fbpx
Таг: задолжување

таг: задолжување

Ново задолжување од 61,3 милиони евра кај домашните банки

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години. Врз основа на доспеани обврски, утре државата треба да врати...

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за...

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра. - Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето-долгот кон нула на неделна...

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање. - Оваа власт зад себе...

Народна банка откупила 91,3 милиони евра во првите девет месеци

Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален пораст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на Народна банка со откуп на девизниот пазар и порастот на девизните депозити на банките кај Народна банка. Народната банка и во септември интервенирала со откуп на девизи од банките (вкупно 18 милиони евра), а овој...

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. - Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив...

МФ: Денешната аукција на државни записи е согласно календарот на аукции

Во однос на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за денешното задолжување, Министерството за финансии информира дека денешната аукција на државни записи е во согласност со календарот на аукции за државни хартии од вредност. - Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година. Потсетуваме и...

Наумов: Jавниот долг зголемен за нови пет милиони евра

„Министерството за финансии денеска запиша 34 милиони евра во државни хартии од вредност. Иако за враќање доспеваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски одлучи да го зголеми јавниот долг за нови пет милиони евра“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за економија, Кире Наумов. Според Наумов, „незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа неодговорна власт не е доволна...

Ново задолжување од 28,94 милиони евра

Државата денеска повторно ќе се задолжи со 28,94 милиони евра. На аукцијата на државни хартии од вредност ќе бидат понудени шестмесечни записи со девизна клаузула во вредност од 3,74 милиони евра и шестмесечни записи без девизна клаузула за 8,13 милиони евра. Пред домашните кредитори ќе бидат понудени и едногодишни записи за 17,07 милиони евра. Утре за враќање доспеваат 28,99 милиони евра.

Собранието нема да одлучува за задолжувањата поголеми од 100 милиони евра

Мнозинството пратеници во Собранието на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз за измени во Законот за јавен долг. Според измените што ги предлага Трајанов, за задолжувања поголеми од 100 милиони евра ќе треба да одлучува Собранието. - Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија...

СДСМ: Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг поради задолжувањата и корупцијата

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали, реагираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека, Македонија веќе нема простор за нови задолжувања. - Колку за споредба, кредитната агенција „Стандард & Пурс“ веќе двапати во изминатите осум години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога...

СДСМ: Власта се задолжува за изградба на инфраструктура, а троши на споменици

Доцна е сега за Никола Груевси лажно да ветува инвестиции во патната инфраструктура. Во 21 век, после 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, населените места ширум Македонија се уште немаат пат, канализација, водовод, одвод - се вели во соопштението на СДСМ. Според опозициската партија, „Македонија денеска е единствена земја којашто ги задолжува граѓаните и идните генерации со огромни кредити за патната...

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета за поплавените граѓани, дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции, се вели во соопштението на СДСМ. - И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денеска самите признаа дека не се во состојба од...

Државата се задолжи со 25 милиони евра на домашниот пазар

Државата се задолжи со нови 25,3 милиони евра преку издавање на хартии од вредност на домашниот финансиски пазар. Министерството за финансии издаде едногодишни записи од 17,5 милиони евра и 7,8 милиони евра преку 10 и 15 годишни обврзници. Од опозициската партија СДСМ реагираат дека „и покрај тоа што минатиот месец граѓаните беа задолжени со еврообврзница од 450 милиони евра, државата повторно...

СДСМ: Миноски лаже дека задолжувањето на домашниот пазар се ближи кон „нула“

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и неговите соработници ги лажат граѓаните преку официјалната интернет-страница на министерството, дека бил вратен долг кон стопанството и дека задолжувањето на домашниот пазар се приближило кон „нула“, обвини денеска СДСМ. Но, според податоци јавно објавени на друг дел од веб-страницата на Министерството за финансии, велат од СДСМ, јасно се гледа движењето на задолжувањата на оваа власт,...

СДСМ бара да се повлече ребалансот на буџетот додека не се расчисти случајот со обврзницата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара ребалансот на буџетот да биде повлечен од дневен ред на Собранието сè додека не се расчисти законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ во Собранието, Марјанчо Николов. Николов вели дека по вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери, дека Министерството за финансии не побарало правно...

СДСМ: Богов ја префрли одговорноста на Миноски, но што барал гувернерот на конференциската врска

„Гувернерот Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство. Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод одговорот на гувернерот Богов дека одлуката за издавањето на еврообврзницата е на...

Миноски не одговори дали и без обврзницата во буџетот има пари за плати и за пензии

Министерот за финансии Кирил Миноски, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии. Тој истакна дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетските потреби за оваа и за следната година и дека имало потреба од нејзино издавање. -...

Наумов: Министерството за правда да одговори дали издало мислење за еврообврзницата

Никола Груевски и соработниците противзаконски ја издадоа еврообврзницата и за ова огромно незаконско задолжување на граѓаните од 450 милиони евра најавуваме дека ќе има одговорност, изјави денеска претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов, на прес-конференција. Според него, јасна е намерата на Груевски да врши корупција во предизборниот период. Наумов дека СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да...

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско...