fbpx
Таг: загина

таг: загина

Бројката на загинати во земјотресите се искачи над 11.200, Ердоган дочекан со гнев во погоденото подрачје

Повеќе од 11.200 загубени човечки животи е најновиот црн биланс на катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, пренесува Би-би-си. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска е во посета на погодените региони во Турција, каде што се соочи со гневот на населението, кое е луто на властите поради тоа што помош и спасувачи...

Девојка загина во силниот земјотрес во БиХ, утрово тресеше и во Хрватска

Девојка родена 1994 година загина во Босна и Херцеговина во општината Столац, откако голема карпа се срушила врз семејната куќа, каде што живеела со родителите, како последица на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се почувствува не само во БиХ, туку и во Црна Гора, Хрватска, Србија, а и во Северна Македонија. Нејзината сестра и родителите...

Три жртви и 179 повредени во авионска несреќа во Истанбул

Во авионска несреќа што се случи на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул вчеравечер, три лица ги загубија животите од повредите, а 179 се повредени. Авионот на „Пегасус ерлајнс“ полетал од Измир, а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул, кога авионот се излизгал од пистата и се преполовил. Во миговите на несреќата имало силен дожд и спротивен ветер. Во...

Автобусите возат сè побрзо кон смртта

Сообраќајната несреќа кај Ласкарци, кога превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“ однесе 15 животи, а триесетина лица беа повредени, е најголемата автобуска несреќа во Македонија од осамостојувањето, ако не и порано. Овој настан што ја потресе земјата во поглед на бројките на загинати и повредени значително отскокнува над бројките за инциденти со автобуси од претходните години собрани на куп. Но...

Двајца мртви, во центарот на Белград се сруши ѕид при изградба

На градилиште кое се наоѓа меѓу Сараевската улица и улицата Кнез Милош во самиот центар на Белград се сруши ѕид и затрупа најмалку две лица. Се срушил ѕид од зграда која се прави на местото на некогашната амбасада на САД. Според неофицијалните информации во оваа несреќа има дека има уште затрупани. Операцијата за спасување е во тек.

Во Драмски театар денеска комеморација за Ванчо Петрушевски

Комеморација за актерот Ванчо Петрушевски, кој завчера загина од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје. Според извештајот од полицијата, Петрушевски станал жртва на струен удар додека качен на метална скала работел со електричен заварувач на пластични цевки во неговата викендичка. „Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму...

Во сообраќајка загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија

Во сообраќајна незгода што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија. Според полицијата, несреќата се случила околу еден часот по полноќ, кога Стефановски, кој управувал возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булеварот Александар Македонски и сервисната улица која...

Во експлозија во Крагујевац загина едно лице, а по три сè уште се трага

Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, оцени дека постои опасност од нови експлозии во Техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, каде вчера загина едно лице, а 25 припадници на српската војска се повредени при гаснењето на пожарот. Српските медиуми јавуваат дека група од 74 работници се безбедно евакуирани. Министерот формираше комисија која ќе ги истражи причините за несреќата. Сè уште се трага по...

Македонка загина во терористички напад на Брегот на Слоновата Коска

Mакедонската државјанка Анита Андреевска-Митровска е една од жртвите во терористичкиот напад во предградието на главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, потврдија од Обединетите нации. „Мисијата на ОН на Брегот на Слоновата Коска и програмата на ОН за волонтери со жалење известува за смртта на волонтерката на ОН која служеше како цивилен персонал во инженерската служба на Мисијата на ОН...

Тел Авив: Еден убиен и десет повредени во напад со нож

Американски турист е убиен, а 10 лица се повредени во Тел Авив, откако маж ги нападнал со нож. Како што јавуваат израелските медиуми, повеќето од повредените се во тешка здравствена состојба. Напаѓачот прво прободел најмалку три лица во близина на пристаништето во предградието Џафа, а потоа трчајќи по булеварот, почнал да боде и други лица.

Одбележана годишнина од смртта на Трајковски пред спортскиот центар

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен-обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев. Исто така, со положување свежо...

Почина велосипедистот кој настрада во сообраќајка во Скопје

Почина велосипедистот кој вчера попладне беше прегазен на крстосницата на булеварот Партизански одреди со улицата Френклин Рузвелт. Шеесет и четиригодишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „ауди“, управуван од 20-годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал на повредите. Откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот потоа удрил...

Уште еден Косовец загина во Сирија

Уште еден Албанец од Косово е убиен на боиштата во Сирија. Косовецот Бурим Демоли од Коловица, кај Приштина, бил припадник на џихадистите на Исламската држава, а во Сирија заминал со сопругата и со четирите деца. За нив засега нема никакви информации. Според неофицијалните информации, досега во Сирија и во Ирак се убиени околу 60 Албанци од Балканот, најмногу од Косово. Од...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...