fbpx
Таг: загадување на воздухот

таг: загадување на воздухот

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, половина од мерните станици не работат

Скопје е повторно меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот. Вредностите на ПМ 10 честичките денеска, според страницата IQAir, се оценети со 153 на скалата на AQI индексот за квалитет на воздухот, според кој вредностите од 150 до 200 се сметаат за нездрави за целата популација. Препораките во вакви случаи се задолжително да се носи маска надвор од...

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост

Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените градови во светот, според...

Шукова: Загадувањето на воздухот и климатските промени не познаваат граници

Меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени, заради што во оваа проблематика мора да применуваме интегриран пристап, нагласи министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова на министерскиот панел на тема „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“,...

Мета факт: Владата ветила, па се пишманила за воведување систем за рана најава на загадување на воздухот

Систем во четири нивоа на опасност за рана најава на поволна временска прогноза за појава на зголемено загадување на воздухот кој ќе биде дел од постоечкиот систем за рана најава во УХМР, беше едно од ветувањата што беше дел од Програмата за работа на актуелната Влада. Најавувањето дека ќе се работи на ваков проект за алармирање од опасност од...

Реконструкција на улица ги покачи нивоата на ПМ 10 во Велес

Реконструкцијата на улицата „Благој Ѓорев“ е причината за зголемените концентрации на ПМ 10 честичките кои деновиве ги покажува мерната станица на Државниот мониторинг во Велес, тврдат од општината. Од изминатата седмица до денес, според податоците од мерното место што се гледаат на веб страницата на Министерството за животна средина, вредностите на прашината се движеле помеѓу 110 и 143 микрограми...

Мета-факт: Охрид минатата година доби мерна станица за загадување на воздухот, но не и Штип

Министерството за животна средина минатата година вети отворање на две нови мониторинг станици во Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух во Охрид и во Штип, а во буџетот за 2022 година беа предвидени и финансиски сретства за оваа намена. Во текот на минатата година оваа институција го отвори мерното место во Охрид, но не и тоа...

Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции што горат фосилни горива

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции на подрачјето на Скопје и околината, кои кои склучиле договори за набавка на фосилни горива за затоплување на просториите. На листата се наоѓаат стотина објекти, од кои најголем дел се градинки, основни училишта и гимназии, а има и здравствени установи, казнени установи, општини, спортски сали, јавни претпријатија, студентски дом...

Магла ја закова целата земја, загадено и во „чистите“ градови, се диши само во Лазарополе

Берово, Охрид, Гевгелија и други градови низ земјава кои традиционално се познати по чистиот воздух, деновиве се борат со високите концентрации на ПМ 10 честички. Котлините се заковани во магла, а квалитетот на воздухот што го дишиме е крајно ризичен. Рај за белите дробови деновиве е само Лазарополе, каде ПМ 10 се речиси на нула. Во Скопје, пак, заедно со...

Воздухот е загаден, ама не нè „запрашуваат“ со авиони

Воздухот во земјава е загаден до ниво да се препорачани посебни превентивни мерки за населението да се заштити од штетните последици, меѓутоа не е точно дека тоа е на каков било начин поврзано со контрејлс, трагите што авионите ги оставаат позади себе поради кондензацијата. Дополнително, не е точно дека во земјава народот е болен поради запрашување со авиони, како...

РЕК Битола доби А-интегрирана дозвола, за намалување на загадувањето треба да инвестира 157 милиони евра

РЕК Битола конечно доби А-интегрирана дозвола. Министерството за животна средина веќе го објави документот кој предвидува многу активности за заштита на воздухот, водите и почвата во околината на енергетскиот комбинат. РЕК Битола е еден од главните загадувачи што користи фосилни горива за производство на електрична енергија и кој досега работеше без усогласен оперативен план и обврски за заштита на...

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно пренесувањето на синцициски вирус...

Топланите во Скопје можат да користат мазут само ако нема гас и тоа најдолго десет дена

Еколошките дозволи кои ги имаат топланите „Запад“ и „Исток“ дозволуваат да користат мазут само десет дена во случај ако немаат гас и тоа е состојбата што во моментов инспекторите на Државниот иснпскторат за животна средина можат да ја дозволат. Што се однесува до топланата „Скопје Север“, одлуките за нејзината работа ги носи Градот Скопје, информираше денеска директорот Сретен Стојковски...

Екологистите бараат скопските топлани да не работат со дизел оти воздухот и без тоа е загаден

Еколошките организации не се согласуваат во скопските топлани да се експериментира со дизел гориво. Екологистите реагираат на информациите од АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември и ги оценуваат како несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани. „Објавата дека...

Воздухот зимава ќе биде отровен, надлежните да преземат мерки, а не да апелираат, бараат екологистите

На најсиромашните да им се обезбедат доволни количини евтино и сертифицирано дрво, да се исчистат оџаците, да се намали цената на струјата, да се затворат градилиштата...Граѓанските организации од земјава предлагаат конкретни мерки за институциите кои треба да помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот во земјава. Почетокот на грејната сезона традиционално е периодот кога сите повторно стануваме свесни во...

Енергетската криза го запали црвеното светло за зголемено загадување на воздухот во Тетово

Поскапувањето на струјата, според екологистите, е еднакво на зголемувањето на загадувањето на воздухот и животната средина, особено во зимскиот период. Создадената состојба се очекува негативно да се одрази во Тетово и околината, каде воздухот во зимскиот период веќе долги години е многу загаден. Од Министерството за животна средина велат дека одговорноста за воздухот ја делат со Општина Тетово. Од...

Град Скопје нема пари за широка мрежа мерни станици за загадување на воздухот и за Зелен катастар

Нема пари за широка мрежа на нискобуџетни мерни станици за следење на загадувањето на воздухот кои требаше да се постават во целиот град, ниту пак за изработка на Зелениот катастар. Со последниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, што беше изгласан вчера помина само еден предлог на советниците од Зелен хуман град, за отворање на работилница за преработка на...

Загадениот воздух ја зголемува смртноста од ковид-19 за речиси 20 отсто

Населението изложено на загаден воздух е помалку отпорно на ковид‐19, а нечистиот воздух може да ги влоши симптомите од вирусот, покажуваат истражувањата кои ги сподели Европскиот фонд за Балканот во рамките на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ заедно со партнерите од регионот. Досегашното истражување покажува  дека загадениот воздух на глобално ниво ја зголемува смртноста од ковид‐19 за 15...

ЗНМ и УНДП распишаа конкурс за најдобри новинарски стории на тема справување со аерозагадувањето

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) распиша Јавен повик на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. На повикот, за наградите во износ од 70.000, 50.000 и 30.000 денари може да конкурираат новинари што имаат објавено новинарски текстови, видео стории или...

Цементарница „Усје“ викендов поради технички проблем испуштила прашина со варовник и лапорец

Прашина што содржи варовник и лапорец која се јавила како последица на дефект е причината за емисиите од цементарницата „Усје“ минатата недела. Државниот инспекторат за животна средина викендов по пријава на граѓани направил итна и вонредна контрола во индустрискиот капацитет и констатирал дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер. Од таму истекол материјал од циклон...

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација. Во наредните фази е планирана и акредитација на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...