fbpx
Таг: забрана за влез

таг: забрана за влез

МНР: Дел од групата на Ковачев што сакаше да влезе во земјава е ризик по јавниот мир и безбедност

По жестоките реакции од Бугарија и изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји, македонското Министерство за надворешни работи (МНР), денеска излезе со официјална реакција дека дел од петчлената група што викендов од Бугарија сакала да влезе во земјава претставувало ризик по јавниот мир и безбедност. „Би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица...

На бугарскиот европратеник Ковачев и на Врабевски не им беше дозволен влез во земјава

На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани денеска не им бил дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“. Официјални информации од македонските власти за забраната за влез на овие лица во земјава засега нема, но откако биле вратени од граница, со експресна...

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење. Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните месеци во Република Српска ќе...

Холандскиот парламент против влез на Бугарија во Шенген зоната, реакции од источниот сосед

Парламентот во Холандија изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандските пратеници изгласаа резолуција со која побараа холандскиот премиер Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната без граници, поради корупција и организиран криминал во двете земји, пишува Јуроактив. Ваквата вест доаѓа само два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција...

Поради ковид-19, од среда Бугарија ги затвора границите за влез на македонски државјани

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19 јануари (среда), со која се ограничува влезот за сите таканаречени не-есенцијални патувања во земјата, информираат од македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Исклучоците од ваквото ограничување за влез...

Американските власти му забранија влез во САД на поранешниот албански премиер Сали Бериша

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска јавно преку Твитер објави дека на поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша му е забранет влез во САД. Блинкен како причина за прогласување на персона нон-грата на Бериша ги наведува коруптивните постапки во минатото и поткопувањето на демократијата во Албанија. „Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија Сали Бериша ја поткопаа демократијата во...

Грција од 5 април ги укинува ограничувањата за летови со нашата земја, Албанија и Турција

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека од 5 април ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција. Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега. Во меѓувреме, Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките...

Чешка забрани влез на странци во земјата, во Франција од утре не можат да влезат сите лица надвор од ЕУ

Под налетот на британската, јужноафриканската и бразилската мутација на корона вирусот, расте бројот на земји во светот што воведуваат нови рестрикции за патувања. Чешка од денеска го забрани влезот за странци на нејзина територија кои не доаѓаат во земјата поради неопходни причини. Од 30 јануари, влез во Чешка е дозволен само за оние странци што студираат или работат во...

Македонците нема да може да патуваат во ЕУ до септември

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија на жителите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, да не им дозволат влез во Европската Унија до септември. „Ројтерс“ јавува дека амбасадорите одлучиле да ја намалат листата на безбедни земји во кои се дозволуваат несуштински патувања на вкупно 11. На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета...

Врховниот суд на САД делумно ја врати на сила забраната за влез на државјани од шест земји

Врховниот суд на САД врати на сила дел од извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која им се забранува влез во земјата на државјани на шест муслимански земји. Ваквиот исход следува откако највискиот суд во САД денеска оспори дел од одлуките на пониските судови во земјата, кои претходно ја поништија наредбата на американскиот претседател. Трамп ја поздрави одлуката на...

Поради лошото време, забранет e влезот на камиони во Грција на преминот Евзони

На тешките товарни возила кои транзитираат меѓу Македонија и Грција, преку граничните премини Богородица и Евзони не им се дозволува влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата. Вакво известување утрово добиле македонските полициски служби на граничниот премин Богородица од своите колеги на преминот Евзони, од грчката страна на границата. Поради забрната за влез, како што информираат...

Израел привремено го забрани влезот за сите Палестинци на нејзина територија

Израелската војска денеска соопшти дека привремено им го забранува влезот на сите Палестинци во Израел, со што ги заостри мерките што властите ги воведоа откако вооружени напаѓачи завчера вечерта убија четири лица во Тел Авив. Портпаролката на израелската војска, пренесуваат светските агенции, изјавила дека во согласност со владините директиви и со проценката на моменталната ситуација, од денеска премините од Појасот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...