fbpx
Таг: вработени

таг: вработени

Компаниите во ТИРЗ, нелојална конкуренција за текстилните фабрики

Компаниите во технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) се нелојална конкуренција на текстилните фабрики, бидејќи квалификувани работници заминуваат да работат кај странските инвеститори кои се ослободени од плаќање давачки за нив. Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекција при Стопанска комора на Македонија, Ангел Димитров. - Се случува обучени работници, во чија едукација сме вложувале 20 години и за кои сме...

Штрајк на вработените во грчките болници, локалната управа и контролата на летови

Бран протести и штрајкови ја зафатија денеска Грција. Под клуч се државните болници и дел од јавната администрација поради протестот на вработените, а откажани се и голем број летови оти на штрајк излегоа и авионските контролори. Вработените во државните болници и итната помош со две кочии и со црни коњи се движат низ центарот на Атина и прават обиколка на...

Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти. Просечната месечна бруто-плата...

Германските компании треба да ѝ одговорат на Меркел зошто не вработуваат мигранти

Германската компанија „Блу шип“ ќе мора денеска да ѝ одговори на канцеларката Ангела Меркел зошто досега вработила само 100 мигранти откако повеќе од еден милион влегле во таа земја, јавува „Ројтерс“. Меркел ги повика на одговорност некои од најголемите германски компании да го објаснат неактивирањето и размената на идеите за работната ангажираност на мигрантите, пренесуваат светските агенции. Германските компании тоа го...

Трошоците во градежништвото во вториот квартал пониски за 2,7 проценти во споредба со лани

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје во споредба со истиот период лани се пониски за 2,7 проценти, објави Државен завод за статистика. Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2 проценти, трошоците за материјали за 1,3 отсто, а трошоците за вработените...

Просечната нето-плата во мај изнесувала 22.324 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 годинава, изнесува 22.324 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 1,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), административни и помошни услужни дејности (7,6 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство...

МВР: Вработените во МВР и на боледување земаат цела плата

Вработените во МВР и кога се на боледување, земаат плата во цел износ, а Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи што се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на Спасовски. „Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело неизвршување...

Грчкиот фонд за приватизација ќе ја прифати италијанската понуда за грчката железница

Грчката железница за 45 милиони евра ќе биде продадена на италијанската државна железница. Според првичните неофицијални информации, грчкиот Фонд за приватизација кој денеска ја разгледуваше понудата на италијанската компанија, ја прифатил понудата од 45 милиони евра со што ќе почне процесот за приватизација на грчката железница. Со железницата досега стопанисуваше грчката државна компанија ОСЕ, преку која се одвиваше патничкиот и...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се однесува насилнички кон судската администрација

Насилничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и на интересите на злосторничкото здружување во врвот на оваа партија, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во денешната изјава за медиуми. - Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската администрација, власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за...

Заврши штрајкот на вработените во солунското пристаниште

Вработените во солунското пристаниште одлучија да го стопираат штрајкот на пристаништето. Федерацијата на вработени во пристаништата во Солун и во Пиреја вчеравечер постигна договор со Министерството за поморство, со коj ќе се гарантираат работните места и колективните права во процесот на приватизацијата на двете пристаништа. Со постигнатиот договор беше одлучено да се прекине штрајкот, кој претставуваше дополнителен удар за грчките и...

Просечната плата во април изнесувала 22.356 денари

Просечната нето-плата во април изнесува 22.356 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата во април, пак, изнесувала 32.974 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,7 проценти. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (30,7...

Продолжува штрајкот на пристаништата во Солун и во Пиреја

Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун продолжуваат со штрајковите, блокирајќи ја целосно работата, истоварот и товарењето стоки и производи, но и протекот на патници. Штрајкот ќе продолжи и викендов, со што дополнително се отежнува истоварањето на околу 14 товарни бродови со контејнери и на товарни камиони, од кои голем број се за Македонија и кои чекаат во...

„Телма“ е згрозена од нападите од сите страни

Телевизија „Телма“ е згрозена од тенденциозните шпекулации изнесени во соопштенијата на ЗНМ и опозициските портали како и владините портали и обидот ситуацијата мотивирана од финансиски причини да добие политички контекст. „Притоа провладините портали го обвинија менаџментот на „Телма“ дека наводно брка новинари кои одбиваат да работат под диктат на СДСМ. ЗНМ обвинува дека „Телма“ наводно планира да отпушти критички настроени...

ЗНМ: Менаџментот на „Телма“ смислено ја чисти телевизијата од критички новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост за последните случувања во телевизија „Телма“. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите - велат од ЗНМ. „Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем...

ССНМ: Менаџментот на „Телма“ да ја измени одлуката за отпуштање новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) целосно се солидаризира со колегите на кои им се заканува отпуштање во телевизија „Телма“ и апелира до менаџментот да ја измени одлуката која ќе има негативни последици не само врз имиџот на телевизијата, туку и врз севкупната состојба во медиумската индустрија. „ССНМ информира дека по еднострано донесената одлука на раководството на куќата,...

„Телма“ ќе разгледа дали има можности да се задржат новинарите на работа

Раководството на „Телма“ и синдикатот на телевизијата се договориле да се разгледаат сите можности со кои не би имало потреба од отпуштање на вработени, било одлучено на попладневната средба, изјави новинарката Виолета Зајкова, синдикален претставник. - Се договоривме да се види дали на овие луѓе може да им се најде друго работно место во телевизијата, да се види дали оние што се...

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница. Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години, кога опозицискиот СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки на...

Паника меѓу администрацијата во Општина Битола по првиот притвор за „Транспортер“

Паника, страв и невообичаена претпазливост владее меѓу вработените во Општина Битола, по одлуката за притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, кој минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат неофицијални извори за „Мета“. Веста за притворот на еден од најблиските соработници на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, бргу се рашири низ градот. Притворениот е актуелен секретар во Општина Битола,...

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Очекувањата за обемот на производството во преработувачката индустрија во наредните три месеци се дека тоа ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe зголемени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март е понеповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на март 2015 година. Оцената за бројот на вработени е дека...

Бројот на активни фирми е 70.139

Бројот на активните фирми во Македонија во 2015 година изнесува 70.139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо учество во структурата имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34 отсто и преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9 отсто. Најмала застапеност имаат секторите рударство и вадење на камен со 173 субјекти или...