fbpx
Таг: Загаден воздух

таг: Загаден воздух

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

Семафори на копче кои ќе ги палат/гасат пешаците за да се намали загадувањето

Кога наместо автоматските, наместени на одреден временски период, би се вовеле семафори на кои пешаците ќе може да вклучат зелено светло по потреба, би имало најмалку 6.000 непотребни запирања помалку секој ден, велат проф. д-р Кирил Сотировски и Бошко Цветковски од Шумарскиот факултет. Според проценките, секој ден во Скопје непотребно согоруваат најмалку по 100 литри гориво и непотребно се  испуштаат...

Ако се намали загадувањето до ЕУ стандардите, ќе се избегнат над 800 смртни случаи годишно

video
Повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот, објавен во понеделникот. Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и во врвот по бројот насмртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија, Унгарија и Бугарија. Според Светската здравствена организација,...

Втор повик од Град Скопје за субвенции за печки за пелети

Град Скопје денеска  го објави вториот јавен повик годинава за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза. Во оваа акција, чија цел е да се користат поквалитетни печки кои помалку ќе го загадуваат воздухот, на граѓаните ќе им се надоместуваат до 70 отсто од цената на печката на пелети, но до...

Град Скопје сè уште тактизира околу субвенционирањето на печки на пелети

Грејната сезона веќе почна, а Градот Скопје сè уште не го објавил вториот повик за субвенционирањето на купувањето печки на пелети за заинтересираните граѓани. Огласот требаше да биде објавен пред почетокот на сезоната на греењето, како втор годинава, откако на Совет на Град Скопје не помина обидот на градоначалникот Петре Шилегов во ребалансот на градскиот буџет да го „протне“...

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни и 4 јули покажале дека...

Седум милиони луѓе годишно умираат поради изложеност на загаден воздух

Приближно седум милиони луѓе секоја година умираат како последица на изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација. Само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето на воздухот од несоодветни горива и технологии предизвикало 3,8 милиони смртни случаи во истиот период, наведува СЗО. Бројките се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходна...

Скопје го надмина годишниот ЕУ-лимит за аерозагадување уште во февруари

И оваа година Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година, информира групата „Скопје Смог Аларм“. Како што објаснуваат екологистите, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 микрограми на кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број...

Европската комисија во март ќе одлучува за земјите-членки со загаден воздух

Европската комисија соопшти дека, од средината на март ќе се разгледува случајот со девет земји во кои состојбата со загадениот воздух се смета за најлоша во Европска Унија, и на кои, им се заканува судска постапка, пренесуваат светските медиуми. Комисијата која е задолжена да обезбеди докази дека земјите-членки ги почитуваат заедничките правила за емисија на штетните гасови, им даде последна...

Инспекторатот со дрон го снимал и следел дивото фрлање и палење отпад

На подрачјето на Скопје состојбата со загадениот воздух е веќе под прагот на алармирање, извести Државниот инспекторат за животна средина на својата Фејсбук страница, повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 31 јануари. „Се прекинува епизодата за надминување на прагот за алармирање за две мерни места во Скопје Лисиче и Ректорат за два...

Јавниот превоз од денеска повторно е бесплатен, поради загадениот воздух

Градот Скопје од денеска воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, а мерката ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето. Мерките се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ-10 честичките во воздухот е надминат во текот на два дена последователно, односно над 200...

На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе

Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот. „Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух - здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на протестот и порачаа граѓаните да...

Бујароска: Од Владата очекувавме повеќе против загадувањето

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За печката за медицински отпад на депонијата „Дрисла“ таа вели дека во времето кога е инсталирана одговарала и на европските норми, но проблемот е што...

Протест пред Влада утре поради загадениот воздух

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата на Република Македонија. Зад протестот стојат граѓани организирани преку социјалните мрежи. „Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други...

ДОМ бара нова опрема за уништување на отпадот во Дрисла

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) смета дека поради загадениот воздух, потребни се интервентни набавки на опрема за уништување медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема. Од таму потсетуваат дека финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори...

ССМ: На отворено да се работи до 17 часот и да се зголемат контролите на градилиштата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се почитуваат мерките на Владата за заштита од загадениот воздух што почнаа вчера. Лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата и да се ограничи до 50 отсто употребата на службените возила. Според ССМ, секоја институција треба да дејствува во својот домен. - Министерствата за животна средина и за...

Екстремно загаден воздух во Скопје втор ден по ред

Речиси на сите мерни места во Скопје, освен кај наплатната рампа Петровец, утрово е регистрирано многу високо ниво на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот, а високи концентрации има во Тетово и Куманово, покажуваат податоците на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа е втор ден како е регистрирана многу висока загаденост на најмалку...

Македонија и вечерва се гуши

Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 вечерва има на сите мерни места во Скопје и кај наплатната рампа Петровец, како и во Куманово, Тетово и во Кавадарци, покажуваат резултатите на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Високо ниво на овие честички е регистрирано во Кочани и Кичево. Што се однесува до загадувачките честички...

Од денеска јавниот превоз во Скопје е бесплатен

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и на приватните превозници почнувајќи од денеска, како и прекин на градежните активности на градилиштата под надлежност на Град Скопје. Истовремено, ќе се ограничи обуката од автошколите, а ќе се врши и засилен надзор над капацитетите што...

Во Скопје се забранува доставување стока од 7.30 до 18 часот

Советот на град Скопје на вчерашната седница усвоил одлука со која се забранува доставувањето стока во периодот од 7:30 до 18 часот, во периодот од од 1 декември до 31 март. Доставата меѓу 18 и 7.30 часот ќе може да се врши со задржување на возилото најмногу 15 минути. Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...