fbpx
Таг: задушување

таг: задушување

Не е точно дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата

Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со нелагодност, вртоглавица или гадење или при тешка хиперкапнија со губење свест. Во мојот работен век...

Вистиномер: Исмевање и невистини за маските искористени за кампања против нивната употреба

Невистина, составена од неточни податоци поврзани со носењето маски и од фотографија/плакат или „меме“, кое има основна намена да се исмева со заштитните маски, но во случајот на овој пост, се разбира, како вистина, е објавен неодамна на македонски јазик и е искористен како дел од кампања што се разви против носењето и корисноста на маските во борбата против...

Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас во Сирија

Најмалку 58 лица загинале, меѓу кои и деца, во воздушен напад со отровен гас кој денеска бил извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, соопштила сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Според опсерваторијата, цивилите починале од задушување во градот Кан Шеикун, кој е под контрола на сириските бунтовници. Сириската опсерваторија за...

Скопјанка загина во пожар што избувнал во станот каде што живеела

Вчера, околу 6.30 часот, во Скопје на улица Вера Јоциќ, во подрумската просторија преадаптирана во станбен простор, избувнал пожар, при што од огнот и од чадот што ја зафатиле просторијата, С.К. (57) се задушила и починала. Нејзиниот брат С.К. (50) по забележувањето на чадот се обидел да го изгасне огнот, но не успеал. Пожарот бил изгаснат од екипа на бригадата за...

Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом. Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека. Увид на местото извршила екипа од надворешната канцеларија за...

Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага што треба да ги утврди причините за...

Во камион во Австрија пронајдени тела на 50 бегалци

Во напуштен камион на истокот на Австрија денес беа пронајдени тела на околу 50 бегалци, објави весникот „Кроне“, наведувајќи дека тие најверојатно се задушиле. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи потврди дека камионот е пронајден на автопатот кај местото Парнорф, наведувајќи дека во него има „многу мртви луѓе“. Тој додал дека за сега не може да го прецизира бројот на...

Уапсени осум лица поради смртта на мигранти кои се загушија на брод

Италијанските власти привеле осум лица поради криумчарење и смрт на 49 мигранти кои во текот на викендот останаа заробени во внатрешноста на претоварен брод на Средоземното море, изјави италијанскиот обвинител, Микеланџело Патан. Тој во Катанија изјави дека капетанот на бродот бил Мароканец, додека четворица Либијци, двајца Мароканци и едно малолетно лице од Сирија одржувале ред на бродот. Обвинителот рекол дека во...

76-годишна скопјанка настрадала во пожар

Седумдесет и шестгодишната Братислава Н. го загубила животот во пожар што вчера попладне избувнал во една од собите од станот во кој живеела, соопшти полицијата. Пожарот се случил околу 13.30 часот, во стан на улицата Вера Јоциќ, а како што информираат од полицијата жената се задушила од чадот.

Старица починала во пожар во својот дом

Осумдесет и четиригодишна гевгеличанка починала во пожар што вчера попладне избувнал во нејзината куќа во градот, информираат од полицијата. Станува збор за Донка Д., која, според полициските информации, починала од задушување. Пожарот, кој избувнал околу 16.40 часот, бил изгаснат, а причините што го предизвикале и материјалната штета надлежните дополнително ќе ги утврдуваат.

Девет луѓе починале од задушување со оризови моши-колачи во Јапонија

Вообичаениот новогодишен убиец во Јапонија повторно нападна, откако девет лица овие денови биле пријавени за починати од задушување со колачиња од ориз, пишува лондонски „Гардијан“. Моши, лепливи колачиња од ориз, во Јапонија се деликатес кој традиционално се јаде во големи количества за време на празниците, вообичаено во супа или сервирани со сладок сос од соја и завиткани во сушени алги. По неколку луѓе умираат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...