сопатничка, Елена Г., исто така родена во 1998 година, добила тешки телесни повреди и е пренесена во...

Алпинист од Чешка загина во Демиркаписката Клисура

Петр Шпеган, алпинист од Чешка, вчера го загубил животот откако, околу 12 часот, паднал од карпите кај тунелите кај Демир Капија, информираат од полицијата. Алпинистот паднал качувајќи се со јаже по карпите десно во кањонот, во тунелите на секторот Малчек Спалчек и починал на самото место.

Ураганот Ирма на Флорида донесе паника и однесе една жртва

Ураганот Ирма стигна до Флорида, носејќи силни ветришта и обилни врнежи дожд. Центарот на ураганот ги погоди островите јужно од Флорида, а метеоролозите предупредуваат дека „најстрашното допрва следи“. Седум милиони луѓе беа посоветувани да се евакуираат. Ирма повторно е ураган од категорија 4, а први се погодени островите на крајниот југ на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Во...

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај село Злеово

Едно лице загина, а едно е тешко повреденo во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, 45 минути по полноќ на локалниот пат од село Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица, соопшти МВР. Несреќата се случила откако патничко возило „рено-еспејс“, со струмички регистерски ознаки управувано од 29-годишниот П.П. излетало од патот при што на самото место починал 23-годишниот сопатник Т.В., а со...

Најмалку еден загинат и 32 повредени во терористичкиот напад во Барселона

Најмалку едно лице загинало, а 32 се повредени, од кои 10 сериозно откако комби удри во група пешаци на улица во близина на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми. Шпанската полиција потврдила дека инцидентот го третира како терористички напад. Властите апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и да не ги напуштаат своите домови,...

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Крушево

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи на патот Прилеп - Крушево, во близина на селото Големо Коњари. Несреќата се случила околу 19.15 часот, кога возилo, марка „венто“, од засега непознати причини, излетало од патот. Во несреќата на самото место починало 24-годишно момче од селото Славеј, Прилепско, а три лица со тешки повреди...

Еден загинат и десет повредени при удар на комби во пешаци пред џамија во Лондон

Едно лице загинало, додека десет се повредени утрово кога комби ударило во пешаци во близина на џамија во северниот дел на Лондон. Случајот, како што јавуваат светските агенции, го истражуваат припадници на британската антитерористичка единица. Комбито ударило во муслимански верници, во моментот додека тие излегувале од утринската рамазанска молитва од џамијата во Финсбури парк. Најголемата британска мулсиманска организација случајот го оцени како...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...