fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Богоев и Макрадули договориле дополнителни мерки против загадувањето во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска имал средба со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски, на која било разговарано за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во оваа општина. Како што се наведува во соопштението на Општина Карпош, на средбата биле утврдени задачи...

Макрадули: До 2020 година ќе биде забрането греењето со јаглен

Греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането, истакна заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кој учествуваше на Светската климатска конференција во Бон. Тој додаде дека оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и од борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата, со што...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов бесрамно се фали со проекти на Трајановски

Петре Шилегов бесрамно продолжува да се фали со проекти на Коце Трајановски, реагираа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека денешниот повик на Град Скопје за субвенционирање на печки за греење со пелети е трет по ред и бил планиран во годишниот план донесен во време на Трајановски. „Шилегов затскрива дека ова е трет по ред повик, а претходно беа објавени...

„О2“ бара пониски прагови за алармирање за загадувањето на воздухот

Граѓанската иницијатива „О2“ - Коалиција за чист воздух, до Владата доставила предлог за намалување на праговите на информирање и алармирање на канцерогените ПМ10-честичките. „Неопходно е алармантната состојба да биде прогласена соодветно реалноста и опасностите по здравјето по секој жител, а не соодветно избегнување на бројот на вклучувања на тој аларм. Ако град Скопје не може да донесе сет мерки кои...

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му е побитен евтиниот популизам, отколку чистиот воздух

Владата на Зоран Заев шест месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека наместо почист воздух, градовите се гушат во смог, а „ветувањата на СДС доживуваат фијаско“. „Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ...

Со една мерка нема да се намали загадувањето, потребен е сеопфатен пристап

Потребен е сеопфатен пристап од централната и од локалните власти, невладините организации, приватниот сектор и од домаќинствата за да се надмине проблемот со загадувањето на воздухот. Ова е заклучокот од состанокот на министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и неговиот заменик Јани Макрадули, со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, и со градоначалниците на општините од...

Дураки и Макрадули ќе разговараат за загадувањето со скопските градоначалници

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и заменик-министерот Јани Макрадули со градоначалникот на Град Скопје и со градоначалниците на општините од Скопскиот Регион денеска ќе одржат состанок за координирање и за усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Од Министерството информираат дека на состанокот ќе биде презентирана моменталната состојба, законските ингеренции, актуелните планови, досегашните...

ВМРО-ДПМНЕ: Укинувајќи го Денот на дрвото, СДСМ ја покажа лажната грижа за чист воздух

Укинувајќи го проектот „Ден на дрвото“, владата на СДСМ ја покажува лажната грижа за чист воздух, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот за сите, се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста на владата на СДС и на Зоран Заев. Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи...

Буџетот за животна средина на Општина Аеродром ќе се зголеми за 20 пати

Со новиот буџет, Општина Аеродром ќе издвои околу 300.000 евра за реализација на конкретни мерки за почист воздух, односно 20 пати повеќе од досегашните средства на годишно ниво за заштита на животната средина, информираше градоначалникот Златко Марин, на средба со претставниците на граѓански организации. „Дел од претставниците на граѓанските здруженија, кои присуствуваа на средбата, предложија неколку мерки што би дале резултати...

„Скопје смог аларм“ за заштита на животната средина бара 1 процент од БДП за 2018 година

Граѓанската заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ бара од Владата итно да оформи посебен фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1 процент од проектираниот БДП за 2018 година. „Поради катастрофалната еколошка состојба во Македонија, сметаме дека Владата треба да одвои околу 1 отсто од БДП во посебен фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо евтин популизам, потребни се итни мерки за загадувањето

„Македонија се задушува во сè позагадениот воздух, а владата на СДСМ сè уште нема излезено со мерки против загадувањето. Зарем треба луѓе да умираат за да излезат со конкретни мерки? Целокупната одговорност и сите институции што треба да реагираат се во рацете на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите. „Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот и за лажните ветувања....

Вечерва многу високо ниво на загадување на воздухот во Карпош и во Лисиче

Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вечерва покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот, а се чувстува и смрдеа на запалено. Канцерогените ПМ10-честички во Карпош вечерва достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 микрограми, што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар. Многу високо ниво е измерено...

Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени во општините

Промените не се комплетни без промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во општина Аеродром. Заев, како и кандидатите за градоначалници на Градот Скопје и на општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, вети проекти и вложувања во инфраструктурата, екологијата, спротот, економијата...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не спроведе ниту една мерка за заштита на животната средина

Владата нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина во изминатите три и пол месеци од нејзиното владеење, обвини денеска на прес-конференција, Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на здравјето на граѓаните поради загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина, а владата не презела ништо. - Потребно е забрзување на процесот...

Сакаме паркови, а не згради, порачаа граѓаните на протестот за чист воздух

Со пароли и извици „Сакаме паркови, не згради“ и „Нема воздух, нема мир“, граѓаните на Скопје денеска го одржаа мировниот марш за чист воздух, организиран од Коалицијата О2 и Првата детската амбасада во светот „Меѓаши“, на кои им се придружија уште 18 невладини организации. Протестот почна пред Владата и продолжи преку булеварите Илинден и 8 Септември каде граѓаните се...

Владата ќе расправа за овластувањата на функционерите и за загадениот воздух

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледана информацијата за дискреционите овластувања на носителите на јавни функции. Ќе се разгледа и информацијата со анализа за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период, како и точки од кои членовите на владата ќе ги добијат најновите информации...

Попис на зеленилото и негова заштита, вети Богоев во Карпош

Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт, предводена од Стефчо Јакимовски и од ВМРО-ДПМНЕ, со години го игнорира овој огромен проблем во општината, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, и кандидат за градоначалник на општината. - Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат против загадувањето и сами да...

Владата побарала поголем ангажман од институциите за справување со пожарите

Владата на Реублика Македонија синоќа на 18. седница расправала за повеќе точки, меѓу кои и ситуацијата со пожарот во Требовље, како и за проблемот со струшката депонија, соопшти владината служба за информирање. Како итна вонредна точка на дневниот ред на седницата, со која претседавал премиерот Зоран Заев, се нашла информацијата за пожарот во Требовље, во општина Македонски Брод, како и...

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

„За нас се работи“ поднесе кривична пријава против директорите на ЕЛЕМ и на РЕК Битола

Битолското здружението „За нас се работи“ денеска до Основното јавно обвинителство - Битола поднесе кривична пријава против седуммина директори и раководители на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и на РЕК Битола поради сторено кривично дело загадување на животната средина и на природата. Битолските екологисти кривичната пријава ја поднесоа против генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, директорот на РЕК Битола, Иван Куковски,...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...