fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

Турција им забрани на своите академици да патуваат во странство

Турскиот Совет за високо образование им забрани на сите академици да патуваат надвор од земјата, јави турската државна телевизија ТРТ. Засега не се знае до кога ќе трае забраната за патување во странство, која доаѓа непосредно откако владата нареди разрешување на 1.577 декани од универзитетите во земјата и им ги одзеде лиценците за работа на околу 21.000 наставници во приватните училишта. Според...

Франција ги забрани утрешните синдикални протести

Франција ги забрани утрешните синдикални демонстрации во Париз против реформите во законот за труд, стравувајќи од насилство како на претходните протести. Ова е прва забрана на синдикални протести во Франција во изминатите неколку децении. Денешната одлука е донесена затоа што седум синдикати, организатори на протести, одбија да прифатат протестот да биде статично собирање што полицијата полесно ќе може да го контролира. Париската полиција...

Вашингтон воведува нови економски санкции за Пјонгјанг

САД воведуваат нови економски санкции кон Северна Кореја за дополнително да ѝ го ограничат пристапот до меѓународниот финансиски систем, поради „заканата“ што ја претставува режимот во Пјонгјанг. Американското министерство за финансии оцени дека Северна Кореја е центар за перење пари и најави дека ќе преземе мерки за ограничување на меѓународните финансиски трансакции со таа земја. Новите санкции треба да го спречат Пјонгјанг да ги користи...

Во Грција викендов само пеш

Граничните премини „Ники“, кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран ќе бидат затворени за сообраќај за сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници, а границата ќе може да се помине само пеш, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Премините ќе бидат затворени за сообраќај до 23 мај. Граничниот премин „Евзони“ е затворен утрово од 6 часот и ќе биде затворен...

ЕУ: Само 11 членки ги усвоија правилата за забрана на пушењето

Европската унија соопшти дека само 11 од 28 нејзини членки потполно ги усвоиле мерките за забрана на пушењето, во предвидениот рок од две години кој истекува денеска. Државите членки имаа обврска, во рок од две години на национално ниво, да усвојат правила кои вклучуваат истакнување на предупредување за штетното влијание на пушењето врз здравјето, што подразбира и истакнување на слики...

Трамп: Ако станам претседател, нема да имам добри односи со британскиот премиер

Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека доколку победи, најверојатно нема да има добри односи со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, бидејќи тој ја отфрлил неговата идеја за забрана за влез на муслимани во САД, нарекувајќи ја „глупа и погрешна“. Камерон го критикуваше Трамп во британскиот парламент поради неговиот став за муслиманите и порача дека Велика...

ФРОДЕМ: Забрана за влез во ЕУ и во САД и замрзнување на сметките за лицата што не го почитуваат Договорот од Пржино

„По вчерашното распишување на изборите при неисполнети елементарни услови согласно Договорот од Пржино, како и децидното одбивање на Иванов да ја повлече неговата ништовна одлука за стопирање на постапките против осомничениге лица и да не поднесе оставка, ги повикуваме САД и членките на ЕУ наместо очекуваните санкции кон Македонија и нејзините граѓани, истите да ги изречат кон лицата и...

ДИК ќе ја послуша ДЗЛП, ама ќе ги обжали решенијата пред Управен суд

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе одлука да постапи по двете решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), односно да го повлече од својата интернет-страница списокот со спорни 89.000 гласачи за теренска проверка, како и избирачкиот списокот со вкупниот број на гласачи. Истовремено, како што пренесува „Телма“, членовите на ДИК одлучиле до Управниот суд да поднесат...

Поради одрони и свлечишта сообраќајот на дел од патиштата во прекин

Поради свлечишта, одрони и врнежи од снег, сообраќајот на дел од патиштата во земјава е во прекин, а на дел од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење. Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Кај обиколницата Битола - Ресен, на патот А3, поради свлечиште патот...

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека за кратко време повторно ќе издаваат...

Кирацовски: Министерката забранила да ми даваат документи

Соработниците на Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почнавме да ја вадиме вистината за нивното работење на штета на граѓаните, рече на прес-конференција Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за инфарматичко општество. „Ја известувам јавноста дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, вчера се обиде да изврши притисок врз административните службеници. Откако ја објавив намерата...

Забрана за камиони на повеќе патни правци

Забрана за камиони е воведена на повеќе патни правци во Македонија, известува Автомото-сојузот на Македонија. Камиони не смеат да се движат на планинскиот премин Пресека, планинскиот премин Ѓавато, патните правци Струга - граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. Сообраќајот се одвива по влажни коловози,...

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на Стража, Маврово и на патот Тетово – Попова Шапка

На планинските превои Стража и Маврово превентивно се воведува забрана за тешки товарни возила, а забрана за тешки товарни возила и за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Магла...

Забрана за камиони кај Буково

Поради обилни врнежи од снег, вечерва од 19 часот повторно е воведена забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен, кај планинскиот премин Буково. Автомото-сојузот на Македонија информира дека на другите патни правци сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози.

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид - Ресен преку планинскиот премин Буково, информираат од АМСМ. Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово - Дебар, кои беа воведени...

Тргната забраната за товарни возила на Стража

Денеска сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Од 7.30 часот се укинуваат забраните за тешки товарни возила на Стража, кракот кон Маврово и на Пресека. Намалена видливост поради магла има во Битола и во Македонски Брод до 100 метри и на Плетвар до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на...

Од полноќ забрането емитувањето на платено политичко рекламирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека од денеска на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали). Забраната е пропишана во член 82, став 1 од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи до денот на почетокот на...

Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали), соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Забраната произлегува од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи сè до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат...

Зголемено присуство на полиција на македонско-грчката граница

Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци се обиделе да ја минат границата меѓу Македонија и Грција, кинејќи дел од бодливата ограда и барајќи да им биде дозволено да го продолжат патот кон северот на Европа. Некои од нив фрлале камења врз полицијата, додека други на колена извикувале „Сакаме да одиме за Германија“. Неколкумина успеале да влезат на македонска територија, но набргу...

Водата во Струшко повторно забранета за пиење

Центарот за јавно здравје од Охрид изврши нови анализи кои покажуваат дека водата во струшките села Октиси и Франгово е неисправна за пиење. Раководителот на Центарот, Атанаско Михаилов, информираше дека водата од водоводите во селата Октиси, Франгово и Калишта не е хлорирана и оти не смее да се употребува за пиење. – Земавме примероци од водоводите во селата Октиси, Франгово и...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...