fbpx
Таг: загаден

таг: загаден

Воздухот во Скопје, Тетово и во Битола повторно полн со прашина

Во Скопје, Битола, Тетово и во Кочани утринава воздухот е енормно загаден, а мерните станици покажуваат концентрации на честичките ПМ10 од 120 до 230 микрограми на еден кубен метар. Во скопски Центар е измерена највисока концентрација од 230 микрограми честички на еден кубен метар, во Лисиче - 215, Тетово - 200, Карпош - 170, мерните станици кај Ректорат и во Миладиновци покажуваат 150...

Скопје, Кичево и Тетово повторно се задушуваат, воздухот е седумпати позагаден од дозволеното

Во 15 часот, загадувањето во Скопје со ПМ10-честички изнесува 372 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Капош, Лисиче и Гази Баба. Речиси во сите општини концентрацијата на ПМ10-честички изнесува повеќе од 400 микрограми на еден кубен метар. Многу високо загадување има во Кичево и во Тетово, а над...

СДСМ: Не функционира речиси целиот мониторинг-систем за проверка на загаденоста

Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? Или до кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?, праша денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ. - Се сеќавате ли дека во Центар, во близина на плоштадот, имаше станица за мерење на загаденоста? Како дел од проектот „Скопје дише“ на градоначалникот Трајановски, скопјани...

Ако не се задушиме до четврток, пет дена ќе мислат како да нè спасат

Градот Скопје најдоцна до четврток, кога навршуваат пет дена откако загадувањето го надмина максимално дозволеното ниво, мора да испрати мерки со препораки до Министерството за животна средина за заштита на граѓаните од енормно загадениот воздух, информираат за новинската агенција „Мета“ од Град Скопје. Од Министерството, пак, велат дека тоа не е точно и дека целата надлежост за мерките за загадениот воздух...

Во Скопје и во Тетово енормно загаден воздух

Во Скопје и во Тетово утринава загаденоста на воздухот е енормно голема, а според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби. Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово. Во текот на...

Битолски екологисти: Градоначалникот Талески да прави разлика помеѓу политика и партија

Градоначалникот Талески мора да прави дистинкција помеѓу партиско и политичко дејствување, го посоветуваа членовите на здружението „За нас се работи“ откако тој вчера обвини дека нивните активности имаа„политички намери“. Два дена пред најавениот втор протестен марш на здружението, кое бара почист воздух во Битола, активистите испратија порака до градоначалникот: „Не сакаме да омаловажуваме ниту, пак, сметаме дека тоа е начин...

Тетовчани во петок на протест поради загадениот воздух

Протестот започнува во 13 часот, пред Ц.К. „Иљо Антески – Смок“
„Не молчи, крени го гласот“ е мотото на протестот поради енормното загадување на воздухот во Тетово, закажан за овој петок (7 ноември). Организатор на протестот е иницијативата против канцерогеното загадување на Тетово, од каде ги повикуваат сите жители на Тетовско. Протестот почнува во 13 часот, пред ЦК „Иљо Антески – Смок“.

Утре во Битола протестен марш поради загадениот воздух

Во Битола ќе се протестира и маршира поради загадениот воздух и тоа во очи на доделувањето на четвртоноемвриските награди на Општината. Здружението на граѓани „За нас се работи“, за утре (04 ноември) најави голем протестен марш на Широк сокак. Протестот ќе почне во 18 часот и 45 минути. Според Горан Пинза, претставник на Здружението, целта на овој марш е поставување на мерна станица...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...