Таг: за
таг: за
ДИК: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти, „за“ гласале 91,48 отсто
Последните неофицијални податоци од веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на референдумот е 36,87 проценти, односно гласале 661.393 граѓани запишани во Избирачкиот список, од 98,61 проценти обработени податоци.
„За“ гласале 91,48 отсто односно 605.016 гласачи, „против“ се изјасниле 37.312 односно 5,64 проценти од гласачите.
Официјалните податоци од ДИК ќе бидат соопштени околу пладне.
Црвенковски: На референдумот ќе гласам „за“, незадоволство од власта се искажува на избори
На 30 септември јас ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам „за“, вели поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ.
Црвенковски вели дека ќе гласа „за“, не затоа што мисли дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што смета дека е нужност од која нема бегање.
„Ќе гласам „за“, не затоа што мислам дека...