fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

Американскиот Конгрес со нов предлог-закон за принудна продажба или забрана на ТикТок

Американски конгресен панел одобри нацрт-закон кој ќе ја принуди кинеската матична компанија на социјалната мрежа ТикТок да ја продаде апликацијата во рок од шест месеци или ќе се соочи со забрана за користење во САД, јави Би-би-си. Мерката е воведена од комисија на Претставничкиот дом и е поддржана од Белата куќа поради загриженост за националната безбедност. Од ТикТок велат дека предложеното...

Судот пресуди: Трамп во Колорадо не смее да учествува на претседателските избори

Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо донесе пресуда со која го исклучи поранешниот претседател Доналд Трамп од можноста да учествува на претстојните претседателски избори во оваа држава, пренесува Си-ен-ен. Донесената пресуда е поради однесувањето на Трамп во врска со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Судиите се повикуваат на забраната за вршење на јавни функции од...

За да ги заштити младите, хрватскиот министер за здравство ќе ги ограничи снус и „Прајм“

По средбите со Хрватскиот институт за јавно здравје и Државниот инспекторат на Република Хрватска, во врска со ограничувањето на потрошувачката на енергетскиот пијалок „Прајм“ и никотинските кесички, министерот за здравство на Република Хрватска Вили Берош рече дека ќе направи се за да ги ограничи ваквите производи, пренесе Јутарњи. Реакцијата на хрватските власти следува откако Словенија го забрани пијалокот „Прајм“...

Непал го забрани ТикТок поради „нарушување на социјалната хармонија“

Непал ја забрани кинеската апликација ТикТок со изговор дека нејзината содржина била „штетна за социјалната хармонија“. Одлуката доаѓа неколку дена откако оваа јужноазиска држава воведе ново правило со кое се бара од фирмите за социјални мрежи да отворат канцеларии во оваа земја. Министерката за комуникации и информатичка технологија на Непал, Река Шарма за Би-би-си Непал изјавила оти платформата шири злонамерна...

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да...

Украинскиот парламент гласаше за забрана на УПЦ поради наводни врски со Русија

Украинскиот парламент вчера даде првично одобрение на законот со кој се забранува Украинската православна црква (УПЦ), откако Кијив ја обвини за соработка со Русија по минатогодишната инвазија. Украинската православна црква, која вели дека повеќе не е усогласена со Руската православна црква, ги негира обвиненијата од Кијив и рече дека нацрт-законот бил неуставен, пренесува Гардијан. За да стапи на сила, законот треба...

Путин не ја забранува 5Г мрежата и не ги уништува кулите

Со пребарување на Интернет не се наоѓа ниту еден кредибилен напис дека Путин ги забранил 5Г кулите, како што е наведено во објавата. Исто така, оваа вест не е потврдена од ниту еден официјален руски извор. Напротив, според информации објавени на веб-страниците на Владата на Русија и на руското министерство за дигитален развој, комуникација и масовни медиуми, во земјата...

Фејсбук забранува нацистичка и антисемитистичка содржина

Фејсбук / Facebook
Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини од страна на корисниците...

Холандија воведува забрана за користење смартфони во училиштата

Смартфони, таблети и паметни часовници ќе биде забрането да се користат во училиштата во Холандија, почнувајќи од 1 јануари в година, пренесе Си-Ен-Ен. Како што соопшти во вторникот холандската влада, ова се прави за да се ограничи одвлекувањето на вниманието додека трае наставата. Уредите ќе бидат дозволени за користење само во неопходни ситуации, односно во случај на несреќи или кај...

НП „Шар Планина“ ги забрани моторните возила и објави мапа каде смеат да се движат

Националниот парк „Шар Планина“ донесе одлука за забрана за движење на моторни возила надвор од дозволените патишта во рамките на заштитеното подрачје. Како што информираат од управата на паркот, забраната важи за секое движење во природа, освен во населените места и на постојните патишта, а целта е да се заштитат природните вредности од деградација и уништување, да се овозможи...

Не е точно дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење

Станува збор за дезинформација дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење. Германската влада во април годинава донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за енергенси со која официјално е почнат преминот на греењето кон обновливи извори на енергија. Меѓутоа, оваа одлука не значи дека Германија забранува користење на дрва за греење. Амандманот не...

Не е точно дека во Австралија има забрана за протести на јавни места

Во Австралија не се забранети јавните протести, како што тврди постот, туку доуредени се начините за тоа како тие може да се спроведуваат, за да не се предизвикува уништување на јавните добра, да не се блокираат итните функции на општествениот живот (итна помош, болници, застој во сообраќајот) и казните се однесуваат само за екстремни случаи на попречување на јавниот...

Монтана е првата американска држава што го забранува ТикТок на уредите на граѓаните

Сојузната држава Монтана стана првата американска држава што ќе ја забрани ТикТок, апликацијата во сопственост на кинеската „БајтДенс“, од личните уреди на граѓаните. Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте ја потпиша забраната вчера, а истата треба да стапи на сила на 1 јануари догодина, пренесува Би-би-си. Републиканскиот гувернер на пратениците им рече дека пошироката забрана ќе го продолжи „заедничкиот приоритет да...

ИТ експерт: Во земјава може да се забрани ТикТок, но до него може да се пристапи и на други начини

Поттикнати од неодамнешната трагедија во Србија, властите во Северна Македонија излегоа со предлози и изјави за забрана или ограничување на социјалната мрежа TикТок во Северна Македонија. Меѓутоа, конкретни одлуки за ова сè уште нема. За тоа дали TикТок може да се забрани во земјава и на кои начини може да се направи тоа, Порталб.мк разговараше со експертот за информатичка...

Граѓанскиот сектор скептичен за реализирање на најавената забрана на ТикТок

Граѓанското општество во земјава е скептично во врска со најавената забрана на социјалната мрежа ТикТок од страна на властите. Актерите на граѓанското општество со кои разговараше Порталб.мк велат дека таква забрана е тешко изводлива. Тие велат дека е потребна едукација и превентивни мерки од страна на властите за можните опасности. Сојузот на средношколци има резерви во врска со спроведувањето на...

Министерот Шаќири ќе побара итна проценка на безбедносните ризици во училиштата

По случувањата во Србија со двата масакра со огнено оружје што се случија неделава, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска информираше оти ќе им предложи на владата и безбедносните органи да извршат итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како што е ТикТок. „Имајќи предвид дека истите не...

Не е вистина дека ЕУ го забранила увозот на украинска пченица во пет земји членки

Во постот што го рецензираме неточно се тврди дека ЕУ го забранила увозот на пченица од Украина во некои од земјите членки. Напротив, ЕУ се спротивстави на едностраните одлуки на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија привремено да го забранат увозот на житарки од Украина заради заштита своите земјоделци, по што на 28 април постигнаа заемно прифатлив договор. Со...

Англија ќе ги забрани влажните марамчиња поради загадувањето на реките

Речиси сите влажни марамчиња што се продаваат во Англија ќе бидат забранети, согласно плановите на властите за справување со загадувањето на водата, изјави за Би-би-си министерката за животна средина на Обединетото Кралство, Тереза Кофи. Забраната на марамчињата на база на пластика треба да стапи во сила следната година, а оваа заложба е дел од планот за подобрување на квалитетот на...

Италија го блокираше ChatGPT

Италија стана првата западна земја што го блокирала напредниот чатбот ChatGPT. Италијанскиот орган за заштита на податоците соопшти оти постои загриженост за приватноста во врска со оваа форма на вештачка интелигенција создадена од американскиот стартап „ОпенАИ“ и поддржан од „Мајкрософт“. Италијанските регулатори велат дека ќе го забранат чатботот и ќе започнат со истрага веднаш, пренесе Би-би-си. Тие нагласуваат дека на 20...

Франција ја забрани употребата на ТикТок, Кенди краш и Нетфликс за јавните службеници

Француската влада ја таргетираше кинеската апликација ТикТок, но и популарната игра Кенди краш и стриминг платформата Нетфликс, забранувајќи ја нивната употреба на јавните службеници во оваа земја поради загриженост за сајбер безбедноста и приватноста, пишува Политико. Франција ќе ги спречи службениците да ги преземаат сите видови на апликации за игри и за видео стримање, како и сите платформи на социјалните...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...