fbpx
Таг: вработувања

таг: вработувања

Инспекторите за животна средина си даваат откази, дозвола за нови вработувања нема

Уште еден водостопански инспектор си заминал од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но оваа институција и понатаму не добива зелено светло за да вработува нови. Директорот Сретен Стојковски денеска информираше дека ДИЖС има и помал буџет за оваа година, па ќе пропаднат и плановите да се набават и две теренски возила. Државниот инспекторат во моментов има 29 вработени, од...

Антикорупциска пред Уставниот суд ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Државната комисија за спречување на корупцијата пред Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за преиспитување на алатката балансер, која овозможува вработувања во државните и јавни институции според етничка припадност. Антикорупционерите изготвиле анализа во однос на тоа колку ваквиот вид вработувања носат можни ризици за корупција и ризици за трговија со влијанија, а при изготвувањето на анализата, Министерството за политички систем и...

Воздухот сѐ повеќе загаден, инспектори за животна средина сѐ помалку

Правилникот за цврсти горива да се извади од фиока и да се усвои, бидејќи со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите, апелираше денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тој информира дека во првите неколку денови од годинава најголемите индустриски капацитети кои ги контролира Инспекторатот не работат или се...

Меџити: Во 2024 ќе има ригорозни мерки за аерозагадувачите и за пушачите

Во најмодерните земји во светот се повикува на превенција во врска со аерозагадувањето. Ќе видите во наредната година, дека многу динамично ќе постапиме со мерки заеднички со сите министерства. Ќе има навистина ригориозни мерки за загадувачите. Мораме да се стремиме да сме дел од зелената еколошка карта, да има место за Македонија во светот. Ова денеска на брифинг со новинарите...

Од 1 јануари вработување во администрацијата без амин од Министерство за финансии

Сите министерства, јавни претпријатија, јавно-приватни субјекти и сите друштва кои се во државна сопственост од 1 јануари 2024 година ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии. За ова денеска информираше министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со новинари, на која посочи дека ова е предвидено со измени во Законот за буџети кој е...

Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс во јавниот сектор

При вработување кадри во јавниот сектор, ќе мора да биде избран најдобриот кандидат, односно првиот на листата. Новиот закон, предложен од Министерството за информатичко општество и администрација, со закон ја ограничува можноста на работа да влезат второ и треторангирани кандидати. Освен ова, се забранува и можноста за вработување на определено работно време на раководни места во јавниот сектор и се...

МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти, информираат од МВР. Во Секторот за внатрешни работи Скопје за работното место полицаец се бараат 300 извршители, во Секторот...

Повисоката плата – главна причина за промена на работните места кај граѓаните со високо образование [инфографик]

За пет години во земјава двојно се зголемил бројот на вработени со високо образование кои се подготвени да го променат работното место за подобри финансиски услови. Односно, 63 отсто од вработените во 2022 година побарале друга работа поради повисока плата, а во 2017 година тоа го направиле 34 отсто од вработените, се вели анализата на Порталб.мк.    Во 2017 година нивната најниска просечна...

Во јавниот сектор бројот на вработени намален за 2.714 луѓе

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 129.374 лица, вработени во 1.354 институции, информираше министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој денеска го презентираше Извештајот за вработените во јавниот сектор 2022. Според извештајот, во земјава за разлика од лани, има пораст на бројот на институции за осум, а бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2.714...

Битиќи најави нови 500 работни места за граѓаните од Пелагонискиот регион

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Бреинчајлд Продукција која произведува спортска опрема наменета за водени спортови со ветер или поточно опрема која се користи за сурфање на водени површини. Тој рече дека компанијата планира инвестиција од 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел...

АНАЛИЗА: За едно работно место, 9 пријавени во администрација

Новиот годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација пред пратениците – документот открива дека лани институциите на централната власт го зголемиле бројот на јавни огласи за вработување, да кај огласите за вработување на административци на локално ниво, има намалување. Од кандидатите што ги поминале сите филтри и биле одбрани за идни административци 23,5 отсто се етнички Албанци. Порталб.мк...

Инспекторатот за животна средина вработува тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа

Тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа ќе бидат вработени во Државниот инспакторат за животна средина. Двајцата водостопански инспектори ќе имаат седиште во Скопје, но ќе работат во источниот и западниот регион. Инспекторот за природа, пак, ќе биде лоциран во Охрид. Со трите нови вработувања, бројот на активни инспектори во оваа институција, која треба да се бори...

Инспекторите за животна средина се селат во странство, директорот Стојковски бара да му одобрат нови вработувања

Само 21 инспектор има Државниот инспекторат за животна средина, иако според систематизацијата треба да има 53 вработени. Тоа е една од причините што во првите шест месеци од годината редовните инспекциски надзори се намалени за 47, во однос на претходниот шестмесечен период. До крајот на годината Инспекторатот треба да вработи тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа, кои...

МИОА го одби ЈКП „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени, велат ја надминува законски предвидената бројка

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не го прифати барањето на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени. Според министерството, ЈКП предвидува поголем број систематизирани вработувања од законски дозволениот минимум, па затоа не дале согласност, пишува Порталб.мк. Еден од долгорочните проблеми што и понатаму останува нерешен за жителите на Општина Тетово е наталожениот отпад низ...

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за...

Пет нови инспектори за животна средина ќе се вработат во Државниот инспекторат

Пет нови инспектори добива Државниот инспекторат за животна средина. Со нив ќе се пополнат празните места во Велес, Штип и Куманово, а двајца ќе работат во Скопје. Нивното вработување доби зелено светло дури со ребалансот на средствата од државната каса, иако беше побарано уште минатата година додека се кроеше годинешниот буџет. Оваа институција има хроничен недостаток на кадар и...

Нема пари за вработување на нови инспектори за животна средина, ќе се чека ребаланс на буџетот [инфографик]

Вработувањето на нови инспектори во Државниот инспекторат за животна средина ќе треба да почека ребаланс на буџетот. Инспекторатот многу долго време кубури со кадар и работи на границите на можностите со само 50 отсто од бројот на вработени кои навистина му требаат. Еден цел регион во земјава, североисточниот, нема ниту еден инспектор, а општините и сите еколошки ризици кои...

Турски „Пурпласт“ инвестира 5,1 милиони евра во нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2

Турската компанија „Пурпласт“, која има 40-годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2, во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат од 40 до 50 лица. Ова денеска беше соопштено на...

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршен Рударски факултет

Преку јавно објавен оглас, Општина Штип бара шест нови извршители, меѓу кои и замената за пензионираниот раководител на финансии, но и советник за водење на антикорупциска политика и политика на интегритет. Сепак, најголемо внимание во јавноста привлече работното место советник за возен парк, каде за плата од 26.700 денари месечно, се бара некој со завршен Рударски факултет. „Условите се наместени...

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...