fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“. Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна - помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и помош за државниот буџет, бидејќи на тој начин ќе има помалку затајување даноци. Имено, банките во...

Комунистичката партија на Кина на членовите им забрани членство во голф-клубови

Кинеската комунистичка партија на своите членови им забрани да членуваат во голф-клубови, како дел од последните измени на партиските правила за дисциплина. На членовите на Комунистичката партија на Кина, чиј број изнесува околу 88 милиони лица, исто така формално им се забрануваат луксузни јадења и пијалаци и злоупореба на моќта, пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на новинската агенција „Ксинхуа“. Инаку, Кина спроведува...

ДС: Законот за мораториум на „бомбите“ е атентат врз демократијата

Обидот за донесување закон за забрана за објавување материјали од прислушуваните разговори за Демократскиот сојуз е „атентат“ врз демократијата и врз слободата на говорот, стои во соопштението на партијата на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. „Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување закон за забрана на објавување материјали од прислушувани разговори. Демократскиот сојуз смета дека ова е атентат врз демократијата...

Жерновски: Центар ќе забрани градежни активности на кејот на Вардар

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција информираше дека вчера до Советот доставил одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улицата Војвода Васил Аџиларски, улицата Димитрија Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија и Камени Мост. Во овој реон спаѓа и кејот на Вардар. Со оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите...

Хотелиерите бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи

Хотелиерите и граѓаните на Охрид бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи во згради за живеење. Во согласност со измените во Законот за угостителска дејност, општините не смеат да издаваат нови решенија за станоиздавачи во колективни станбени згради за живеење. Во најголемиот туристички центар во земјата, Охрид, такви има 420. На десетици од нив им се...

На Хаваи целосно забранета употребата на пластични кеси

Во американската сојузна држава Хаваи, од вчера стапи на сила одлуката со која целосно се забранува диструбицијата и употребата на пластични кеси во продавниците, јавуваат американските медиуми. Властите на градот и на областа Хонолулу, која во целост го покрива Оаху, најнаселениот остров на Хаваи, донеле одлука со која им се забранува на продавниците да им даваат пластични кеси на своите...

Привремен режим за тешки товарни возила на Скопје-Охрид-Скопје

АМСМ соопшти дека од денеска почнува примената на привремениот режим на сообраќај за тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистралниот пат А2, делница Скопје- Охрид- Скопје. Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември. Забраната ќе се однесува за време на викендите, односно во петок од 15...

Московските власти ја забранија геј-парадата

Московските градски власти соопштија дека нема да дозволат одржување на геј-парада во главниот град на Русија, која активистите планираа да ја одржат кон крајот на мај. - Ги предупредивме организаторите дека шетањето нема да биде дозвилено – рече портпаролот на градоначалникот на Москва, Алексеј Мајоров. Организаторите годинава пријавија одржување на два собира и геј-парада на 30 мај, а очекувале дека на...

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ. Истовремено се наведува дека од 06.45 часот, нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот крак Маврово – Дебар. Поради свлечиште на патниот правец Прилеп - Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила. Сообраќајот се...

Забрана за моторни возила на неколку патни правци

Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, јавуваат од АМСМ. На патниот правец Македонски Брод - Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река, исто така е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на автобуси потешки од седум тона. На магистралниот пат Кратово,...

Забрана за тешки товарни возила кај Ѓавато

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на планинскиот премин Ѓавато поради интензивни врнежи од снег. Според информациите добиени во АМСМ и од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во северните, западните и во југозападните делови од државата. Во источните делови...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег, на планинските превои Стража и Маврово - Дебар, забрането е движење на тешки товарни возила. Како што информираат од АМСМ и од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. АМСМ препорачува особено да се внимава на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар...

Индија ја забрани полигамијата

Врховниот суд на Индија соопшти дека „фундаменталното право на муслиманите да го практикуваат исламот“ не подразбира и право на полигамија. „Тоа што е заштитено со членот 25 (од Уставот) е верата, а не практиката која противречи на јавниот ред, здравјето или моралот. Полигамијата не е интегрален дел од религијата и моногамијата е реформа која е во рамките на државните овластувања...

Водата во Штип и во Пробиштип забранета за пиење

Водата од водоводот во Штип поради поплавување на бунарите, сè уште не е за пиење. И во Пробиштип и во околните села забрането е да се пие водата од водовод поради заматување на бунарите. Анализите направени во Јавното претпријатие „Исар“ од Штип покажуваат дека водата за пиење е исправна и бактериолошки и хемиски, но додека не се добие потврда на...

ОАЕ го забранија филмот „Егзодус: Богови и кралеви“

Обединетите Арапски Емирати се последната земја што го забрани епскиот високобуџетен филм на Ридли Скот, „Егзодус: Богови и кралеви“. Филмот, во кој играат Кристијан Бел, Џоел Едгертон и сер Бен Кингсли, е базиран на библиската книга за егзодусот, а ја следи приказната на пророкот Мојсеј и побуната против египетскиот фараон Рамзес. Минатата недела Египет и Мароко го забранија филмот поради „историска неточност“, особено во делот...

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Утринава, во 10.30 часот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово - Попова Шапка. Причината за воведување на забраната се интензивните врнежи на снег. За лесните моторни возила, задолжителна е употреба на зимска опрема.

Велика Британија ги забрани рекламите за е-цигари

Велика Британија вчера ги забрани телевизиските реклами за електронски цигари, откако пред само два месеци ги промени правилата за огласување со кои се овозможи нивно рекламирање, пренесуваат тамошните медиуми. Одлуката ја донела Управата за стандарди за огласување(АСА). Таа била поздравена од здруженијата за борба против пушењето, кои ја проблематизираат легалноста на ваквите реклами. АСА заклучила дека три реклами за е-цигари потсетуваат...

Град во Аргентина ги забрани изборите за убавина

Аргентинскиот град Чивилкој ги забрани изборите за убавина, бидејќи се „сексистички“ и „поттикнуваат насилство над жените“. Градскиот совет на Чивилкој соопшти дека таквите натпревари поттикнуваат опседнатост со физичката убавина и болести како што се булимијата и анорексијата. Во Латинска Америка изборите за најубава жена често претставуваат отскочна штица за телевизиска или за филмска кариера. Градскиот совет соопшти дека отсега сите прослави ќе бидат...

Република Српска ги забрани производите на „Пекабеско“

Република Српска денеска го забрани производите на македонската компанија „Пекабеско“ бидејќи во нив, наводно, се откриени канцерогени материи, јавува „Балкан инсајт“ Македонските официјални претставници и претставниците на „Пекабеско“ се изненадени од одлуката на министерството за земјоделство на Република Српска да се забрани увоз на сите производи од компанијата. Како што јавува БИРН, македонската Агенција за храна и ветеринарство денеска дознала за...

Русија забрани увоз на живина од САД

Американската живина од утре нема да може да се увезува во Русија, соопшти денеска Руската земјоделска служба за контрола. Како што јавуваат руските медиуми, привремените рестрикции за американската живина и за преработки од месо не се последица на заладените руско-американски односи, туку на „штетните материи што се откриени во американските производи од месо од живина, како што е тетрациклинот.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...