fbpx
Таг: Временска Прогноза

таг: Временска Прогноза

Најави за врнежи од снег, ЦУК апелира на внимателно возење на планинските превои

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да...

Раат од аерозагадувањето: следат денови со дожд, снег и студено време

Македонските граѓани барем малку ќе можат да здивнат од енормното загадување на воздухот коешто го дишеа изминатиов период. Според временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска и утре времето во земјава ќе биде врнежливо и ќе дува најпрво југоисточен, а потоа и северен ветер. Денеска низ целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе продолжат...

Снежен бран и ниски температури деновиве во Македонија

Драстично намалување на температурите, силен северен ветер, обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), почнувајќи од утрешниот ден. Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста за врнежи од снег. „Под...

Врнежи и грмежи и во текот на денешниот ден

И денешниот ден ќе биде облачно, со врнежи од дожд, наместа обилни, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени Врнежите времено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, во форма на невреме со силен ветер. Максималните температури...

Синоптичарите меѓу најранливите од високите температури – речиси половина се ослободени од работа

Речиси 50 отсто од синоптичарите вработени во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од вчера се ослободени од работа, откако на сила стапија мерките и препораките за заштита од високите температури. Тоа е така зато што имаат над 60 години и спаѓаат во најранливите групи население, кои, заедно со бремените жени, се ослободени од работните обврски бидејќи земјава ја зафатија...

Повисоките температури не се измама, туку мапите за временска прогноза се од различен тип

Во постот кој го рецензираме се пропушта контекстот затоа што два различни вида на мапи – топографска и топлотна мапа (кои имаат различни бои и различни прикази), се споредуваат. Како што тврдат и експертите, не би можело да се споредуваат овие два видеа на мапи, поради тоа што топографската мапа има зелена боја, а топлотната црвена боја, пишува „Вистиномер“...

Западна Европа погодена од високи температури и пожари, многу топло и во Македонија од четврток

Нов топлотен бран ги погоди земјите од Западна Европа деновиве, којшто предизвика суша и шумски пожари во Шпанија и Португалија, како и високи температури во Обединетото Кралство и Франција, јавува Би-би-си.  Во Франција се откажани огнометите кои традиционално се одржуваат во градовите низ целата земја по повод 14 јули - Националниот ден на Франција. Француските власти очекуваат продолжен топлотен бран...

По 10 дена дожд во земјава, од утре следува период на сончево време со повисоки температури

Облачно со локални врнежи од дожд во претпладневните часови е временската прогноза за денешниот ден во земјава, но ова ќе биде и последниот врнежлив ден. По 10 дождливи дена во континуитет, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат потопло време со многу повеќе сонце во наредниов период. Веќе утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе дува...

Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава [инфографик]

Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на врнежи. Податоците на Министерството за...

Делови од земјава под снег, врнежите од снег и дожд ќе продолжат и денеска

Доаѓањето на пролетта годинава донесе врнежи од снег во делови од земјава. Од ЈП „Македонијапат“ утрово информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет има речиси низ целата земја, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на планинските премини. АМСМ информира дека поради врнежи од снег на патот Кичево - Охрид, од 9:30 часот утрово...

Умерена облачност преку ден, попладне со повеќе облаци

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи од 0 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува од 10 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Утринската температура достигна...

Облачно време со дожд, на некои места големи врнежи со силен ветер

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер на одредени места. Пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/ч), може да се очекуваат особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2. Утринската температура се движи од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 10...

Преку ден умерена облачност, попладне и ноќеска со дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи од 2 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе...

Променливо облачно време денеска, температурата до 19 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, понекаде во котлините со магла, а на истокот со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе започнат умерени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје претпладне магливо, а преку денот променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до...

Времето денеска сончево со мала облачност и температури до 21 степен

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до...

Облачно време со повремен дожд

Денеска времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина се преместуваат кон исток, каде што ќе се пообилни, но краткотрајни. Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне и повеќе на истокот од земјата со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен...

Времето облачно со дожд и повремено засилен ветер

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во вечерните и ноќните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен долж Повардарието, како и на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде облачно, а попладне...

Денеска сончево и топло, температурата до 21 степен

Во земјава времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Максималната дневна температура ќе биде во интервалот од 16 до 21 Целзиусови степен. Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со...

Облачно со повремен дожд во претпладневните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје слично...

Облачно со дожд, поинтензивни врнежи во западните делови

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе се поинтензивни во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервалот од 12 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје денеска ќе...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...