Забрана за камиони утрово само на Маврово – Дебар


Скопје, 1 март, 2018 - 9:21 (META) 

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар утрово сè уште е на сила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Сообраќајот се одвива отежнато, кашест снег на коловозите


Скопје, 27 февруари, 2018 - 9:19 (META) 

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти Автомото сојуз на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила изутрина од 7.15 часот е воведена на патот Дебар – Струга, а се уште трааат забраните и на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга – граничен премин Ќафасан, и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Лавина кај Маврово-Дебар, забрани за камиони на неколку превои


Скопје, 14 февруари, 2018 - 10:13 (META) 

На планинскиот превој Ѓавато денеска во 7 часот е укината забраната за тешки товарни возила.

Од 6 часот, пак, повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.


Забранет сообраќајот на некои превои и патни правци, на некои само за камиони


Скопје, 13 февруари, 2018 - 16:16 (META) 

Поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили.

Од 15 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на камиони и автобуси. Забрана за движење на камиони има и на патот Маврово – Дебар, потоа од Стража кон Колари. Поради магла, видливоста е намалена до 100 метри на превојот Стража и на 30 до 40 метри на превојот Ѓавато.

Патниот правец Крива Паланка – Куманово кај Грамаѓе, повторно е во функција, откако претходно беше блокиран. Исто така, поради отстранување одрони во близина на селото Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, а се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.


Забрана за камиони на Стража и на Пресека


Скопје, 18 јануари, 2017 - 18:24 (META) 

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Ресен – Битола, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, како и на планинскиот премин Пресека, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен е непрооден.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава, освен во источниот дел.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Сообраќајот и понатаму во зимски услови, забрани за тешки возила на неколку патишта


Скопје, 11 јануари, 2017 - 9:53 (META) 

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево и Берово – Виница – Кочани, а за другите возила задолжително е користење на зимска опрема, соопшти утрово Автомото-сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец од Дојранска раскрсница – Дојран од 8 часот утрово е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“. Поради ниска температура, на места е можна појава на голомразица.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава (оваа информација се однесува само за македонската страна на премините).

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.