fbpx
Таг: Загаден воздух

таг: Загаден воздух

Бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз од денеска - и во автобусите на ЈСП и во тие на приватните превозници, миење на улиците и контрола на градилиштата и на возилата што ги напуштаат градилиштата, како и повик граѓаните да одат на работа или на факултет со автобус наместо со автомобили, се мерките на Град Скопје за справување со енормното загадување на воздухот...

Скопскиот воздух и денеска многу загаден

Концентраците на ПМ2,5-честичките измерени претпладнево до 10 часот на мерната станица во Карпош изнесуваат околу 570 микрограми на кубен метар, што е 19 пати повеќе од максималната граница на прифатливата концентрација, а на ПМ10-честичките стасува до 630 микрограми на кубен метар, што е 12,5 пати повеќе од прифатливото, стои на веб-страницата за загаденоста на воздухот што ја изработи Министерството...

Маските против загадениот воздух – најбаран новогодишен подарок

Загадениот воздух ја зголеми побарувачката на заштитни маски низ аптеките и продавниците кои се специјализирани за нивна продажба. Нивната цена се движи од 200 до 899 денари, а најмногу се бараат тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките. - Маските се со јаглен и чинат 899 денари, но во моментов немаме величини М и С, туку само Л....

Трајановски побара субвенции за загревање на домовите за помало загадување

Општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и што повеќе домаќинства да се вклучат на неа, е една од мерките што градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја предложил на средбата со градоначалниците од Скопскиот плански регион, на која се разговараше за загадувањето на воздухот во градот и во околината. Тој апелираше до „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и до...

Денеска ќе се одржи протест против загадувањето

Денеска, во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации ќе организираат протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. Во најавата за протестот се вели дека според Светска банка, имаме најголемо аерозагадување од канцерогени ПМ-2,5 честички во Европа со годишен просек од 39,4 микрограми на еден кубен метар. - Според Светска банка, во просек...

Општина Центар: Час поскоро прекин на наставата поради загадениот воздух

„Мора итно да се донесат мерки за заштита од загадениот воздух. Утрово, воздухот во Центар беше загаден деветпати повеќе од дозволеното, а вчера Скопје беше најзагаден град во Европа. Прекин на наставата е најбрзата од низата мерки што треба да се донесат час поскоро, за децата да не трпат последици по здравјето“, се вели во реакцијата на Општина Центар, откако...

СДСМ: За Груевски и за фамилијата здравјето на граѓаните е неважно

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не презедоа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух, обвинуваат од СДСМ. „Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух. Во Скопје и во Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните честички ПМ10, што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните. Во Битола и во Кичево...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...