fbpx
Таг: вредност

таг: вредност

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, за да го купи Твитер, Маск...

Во првите четири месеци извозот се зголемил за 53,7 отсто во однос на ист период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот од јануари до април 2021 година изнесува 2.739.362.000 долари и бележи пораст од 53,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.704.130.000 долари, што е за 46,8 отсто повеќе во споредба со...

Случај „Таргет-Тврдина“: Вредноста на уништената опрема за прислушкување е над 1,4 милиони евра

МВР во 2015 година ја проценило уништената опрема за прислушкување на 1 денар, но вештите лица ангажирани во случајот „Таргет-Тврдина“ на денешното судско рочиште рекоа дека вредноста на уништената опрема за прислушкување изнесувала над 1,4 милиони евра. Ова го изјави вештото лице Ѕвонко Кочовски, кое појасни дека станува збор за вредност на системот за прислушкување „Најс“ во моментот на...

Во јули издадени помалку дозволи за градење на станови, но повеќе за инфраструктурни објекти

Градежниот сектор е една од гранките во економијата каде ударот на корона кризата е послаб, ако се суди според податоците на Државниот завод за статистика. Во јули 2020 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е идентична бројка во споредба со истиот месец од минатата година. Воедно, предвидената вредност на објектите што ќе се градат е над 82...

Корона вирусот ја враќа Македонската берза во 2019 година

Рекорден пад на вредноста има кај македонскиот берзански индекс МБИ10 во изминативе десетина дена поради појавата на корона вирусот. Денеска индексот падна под границата од 3.800 индексни поени, а на 5 март изнесуваше 4.997 индексни поени. Податоците на берзата покажуваат дека последен пат вредноста на МБИ10 била под границата од 4.000 индексни поени во август, минатата година. Во спречување на континуираното...

Во септември издадени помалку одобренија за градење на објекти и на станови

Државниот завод за статистика во текот на септември регистрирал намалување на бројот на издадени одобренија за градење на објекти и на станови на територијата на земјава. Во овој период се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.988.722...

Луксузниот „мерцедес“ кој МВР го нарача за Груевски сега вреди 234.000 евра

Екстра луксузниот мерцедес кој го нарача Министерството за внатрешни работи за потребите на екс премиерот Никола Груевски и официјално сега вреди 234 илјади евра. Вештачењето е завршено, а според документите до кои дојде „Телевизија 24“, проценето е дека возилото Мерцедес бенз С 600 сега изнесува 14.372.208 денари. Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60 отсто...

Сончево и топло време, попладне облачноста ќе се зголемува

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со натпросечна дневна температура на повеќе места во земјава. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје се очекуава слично време. Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 35...

Сончево и многу топло време, на некои места со температура и повисока од 40 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, а дневната до 39 степени. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува...

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари што во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе. Ова го покажува обемното истражување на Институтот за економски и општествени науки од Диселдорф, кој ги анализирал статиските на...

Девизните резерви во ноември се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври

Нивото на државни девизни резерви во ноември изнесува 2.551,4 милијарди евра и се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври, кога изнесувале 2.729 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Вредноста на девизните резерви во ноември првпат падна по четиримесечен континуиран пораст. Во ноември е забележан и пад кај вредноста на монетарното злато за 9,7 милиони евра, кое достигна вредност...

По победата на Трамп, вредноста на доларот почна да се зголемува

Трговците со валути сметаат дека постојат 45 проценти шанси за вредноста на доларот спрема еврото да се зголеми на еден долар до крајот на идната година, пишува „Блумберг“. Пазарот денеска се потпира на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците и дека ќе ја зајакне потрошувачката. Тоа би требало да го зголеми економскиот пораст, а тоа на крајот...

Опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни записи за пропагандни цели

„Со пласирање невистини и полувистини во јавноста, опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели. Доказ за тоа е што и дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов и одредени медиуми, во настојувањето да прикажат дека државата се задолжува, испуштија да споменат дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра врз основа на државни хартии од вредност“,...

Компаниите извршиле градежни работи во странство во вредност од 15 милиони евра

Во првите шест месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари (42.009.056 евра) што е за 21,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во овој период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961.396.000 денари (15.632.455 евра) што е за 11 проценти помалку во...

ВМРО-ДПМНЕ: Средствата од ДХВ се за финансирање на редовните расходи од буџетот

„Уште во 2003 година, тогашниот министер за финансии има донесено стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, во која се вели дека државните хартии од вредност (ДХВ) ќе ѝ помагаат на Владата за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит, и истовремено за...

Вредноста на договорените градежни работи помала за 52,7 проценти во однос на 2014 година

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 55.481.121 евро, што е за 52,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 43.354.715 евра, што е за 136,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во...

Вредноста на договорените градежни работи помала за 53,3 проценти во однос на лани

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство од јануари до септември годинава изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3 проценти помалку во споредба со истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Албанија, Италија,Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Холандија, додека на другите пазари е...

Еврото на најниско ниво во последните 11 години

Еврото падна на најниско ниво во последните 11 и пол години во однос на американската валута. Побарувачката на доларот и понатаму се зголемува по одличните резултати на пазарот на труд во САД, затоа што пазарот сè повеќе е уверен дека Федералните резерви кон средината на годинава ќе ги зголемат каматните стапки. Спротивно на тенденциите на монетарната политика на САД, Европската централна банка...

Швајцарците слават за порастот на франкот, а Балканците во паника

Швајцарскиот франк денеска достигна пораст на вредноста од 30 отсто откако централната банка на Швајцарија одлучи да го напушти фиксирањето на вредноста на валтата во однос на еврото. Швајцарската национална банка (ШНБ) вели дека веќе не е оправдана мерката за фиксирање на франкот, воведена во септември 2011 година. ШНБ исто така ја намали основната каматна стапка од -0,25 отсто на...

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи...